Како по дифолт вие портокаловите војничиња немате факти и аргументи за оваа расправа всушност никогаш не сте имале за било што освен мелење на празни реченици. По кој знае кој пат да ти реплицирам дека твоите дијабола патриоти се маестрално изиграни од Бранко...е значи омилена пациентала му сте доттука бидува :baeh:
Војнички кондури пред врата да најдеш........ измери се колку си тежок , ке знаеш барем колку си ...........За колку си писмен гледаме овде ....
Кога сакаш аргументи веќе
ОПОЗИЦИЈАТА доживеа историски пораз
По изборните резултати СДСМ во шок
Шекеринска ќе треба да даде одговор зошто СДСМ не успеа да победи во ниедна општина и ги изгуби и најголемите бастиони - Ресен, Крива Паланка, Кочани и Карпош
СДСМ на овие избори го доживеа најголемиот пораз во својата историја. Ваквото мислење го делат поранешни високи партиски функционери, според кои поразот е резултат на поделеноста во партијата и конфронтацијата на повеќе струи, кои претседателката Радмила Шекеринска не успеа да ги обедини. Во СДСМ веќе се дискутира за одговорност на партиското раководство за лошиот изборен резултат. Најверојатно конвенцијата за доверба на раководството, што е статутарна обврска, ќе се одржи наесен. На тој состанок Шекеринска ќе треба да даде одговор зошто СДСМ на овие избори не успеа да победи буквално во ниедна општина. Ако сега наместо парламентарните, се одржеа локални избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе победеше 86 спрема нула. СДСМ изгуби дури и во своите најголеми бастиони како Ресен, Крива Паланка, Кочани, Карпош.
ЛОША МАТЕМАТИКА
Иако Шекеринска во првото обраќање по изборниот пораз оцени дека коалицијата „Сонце“ постигнала подобар резултат од изборите во 2006 година, споредбата на овие два изборни циклуса покажува дека СДСМ на предвремените избори доживеал вистински дебакл. Таа тврди дека опозициската коалиција поминала подобро бидејќи освоила околу 14 илјади гласа повеќе од пред две години, кога лидер на партијата беше Владо Бучковски. Но, оваа предност е минимална кога ќе се спореди разликата што коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја направи во однос на СДСМ. Ако пред две години Никола Груевски водеше 86 илјади гласа, сега таа бројка се искачи на повеќе од 247 илјади гласа, што е значителна предност за ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот потпретседател и еден од основачите на СДСМ Никола Поповски, смета дека изборниот резултат целосно го детронизира актуелното раководство. Ова е најголем и најдлабок пораз во историјата на СДСМ. Бројот на освоени пратеници првпат е под 20. СДСМ успеа да освои само 18 мандати.
Поразот се должи на апсолутната запоставеност на состојбите во партијата и на создавање атмосфера во која не напредуваат способните, туку агресивните што по обичај се со многу помал политички капацитет. Се создаваат структури на послушници и поддржувачи, а не на креативни луѓе - вели Поповски.
ПРОНАЈДИ СЕ КЛОВНУ ВО ИЗЈАВАВА
ОДГОВОРНОСТ
Во партијата велат дека овој резултат не може да се спореди со минатите избори, бидејќи во новиот парламентарен состав, ако се исклучат пратениците од коалициските партии, СДСМ ќе има само 18 пратеници, што повторно е помалку од 2006 година. Оваа бројка, според нив е поразителна за најголемата опозициска партија и укажува на лошата стратегија. Поранешниот претседател на партијата Владо Бучковски се согласува дека ова е голем пораз за СДСМ, но не сака да ги коментира состојбите во партијата. Ќе се воздржам од коментар се' додека не почне процедурата во партијата за оценка на изборниот резултат - изјави Бучковски. Кога тој во 2006 година како лидер ги загуби изборите, на Конвенцијата за доверба на раководството, која се одржа во октомври истата година, не доби поддршка од партијата, по што за претседател беше избрана Шекеринска. Вчера никој од актуелното раководство не сакаше да го коментира изборниот резултат, ниту пак да најави дали Шекеринска ќе понесе одговорност. Иако таа прексиноќа изјави дека како претседател на најголемата партија во коалицијата „Сонце“, таа ја презема одговорноста за изборниот резултат, никој не сакаше да каже дали тоа значи дека најавува повлекување од функцијата. Потпретседателот Игор Ивановски, уште пред изборите најави дека е заинтересиран да биде кандидат за претседател, доколку СДСМ постигне лош резултат.
Кога ке помислиш пак да се присеруваш многу околу портокаловите војници , пази се како ги спушташ гаките да не го изедеш од преку 400 000 , дебело ке наебеш:helou: