Размислувањата на Ристо Стефов (Chris Stefou) за Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата n/a
  • Време на започнување Време на започнување
Ристе Стефов е за секаква почит.Најповеќе го почитувам како учител
од кој се учи како да се сака своето и како да се бориме и избориме за истото.Еден од ,за мене водечките носители и идеолози на современата македонска мисла.


Грците му имаат посветено теми во форуми со кои нешто се тешат дека не е точно тоа што го пишува но и самите знаат дека пред фактите и боговите молчат.

Гејцине
можат само да квичат што во сопствените редови немаат таква големина како Ристо и да чкрабат графити по нет-мрежата

http://my.opera.com/GreeceLAOS/blog/
 
Kade mozhe da se kupat negovite knigi?​

За тие што се од Скопје, во книжарница Матица имало / има попуст. Книга сто денари, вклучително и Историја на македонскиот народ од Стефов. На македонски јазик, 500 стр, тврд повез - Одлична зделка. НЗ до кога трае попустот и дали е останала, но кој е од Скопје нема да му е претешко да провери.
 
Македонските вистини до моќни политичари по светот



Македонецот на кој често му се споменува името но, малку се знае за него; наш современик и жив сведок за нашето неодамнешно минато по поделбата на Македонија, Ристо Стефов; моќен по мисла и Македонски дух, постојан во борбата Македонија да ја чуе светот, и да се сочува вистината за македонската историја. Напишал 11 книги од кои само една е преведена на Македонски јазик. Неговите книги се подаруваат на политичари и го освојуваат светот, а сите сведочат за Македонија и Македонците. Ристо Стефов по игра на судбината пишува на англиски јазик, македонскиот го научил од пријатели во Канада.

1.Од каде е Ристо Стефов и како се најде во Канада?

Роден во 1953 година во мало село наречено Осчима во Леринско, во оној дел што сега е грчки, од окупирана Македонија. Од 1949 сите од семејството на татко му биле заминати од селото бидејќи неговите двајца браќа и три сестри биле вклучени со партизаните за време на Грчката граѓанска војна. Додека неговите браќа и сестри се бореле во војната, таткото на Стефов останал дома да се грижи за неговитеа стари родители и стоката. Грчките власти го апсат во 1947 година и го праќаат во затвор на грчкиот остров во концентрационен логор. Тој сè уште бил во затвор, кога грчката граѓанска војна се наметнува со својот пат во Леринскиот Регион и целото село население реши да побегне во Албанија, како воени бегалци. Но, откако завршува војната, Грција одбива да им дозволи на бегалците да се вратат, па тие завршуваат распрснати на сите страни во Источна Европа. Вистинските борци кои учествувале во војната биле испратени на Советскиот Сојуз и завршиле во Ташкент. Помошен персонал, медицински сестри, болничари и лекари, итн, завршија во Полска, додека оние кои не се борци, туку цивили завршуваат во други земји, но најмногу во Република Македонија. Оние кои имале роднини во САД, Канада и Австралија конечно се преселиле во овие земји.
Кога пост воената ситуација во Грција се стабилизирала, на повеќето затвореници им било дозволено да се вратат дома. Тогаш и таткото на Ристо Стефов се вратил во својот дом во 1952 година, но веќе никој не живеел таму, нивниот дом бил празен. Немајќи друг избор, тој одлучи да стапи во брак и да оснива свое семејство, и животот да го продолжи во селото.

Живот во Грција за жал не бил лесен за Македонците, особено за семејствата кои учествувале на другата страна во војната, па стариот Стефов се нашол во постојана мака да биде малтретиран од страна на грчката полиција.
Образованието за македонските деца во тоа време било невозможно и непостоечки, така кога Ристо Стефов го завршил шесто одделение оди да работи како овчар. До тогаш татко му имал доволно причини за начинот на кој Грците го тортурираат и него и неговото семејство, па тој одлучува да ја напушти Грција и имигрира во Канада, каде веќе престојуваа еден од браќата и една од сестрите, кои беа емигрирале во Канада порано. Една година подоцна, Ристо Стефов, мајка му, сестра му и брат му заминуваат во Канада.


2. Ристо Стефов е познат по многубројни издадени книги

Иако семејството на Стефов го напушта Ошчима и окупираната егејска Македонија од Грција ја остава зад себе, најдоа пријатели од егејското село во Канада. Од луѓето од селото Ошчима, во 1907 година, беше формирано здружение наречено "Помош за лицата од Ошчима", које ги обедини сите кои во тоа време избегаа а потекнуваа од Ошчима.
Од 1960 година формирана е Организацијата на Обединета Македонска Дијаспора, а преку која се сретнаа и со други Македонци кои ја споделија истата судбина. Тогаш кога Свети Климент Охридски- Македонската православна црква, била изградена во Торонто, ја имале можноста македонците да се повикуваат и собираат на сопствен простор кој служел како место за богослужба и културен центар за сите Македонци од сите региони.
Со созревањето и возраста Ристо Стефов се приклучува кон здружението ,, Помош за лицата од Ошчима“ и служел во бордот со децении. Сега, Ристо Стефов е Претседател на Здружението.
Подоцна се приклучува и кон други македонски организации и групи за човекови права и во два мандати бил и Претседател на Здружението на Леринскиот Регион во два мандати.
Почнал да пишува за македонската кауза во доцните 1990-тите, а нешто подоцна е објавена неговата прва книга "Ошчима- Историјата на малото село во Западна Македонија", во 2003 година. Од тогаш има објавени единаесет афторски книги, две со заедничко афторство со други автори, а една беше преведена од англиски на македонски јазик. Пет наслови од книгите се донирани на македонската кауза.
Илјада копии од книгата "Куса историја на македонскиот народ", беа донирани на политичари од целиот свет, вклучувајќи книга за секој член на Европскиот парламент во канадскиот парламент.
Сите книги кои ги напишал досега Ристо Стефов се за Македонија, нејзината историја, култура, традиции и најмногу за Македонците, народот и маките.
Има напишано и објавено илјадници статии за кршење на човековите права и третман на македонскиот народ од страна на Грција и Бугарија.


3. Заложбите на Ристо Стефов за Македонците

,, Македонците не биле третирани човечно во овој свет, особено од страна на земјите кои ги окупираат македонските територии. Во минатото нашите окупатори го потиснуваа нашиот глас и не инволвираа во погрешни приказни. Ние не смееме да си дозволиме тоа да продолжи, и таа е причината зошто некои од нас мора да застанат и да ја раскажува својата приказна, на тој начин да се каже што е и кој е, на начинот на кој ние ја видовме!
Мојата намера, преку моите книги и написи, е прво да се информира македонскиот народ за самите себе, својата историја и нивните права како човечки суштества на овој свет. Мојата намера е, исто така, да се престане да се изложуваат македонците на лаги и измама, кои се пропагираат за нас во текот на годините и да се изложи вистината пред сите, никој да не се лаже и залажува. Светот слуша погрешни гласови, тоа се гласовите на нашите непријатели кои многу долго кажуваат големи невистини, лаги, конечно веќе е време за нашите гласови, вистинските гласови од Македонците да се слушнат.
Сакам да ја видам Македонија силна, Македонците да се третираат како луѓе, како рамноправни во овој свет и јас сакам светот да ги знае маките на Македонците, да ја дознаат вистината на Македонците кои мораа да живеат во рацете на Грците, Србите, Бугарите, Албанците и Западните Европејци кои не само што ја одигра за Македонија нејзината судбина со текот на годините, но, исто така, да се дознае и кој го играше животот на македонскиот народ ".

4. Ристо Стефов и неговата визија за Македонија

Знам дека ние сме мирољубиви и чесни луѓе, ние заслужуваме да бидеме третирани со почит во овој свет. Но, никогаш нема да го постигнеме тоа, ако остануваме поделени и се караме меѓу себе. Ние треба да погледнеме длабоко во далечината, во иднината и да ја видиме силна и економски моќна Македонија, тоа да ни биде цел. Оваа цел единствено може да се постигне ако сме обединети, ако сите работат напорно и истрајно. Нашата визија треба да биде заедничка, да се вклучат сите за Македонија и секој македонец да се залага за истата цел. Ние не мора да бидеме ограничени на она што е можно само денес, ние мора да бараме да се овозможи утре на она што е невозможно денес. Тоа го вклучува и задолжува секој Македонец од сите распарчени делови на Македонија, зошто ние сме еден народ, а Македонија е една земја за сите нас. Ние мора да знаеме да го одвоиме она што ние "може да го направиме", од она што ние "сакаме да направиме" и да си поставиме посебни цели за да се постигнат реално. Сè е можно за оние кои се подготвени и спремни да работат напорно за тоа. Најважно од сè, е да не бидат избрзани решенија и да се избегнат грешки.

--- надополнето ---

images


images
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom