- Член од
- 16 март 2008
- Мислења
- 124
- Поени од реакции
- 7
Ние мораме да си ги решиме најнапред проблемите внатре. Што значи тоа.
Добар дел од македонската јавност „експертската јавност“, во врска со нашата историја има цврс став за нашето „задкарпатско“ потекло. Според истите ние сме „словени“ дојдени тука во 6 век и немаме ништо заедничко со античките македонци кои биле грци. Според истите ние сме македонци затоа што сме и тоа нема потреба историски да се докажува. Оваа група на „експерти“ има свое влијание во јавноста, што значи дека има и свои приврзаници. Нема да шпекулирам колкав е процентот.
Втора група на „експерти“, кои исто така ја подржуваат теоријата за нашето „задкарпатско потекло“, но истите се малку еволуирани во ставот, во споредба со претходните, и сметаат дека ние сме дошле во 6 век, ама сме се измешале со локалното население (кое во меѓувреме било исто така измешано), сме им го наметнале јазикот и културата и сме станале македонци според територијата која ја населуваме. Значи единствено нешто што не карактеризира како македонци е територијата која го носи називот Македонија. Оваа теорија е многу прифатлива за доста голем број од македонците поради тоа што на тој начин можеме да бидеме и словени и македонци. Затоа оваа теорија има многу голем број на приврзаници, но истовремено таа е и најпогубна за нас, македонците. Според оваа теорија како македонци можат да се идентификуваат и денешните грци и бугари, па и Албанците, власите, турците и тн, и истите да ја претставуваат својата култура како автентична, македонска само поради тоа што ја населуваат територијата која се вика Македонија. Така се губи посебноста на македонецот и се претвара во една аморфна маса која може кој како сака да ја прикажува. Ќе повторам: најголемата опасност е што оваа теорија има многу голем број на приврзаници меѓу нас македонците.
И третата теорија, ВИСТИНАТА, е дека македонците се автохтон народ, со своја традиција, култура, историја кој со милениуми ја населува оваа земја. Оваа теорија вели дека македонецот е припадник на една од најстарите цивилизации на европа и дека името на земјата која ја населува потекнува од името на народот, а не обратно. Според оваа вистина македонците се тука од 7.000 год, пред Христа и земјата Македонија се нарече според македонците. Територијата која ја населуваат Македонците се нарече Македонија, а не македонците да се наречат така според територијата која ја населија.
Јас лично ја застапувам третата теорија, и ќе се обидам деновиве да образложам зошто е тоа така.
Но сметам дека првите две теории се доста широко распространети меѓу македонците и истите ни нанесуваат огромна штета, а најмногу во поглед на создавање на цврсти позиции кон соседите, па и пошироко во светот за нашето потекло, историја, традиција и култура. И затоа е многу тешко да ја застапуваш и браниш македонската вистина. Ние можеме да се окозиме по форуми, по семинари, по седенки и не знам ти уште што, да ја презентираме вистината, ама еден испад наши „официјални лица“ претставници на првата или втората теорија и ти ги упрапастуваат напорите кои си ги правел со години.
Првата и втората теорија (кои ми се наведени во постов како такви) мора под итно да се сузбијат или да се сведат на минимум доколку сакаме да создадеме цврсто кохезионо македонско ткиво кое ќе биде целосно да се спротстави на постојаните напади и негирања од соседите. Се додека не успееме ова да го постигнеме на внатрешен план, соседите, па и светот, ќе се подбиваат со нас и ќе не сметаат за недоветни.
Светот на нас гледа од прилика вака: „овие сакаат да бидат македонци, државата да им се вика Македонија (бренд кој го посакуваат многу држави), а самите внатре не можат да се договорат кои се, што се и од каде потекнуваат“
Многу звучи смешно, нели?
И за интелектуалците има лек,се вика "игнор"ил