Македонска историја како задолжителен училишен предмет

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Возраст
47
Темава ја отворив поради една идеја која ми се роди во главата.

Во Америка знам дека се изучува Амнеричка историја како задолжителен предмет во училиштата. Тие имаат веројатно и светска историја како предмет, ама Америчката им е задолжителна, додека оваа другава е веројатно изборна.



Мислам дека би било многу добро тоа да се направи и кај нас.

Да се напише учебник (или учебници) по Македонска историја, од антиката до денес и според него сите деца да се образуваат во основното (ако треба и средното) образование.



Мислам дека тоа е голем недостаток, што до сега не се направило.

Како може да влијаеме ова да се оствари? Треба ли да се превземе некаква акција?
 
Ако не се лажам, и сега се изучува македонската историја...
Барем се учеше во мое време.

Ако не е така, треба глави да летаат!

Или, тебе ти е идејата да се стави поголем акцент, како посебен предмет?
 
Треба да ја има како посебен предмет.Мора да се изучува.Во сегашните учебници има само по некоја тема за нив, а тоа не е доволно.
 
Ако не се лажам, и сега се изучува македонската историја...
Барем се учеше во мое време.

Ако не е така, треба глави да летаат!

Или, тебе ти е идејата да се стави поголем акцент, како посебен предмет?

Се учи македонската историја, ама не се обрнува премногу внимание на неа. Сакам да кажам, на професорите поважно им е да научиме како на некој од Србија му ја отсекле главата и во колку часот тоа се случило, отколку за битките на Александар и слично. Што се однесува на лекциите за Албанија, џабе се ставени, во ниедно училиште не се изучуваат, само ги скокаме. Според мене, кога ќе дојде на ред по историја да се учи за Македонија, професорите не треба да имаат никаква попустливост и да бараат повеќе од учениците.
Ако не си ја знаеш историјата си никој и ништо, исто како да си паднал од Марс.
 
kako poseben predmet i toa zadolzitelen, vmetnat i vo maturata kako zadolzitelen.

obrazovanieto pravi nacionalni kelii, tie izrazenite mozebi na svoja raka ke se oformat, megjutoa potencijalite sekako ke se iskoristat so zadolzitelen takov predmet.
 
дефинитивно треба да се воведе како задолжителен предмет...
но кај нас секој може да напише учебник така да којзнае што би испаднало..
нашите * еминентни професори, научници и академици* може да зезнат све живо...
и да ... цени кај нас се изучуваат тие лекции за албанците али јас никогаш немам ништо ни прочитано од нив пош стандард уше на почеток на година ги кинев тие страници и на испрашување и да ми поставеа од тие лекции прашање не го одговарав...
и да во право си дека кај нас нашата историја не се цени толку ... повеќе е битна Бостонската Чајанка да речеме него борбите на Цар Самоил...
за него дури на факултет научив повеќе и тоа од аспект на историја на правото...

дефинитивно сум за овој предмет
 
дефинитивно треба да се направи ваков предмет, пошо пола од средношколците незнаат кога е роден александар македонски, кога умрел, итн..многу малце се посветува внимание на македонската историја, да не збориме за античката
 
Сакав да отворам.Ја поддржувам твојата иницијатива.Време е поголемо внимание да се обрне на антиката,на корените,и на патриотизмот.А изроди сме сите затоа што пеевме „Хеј Словени“
 
Па тоа се томови литература, а не 50 страници...треба посебно школо за тоа.
 
na vremeto makedonska istorija se ucese vo osnovno, mnogu strogi bea eden kup edinici letaa ako nekoj ne sakal makedonska istorija da nauci. Koga bev vo sredno, veza nemam so ucevme po istorija. Ama tesko da se uci makedonska istorija koga dosta sme podeleni za nasata istorija.
 
Ако нема услови за посебен предмет, би било добро 1/2 година барем од историја да биде посветена 100% на македонија, на пример прво или второ полугодие.
 
Државата ќе го враќа чувството на патриотизам кај учениците

Автор: Антонија Поповска

Кога настанале старата македонска држава, Самоиловата држава, Внатрешната македонска револуционерна организација, Крушевската Република. Ова е само дел од лекциите што од оваа година почнаа да ги изучуваат шестоодделенците по новиот изборен предмет Нашата татковина. Од понудените девет изборни предмети што се воведени во шесто, седмо и осмо одделение, во 40 отсто од основните училишта во земјава децата го избрале токму овој предмет. Предметот Нашата татковина е воведен зашто надлежните во Бирото за развој на образованието (БРО) оцениле дека граѓаните малку знаат за историјата на сопствената држава.

- Главната идеја е да се поттикне чувството на патриотизам кај децата, како и чувството на лојалност и припадност кон татковината. Во учебниците нема доволно материјал за македонската историја, па затоа се појави потребата да се издвои предмет во кој ќе се содржи сè што е значајно за државата - вели Митко Чешларов, раководител на секторот за наставни планови и програми во Бирото.

Според него, преку новиот предмет ќе се зајакне чувството на припадност и кај учениците-Албанци, кај Турците, Власите, Ромите.

- Ова е и нивна татковина. Во проектите што учениците ќе ги прават заедно со нивните наставници, тие ќе впишуваат имиња на личности што придонеле за Македонија - додава Чешларов.

Нашата татковина е само еден од седумте нови изборни предмети што ги имаат шестоодделенците од оваа година. Тие избираа меѓу предметите Класичната култура во европската цивилизација, Проекти од информатиката, Проекти од ликовната и музичката уметност, Танци и народни ора, Истражување за родниот крај, Унапредување со здравјето, Вештини за живеење.

Историчарите велат дека е одлично што конечно клучните податоци за историјата на Македонија се систематизирале во еден предмет.

- Во период кога нè негираат од сите страни, добро е да се натераат децата да учат повеќе за сопствената земја. Кога доаѓаат во средно образование, тие не знаат клучни податоци за Македонија, на пример, што е АСНОМ и кога се одржало. Она што најмногу загрижува е тоа што 90 отсто од нив имале петки по историја во основно - вели Радослав Димовски, професор по историја во средното економско училиште „Гостивар“ во овој град.

Во средното стручно образование, учениците во прва година учат општа историја, а во втора година изучуваат национална историја и историја на Македонија. Гимназијалците, историја учат сите четири години, но според професорите, малку е она што го има за Македонија во учебниците.

Новиот предмет, освен теми за историјата на Македонија, содржи и теми за тоа како е организирана државата, за културно-историските знаменитости во земјата, за националните и природните богатства, а има посебна тема и за главниот град. Учебници за изборните предмети нема да има, а наставниците ќе користат прирачници.

После секоја тема, учениците треба да изработуваат проекти, посетуваат музеи во градот во кој живеат, треба да прават историски албуми и хронолошки ленти во кои ќе ги впишуваат важните историски настани за земјата.

Извор: Нова Македонија
http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&EditionID=270&top=1&ArticleID=14161

Еве нешто во врска со темата.
 
Фала богу.
Само па аматери и ситни профитери да не се залепат околу градивата.
 
Искрено сум малку скептик во однос на тоа дали ќе го направата тоа на прав начин без да го постигнат тоа што сега е постигнато во грција.....национал-роматизам.
 
Се учи македонската историја, ама не се обрнува премногу внимание на неа. Сакам да кажам, на професорите поважно им е да научиме како на некој од Србија му ја отсекле главата и во колку часот тоа се случило, отколку за битките на Александар и слично. Што се однесува на лекциите за Албанија, џабе се ставени, во ниедно училиште не се изучуваат, само ги скокаме. Според мене, кога ќе дојде на ред по историја да се учи за Македонија, професорите не треба да имаат никаква попустливост и да бараат повеќе од учениците.
Ако не си ја знаеш историјата си никој и ништо, исто како да си паднал од Марс.

Sigurno ova bilo pricinata zosto nekoi po forumite se kurci i negira istorija na albancite se gleda deka toa bilo nedostatok niven po skolite, i ne uspeale da ja doznaat vistinata:pos2:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom