Атеист, твоето „толкување„ на стиховите е промашено најмалку 100%. Ем си надвор од Црквата, ем се впушташ во толкување стихови. „Набадаш„ стихови како ќе ти дојде и тврдиш дека си ја нашол врката помеѓу нив. Ајде де...Како си тргнал со толкувањето, во скоро време ќе можеш да формираш своја заедница, ради имиџот наречена „црква„ и ќе тврдиш дека токму твоите толкувања се вистинските.
Аирлија работа!
Велиш, имало разлика меѓу атеистите и православните. Па нормално дека има-затоа и се именуват со различни изрази! А тоа дека атиситите им верувале на своите очи, тоа е тешка самоизмама: атеистие веруваат само во „рекла-кажала„ во прикаски „од 16-та рака„, оти сето она со кое се занимааваат атеистите и во кое „веруваат„, за нив, како обично смртници, е недостапна работа. Недостапни се субатомските честички како што се недостапни и галаксиите а сепка тие, атеистите, веруваат дека постојат иако самите атеисти не ги виделе, туку „некој „им ги пренесува таквите информации. Оние кои веруваат во Христа, веруват во точно, конкретно битие, а верата која дава свои плодови, потврдува дека верувањето не е „слепо„ и неразумно, туку дека е основано и мерливо.
Како ги поврзав Алфа и Омега со пророците? Едноставно: поднаучи малку за Хриатовата природа, за Неговите особини, за смислата и целта од Неговото прво доаѓање и ќе ти се разјасни. А Христос, Синот Божји и човечки, е последниот пророк кој му е птребен на родот човечки.
Кога сме веќе кај очите: Атеист, според твоето око, дали Сонцето се врти околу Земјата или обратно, и зашто е тоа така? Чекам одговор...
Za isus se vika sinot covecki!
...но и Синот Божји, истовремено. Кога нешто тврдиш, оди до крај, а не вака, на „делови„.