СП Хрватска 2009 - Ракомет (мажи) - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Има ли шанса Стојановиќ да влезе на списокот или завршена е работата?
 
Не сум песимист, туку само реално ги гледам работите. Не сакам да се трескам од земја и утре ејјјј шо е бе не растурија. Се гледа дека не можат физички да издржат и нема тука што. Али не се знае ајде ќе видиме, Србиве денес нерешено со Германциве, Данска изгуби од Полска 3-4 разлика, ама не ни оди со скандинавциве и точка. А србите ни се редовни пациенти така да само нив сакам да ги тепаме и да ми се наполни срцево.
 
Нека го разиграат утре Темелков, дечкото е скоро непогрешлив, само му фали малку повеќе храброст да шутира
 
Има ли шанса Стојановиќ да влезе на списокот или завршена е работата?

По се изгледа не :(
На утакмицата со Русија мислам дека беше, кажа коментаторот дека готово било за него.
 
Нека го разиграат утре Темелков, дечкото е скоро непогрешлив, само му фали малку повеќе храброст да шутира
Подобро он да шутира него оној Филип Лазаров. Од 12 шута 2 гола ке даде и ке направи уште 6 грешки.
 
ни треба уште еден како кире, наумче се покажа добро со русите, ама денес ни него ни на кире не му беше денот...едноставно неможе да се ослониме на двајца, треба да не брзаме зошто така праиме најголеми грешки кои денес беа клучни, а и треба да се игра на крилна позиција денес тоа ужасно фалеше.....
Не сум тука да критикувам туку да споделам радост за сепак до сега најголемиот успех...
Ако ги стегне утре селекторот , ке тепаме ....

Македонија во срцето, Господ е со нас...
 
Некој е реален а не значи дека не се надева на победа утре,и јас се прашувам дали утре имаме шанси за победа иако длабоко се надевам??
 
слушнав на сител мојсовски има скршеница на десниот палец и по се изгледа заврши за него сп. Со 2 победи идеме во полуфинале, а најопасни сме после пораз и тоа најдобро го знаат полска и русија
 
По се изгледа не :(
На утакмицата со Русија мислам дека беше, кажа коментаторот дека готово било за него.

Ако не може да игра Мојсо дури сега ќе стане очигледна грешката што не му дадоа шанса на Раде. Респект за другите кои играа на позиција лев бек, даваат се од себе, но ни еден од нив не е класичен шутер. Во ситуација кога се затворени Кире и Мојсо, Раде ќе ги бомбардираше противниците. Крупна грешка на стручниот штаб, од почетокот се зборуваше за повреда, но по се изгледа нешто друго е во прашање. Имаме 3 пикера а ни еден лев бек кој може да ја одработи задачата.

Миркуловски ќе оди на среден бек ако го нема Мојсо, а Стоилов и Лазаров ќе се менуваат на лев, но без Мојсо ќе треба навистина да се надминат...
 
Лошо ни се пишува без Мојсоски.Сега стварно ќе треба да блескаат сите за да победиме.
 
Ако не може да игра Мојсо дури сега ќе стане очигледна грешката што не му дадоа шанса на Раде. Респект за другите кои играа на позиција лев бек, даваат се од себе, но ни еден од нив не е класичен шутер. Во ситуација кога се затворени Кире и Мојсо, Раде ќе ги бомбардираше противниците. Крупна грешка на стручниот штаб, од почетокот се зборуваше за повреда, но по се изгледа нешто друго е во прашање. Имаме 3 пикера а ни еден лев бек кој може да ја одработи задачата.

Миркуловски ќе оди на среден бек ако го нема Мојсо, а Стоилов и Лазаров ќе се менуваат на лев, но без Мојсо ќе треба навистина да се надминат...

Стојановиќ не беше односно не е повреден, имав можност да го прашам во Вараждин. Се покажа дека избрзаа со одлуката да се врати назад и мислам дека сега сме дополнително ослабени.
Не се сомневам во Миркуловски, меѓутоа проблем е резерва која би надополнила центарска позиција.
 
Абе како може на вакво натпреварување да се нема храброст да се шутне на голот, Темелков треба цел ден склекови да прави за казна и да ја погрее клупата некој натпревар, да имаше мад... да шутне при два разлика и играч повеќе макар и да промашеше немаше да биде виновникот што немавме шанса за последно да ја свртиме играта во наша полза.
 
ни треба уште еден како кире, наумче се покажа добро со русите, ама денес ни него ни на кире не му беше денот...едноставно неможе да се ослониме на двајца, треба да не брзаме зошто така праиме најголеми грешки кои денес беа клучни, а и треба да се игра на крилна позиција денес тоа ужасно фалеше.....
Не сум тука да критикувам туку да споделам радост за сепак до сега најголемиот успех...
Ако ги стегне утре селекторот , ке тепаме ....

Македонија во срцето, Господ е со нас...

хехехе е друже баш ме насмеа :D:D па ако имаме уште еден како кире...кај ќе ни биде крајот....не само злато..и по 60 гола на утакмица ќе даваме....не постои ниедна репрезентација која има двајца како кире...Најдобриот од сите на светско....разликата кај другите е што имаат добри пикери...аххх да ни е тука пикерот на Хрватска...колку само добро се покажа на ова светско...Вори мислам дека беше
 
ако имаме уште еден како кире...кај ќе ни биде крајот....

Доволно зборува изјавата на коментаторите на RTL денес:

Најдобри десни бекови на светот се Лазаров, Метличиќ и Стефансон, а далеку зад нив нема ништо...
 
Јас не ја гледаф утакмицата (оправдано) али стварно се разочарав! не знам која репрезентација има ваква публика (освен хрватска) а да не победе, ејјј!! цц ц ц....
значи слушав на радио и како шо слушнав имало 12 исклучувања кај норвежаните а само 4 кај нас!! не би ги судела судиите! шо знам па 12 исклучувања ти се 24 мин, шо правеле овие нашите кога имале 24 мин играч повеке? а фиџо л. е man of the match според мене!!! кууул! од 10 удари само 3 гола дал! ахах... :jaj: а да, и раде се вратил во македонија денеска, како што слушнаф! а за утре, уопште не се надевам на победа!!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom