СП Хрватска 2009 - Ракомет (мажи) - генерална дискусија

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 октомври 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
20
Тоа неколку пати го пишував. Само ја креваат нервозата кај гледачите наместо да коментираат ракомет, веројатно затоа што толку и го разбираат. Нормално е после да не можеме реално да ги согледаме слабостите.

Јас прво гледав на Сител, после с префрлив на интернет стрим и гледав без коментар додека не ставив кабелска специјално за ракометот. И сега си гледам на RTL Хрватска: ем добри коментатори, ем навиваат за нас. Но не се пристрасни и многу разбираат ракомет. Ја имаат простудирано секоја репрезентација, знаат кој на каков начин игра, знаат од кај доаѓа опасноста, на што да обратат внимание. Знаат што е за две минути а што е за црвен картон...

Не сакам да го критикувам она што е наше, но нашите коментатори, освен да викаат (а некогаш ни тоа), ништо друго не знаат...
Да, луѓето сериозно си ја сваќаат работата бидејќи се работи за телевизиска куќа со огромно реноме. А овие од Сител само сакаат да пополнат децибелско искуство од гледањето на натпреварот. Подобро ќе биде да не остават со само атмосфера од салата, отколку да се слушаат нивните мудрости.
 

Џенаро Гатузо

Pippo per Sempre
Член од
3 јануари 2008
Мислења
2.797
Поени од реакции
38
Тоа неколку пати го пишував. Само ја креваат нервозата кај гледачите наместо да коментираат ракомет, веројатно затоа што толку и го разбираат. Нормално е после да не можеме реално да ги согледаме слабостите.

Јас прво гледав на Сител, после с префрлив на интернет стрим и гледав без коментар додека не ставив кабелска специјално за ракометот. И сега си гледам на RTL Хрватска: ем добри коментатори, ем навиваат за нас. Но не се пристрасни и многу разбираат ракомет. Ја имаат простудирано секоја репрезентација, знаат кој на каков начин игра, знаат од кај доаѓа опасноста, на што да обратат внимание. Знаат што е за две минути а што е за црвен картон...

Не сакам да го критикувам она што е наше, но нашите коментатори, освен да викаат (а некогаш ни тоа), ништо друго не знаат...
Мн ме нервира тој стручниот губиме прееска примаме голови кажува он кај сме грешеле боље ќути грешник еден ...утре во колку саат играме?

:oeoeoe::oeoeoe:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
545
Таман се надевав дека конечно ќе има фер судење, ама погрешив. Не дека се правдаме тука судиите се криви и ние требаше и можевме подобро да изиграме, ама па судиите имаат доста грешки, ботови.
Ама нема откажување, успех е и што влеговме меѓу најдобрите 12 ВО СВЕТОТ, одиме понатаму, треба брзо да го заборавиме овој пораз, идеме даље!
:oeoeoe::oeoeoe:
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
Samo neka se oporavat od povredite i ke pobedime so Srbija ili so Danska ic ne se sekirajte
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.606
Поени од реакции
14.445
А чекајте да ве прашам нешто? Се гледа меѓусебен дуел или гол разлика? Ако се гледа гол разлика, треба и Данска и Србија да ги тепаме со многу разлика, што ќе биде премногу тешко!


btw, србите пак во водство, 27-28!
Мислам дека се гледа меѓусебен дуел, така беше и во групите со Полска, кога имавме исто бодови, и послаба гол-разлика, но ние понесовме 2 бода од таа група.

btw 30-31 губи Германија, ајмо Германија ! ! !
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Мислам дека се гледа меѓусебен дуел, така беше и во групите со Полска, кога имавме исто бодови, и послаба гол-разлика, но ние понесовме 2 бода од таа група.

btw 30-31 губи Германија, ајмо Германија ! ! !

Ние понесовме 2 бода затоа што ја тепавме Полска која исто така одеше во втор круг, а Полска е без бодови затоа што тепаше само против тие што испаднаа, а загуби од нас и од Германија кои отидовме понатаму. Нема врска тоа со ова што сакав да прашам.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Само маусов знае колку офтопици избришав.

Тимче, контролирај се малку, таков уличарски јазик не се толерира на форумов.

Вие што ја почнавте расправијата во врска со навивачите, сфатете дека тоа се навивачи кои само се трудат да се што погласни и понекогаш пеат без врска, што ни самите не знаат. Не дозволувајте да ви расипат пријателства некои од навивачите што имаат 4то одделение и уште веруваат во "Голема Албанија" или па други што пеат "смрт за Албанци". Навивачи се побогу, не излегло од ваша уста тоа.

Изгубивме, изгубивме, со Данска со Господ напред ќе одиме на повеќе. Важно е овој пораз да не ве издепресира вам и играчите и да ја изгубиме вербата за понатаму, тоа е нешто што најмалку ни треба во моментов.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
12
Поени од реакции
1
Прво, многу ми е криво што не отидов во Задар, иако се беше спремно да идам. :(

Гледав прилог на СителТВ како наш навивач збори во името на Хрватите како тие немале допирни точки со хрватските ракометари, а нашите цело време биле со навивачите. Епа тоа е најголема грешка. Имено, Хрватските ракометари се во карантин, и немаат никаков допир со јавноста...сконцентрирани се на своите грешки, на анализирање на играта на противникот. Основната грешка кај нас е тоа што при навидум лесен противник во моментите после Русија, Норвешка, навивачите им ствараат дополнителен притисок при нивната заедничка средба. Нешто што ниедна репрезентација не го прави после натпреварот е тоа да слави заедно со навивачите иако следниот ден игра тежок натпревар. Тоа е реалноста, колку на нас(ние што бевме во ХРВ) ни се свиѓаше што можеше да се сликаме со јунаците, да им дадеме подршка, толку и им одмогнавме.

Незнам каде ви е годроста на вие што ги пљукате нашите како изиграле слабо. Нашите не се навикнати на вакви натпреварувања, а посебно не во рок од 8дена да изиграат 6натпревари. Го оставија срцето на терен, самиот пласман во топ12 ни е ОГРОМЕН успех. Сите играат со мини повреди, и речиси е невозможно да играат онака како што знаат. Така да никој во Макеоднијава нема право да им пререче на нашите ракометари.

Сега, конкретно за натпреварот со Норвешка.
Незнам како може Филип Лазаров да игра во оваа репрезентација. Дечкото на овој натпревар имаше 3голови од 9удари, а имаше и три класични технички грешки...што би кажало дека продаде 9напади. Откако на првиот натпревар против Тунис се виде дека не е за во репрезентацијава, не ми е јасно кој го држи во репрезентацијава. Па за еден разбивач како Раде Стојанович да нема место т.е Ф.Лазаров да му го земе местото навистина не ми е јасно.
Норвешка изигра еден маестрален натпревар. Одлично ја прочитаа нашата игра, а имаат и предиспозиции да ги решат нашите напади во нивна полза...неверојатно брза игра во одбраната, и со многу груба игра, али помошта од судиите кој замижуваа на одредени ситуации, наполно им одговараше и тоа го користеа. Се виде колкаво искуство имаат дечките, во ВИСТИНСКИ моменти знаеа кога да ја смират играта и да играат на време, да не брзаат и да идат по сигурен напад па макар и до одземање на топката со пасивен напад.
Лазаров беше прочитан. Подвижната одбрана овозможи да се запре Кире. Таман кога требаше да се дигне на шут, излагаше еден играч на него и му прави ситен фаул. Сепак, Кире не одигра толку лошо, колку што немаше среќа бидејки 3-4пати ја погоди стативата
Нашите грешки се тоа што неможат да изиграат брз напад. Неколку пати бевме во полуконтра, моменти кога норвешката одбрана не беше поставена...тогаш треба центарот да се открие, да прими топка и да реализира. А нашиот центар во тие моменти се бутна со нивната зона за да направи простор за удар од далечина...а кој да шутне кога Кире е покриен а брат му е дупка, и Мојсовски полу-жив(повреден) ?!

Друго, се гледа слабоста на Борко Ристовски. Незнаш што е толку летнат типот. Си мисли дека он е неприкосновен на голот, и дека неможе никој да го смени. На натпреварот со германија ОДБИ да влезе во игра кога тоа се бараше од него. Многу е статичен на голот, и освен една одбранета топка, не направи ништо денеска. Со него во игра Норвежаните отидоа на +6, а откако влезе Ангелов таа предност да се стопи. Сериозно треба да се анализира односот на Ристовски и неговиот допринос кој го дава за репрезентацијата на ова Светско првенство.


Но, и покрај се, јас ја сакам Македонија и сум год на нашите репрезентатици, за нивниот допринос за ова мало парче земја.
Сега, откако ке се смират малце навивачите, и откако играчите ке се фокусираат на Данците...а не на пеење во шаторот на Алкалоид, мислам дека против Данците ке го видиме вистинскиот сјај на оваа рперезентација. Данците ке не потценат, не не сметаат за квалитетни...и тука е нашата шанса.

Во понеделник дотолку се организира идење во Задар специјално за со Србија, обавезно идам. 30евра превоз + 20евра карта. Стигаме сабајле во Задар, гледаме утакмица, славиме и си идеме дома ноќта.

-

Нешто офтипик. Првпат гледам утакмица со коментаториве. Оној "стручнот" коментатор неможе да се поднесе. Кажува апсолутно непотребни работи, и само допринесува за нервоза кај нас гледачите. Од далеку се приметува дека му е криво бидејки нема функција во репрезентацијата...али тоа е, ке трпиме.
Со Ддиме го гледавме натпреварот, Браво за постов.

Раде Стојановиќ го вратија назад во Македонија, иако максимално ги исполнуваше тренинзите, заедно со Јович иако во Вараждин седеа на трибините.
На местото на Стојановиќ го земаа Стоилов?!

Што поѓаловите ке ни се 3пикера!? Па секоја репрезентација на Светсково избегнува игра со пикери, односно крилата се уфрлаат како брз пикер да примат топка и да реализираат.

А на позиција вел бек, каде игра Раде Стојановиќ, го имаме само Ф.лазаров...кој незнае да шутне. А да го имаме и Миркуловски за кого скок-шут е измислен поим.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.606
Поени од реакции
14.445
Стварно што е со Раде Стојановиќ :toe: :toe: Ќе заигра ли воопшто на ова првенство ???
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
изгубивме :toe: не играа нашите денеска нешто посебно добро судиите како и на секоја утакмица судеа за нашиот противник Кире Лазаров денеска нешо слабо не му идеше:nesum: ајде со господ напред наредната ќе тепаме:vozbud:
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Србиве се јадат со Германците, 33:33 засега.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Ете ги, во вистински момент на сцена судиите. 2 мин до крај, 2 разлика за Германија, и досудено пробивање за србите за глупости.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom