СП Хрватска 2009 - Ракомет (мажи) - генерална дискусија

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Светското Првенство во ракомет (мажи) во Хрватска почнува дури во јануари 2009, но сакав да дадам еден преглед на квалификациите и како Македонија стаса на ова големо натпреварување.

Претквалификации:

Македонија се падна во 6-та претквалификациска група, заедно со Бугарија и Португалија.

Првите два натпревари против Бугарија Македонија ги доби и на гости - 30:33 (15:14), и дома - 41:24 (23:13). Со тоа Бугарија беше елиминирана од понатамошните натпреварувања.

Уследија натпреварите со Португалија. Првиот натпревар дома го добивме со 6 гола разлика - 38:32 (21:15).

Вториот натпревар на гости го добивме со 5 гола разлика - 31:26 (15:14) и така ја минавме и Португалија, поради подобрата гол разлика на меѓусебните пресметки. За овој втор натпревар мора да се напомене дека буквално на крајот на натпреварот, откако измина времето, беше досуден удар од 7 метри за Португалците. Да погодеа, ќе поминеа тие, зашто ќе имаа дадено повеќе голови на гости во меѓусебните пресметки и ќе нè минеа. Но, на голот беше нашиот Борко Ристовски, кој го одбрани ударот на противничкиот играч и стана јунак на Македонскиот ракомет и Македонија општо.

Бараж:

На ждрепката како противник во баражот ни се падна Исланд, кој до тогаш три пати по ред нè елимираше. Првиот натпревар се играше кај нас, вториот кај нив.

Натпреварот кај нас се играше во новоизградената сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Јас лично не бев таму, но гледав на телевизија - тоа била невидена атмосфера. 6500 луѓе биле зад нашиот тим и на секој наш гол имало ерупција. Не знам дали имало некој Исланѓанец на трибините, но и да имало, биле стивнати од целата таа Македонска публика.
Се сеќавам на натпреварот дека Ристовски дури и даде еден гол - удар преку целиот терен. Тоа мислам дека ги погоди Исланѓаните доста рано. Се држеа, како што и доликува на еден противник од светска класа, но се виде дека публиката на нашите ракометари им даде крилја - Лазаров стрелаше во голем стил, како што и му доликува (10 гола), имаше голема помош од Мојсоски и Стојановиќ (секој по 5 гола), заедно со Алушевски изведоа цепелин, за уште малку да ги победат психолошки Исланѓаните... Во еден момент дури и беше 12 разлика за Македонија, за сепак на крајот да заврши натпреварот 34:26 за Македонија - 8 гола разлика, најголем пораз на Исланд во баражот во неговата понова историја.

Возвратниот натпревар во Рејкјавик делуваше дека ќе биде сигурен пат за Македонија - на полувремето беше 13:13. Но сепак, тоа очигледно била тактика на Исланѓаните, да ја умртват играта и да не постигнеме висок број на голови, за да не ја достигнеме бројката што тие ја достигнаа во Скопје. Во второто полувреме станаа многу агресивни и дури и груби - почнаа со провокации, а Митков беше многу грубо фаулиран при обидот да постигне гол од контра. Воспоставија пресинг и ги казнуваа сите наши грешки.
Но тогаш се покажа зошто Кире Лазаров е голем спортист - на самиот финиш, постигна гол со играч помалку, а крајниот напад што го имавме, на неколку секунди пред крајот, го заврши исто така со гол, при што резултатот на 3 секунди пред крајот изнесуваше 30:24 за Исланд - 6 гола разлика и недоволно време за да можат Исланѓаните да ја достигнат онаа разлика од 8 гола со која се вратија од Скопје.

Така, со вкупен резултат од 58:56. Македонија го мина Исланд во баражот. Исцрпувачки натпревари, но наградата е голема - за прв пат по 9 години Македонија ќе може да застане рамо до рамо со најдобрите светски селекции и достојно да се претстави на спортски план.

Секоја чест за нашите ракометари и целокупниот стручен штаб!

:eek:lee: :zver:

A незнам дали знаете дека и Исланд учевствува на светсково првенство Загреб 2009...поради откажување на некоја репрезентација од Африка.
Не е со нас у група не се секирајте...ама ако се сретнеме мислам дека ке не попарат....моја предвидување е дека Исланд ке се пласира ни повејќе ни помалку него на 3 место...па останува да видиме

Костовски во моментов има недовршена работа – премијата која ја вети за ракометарите што се пласираа на СП во Хрватска во висина од 30.000 евра сè уште не им е исплатена. И Агенцијата за млади и за спорт им вети награда од 20.000 евра ако се пласираат на мундијалот во Хрватска. До денес ракометарите немаат добиено ни денар.

Vaka ke odime na SP?????

Незнам дали затоа Трифун дал отставка ама знам дека многупати давал пари од свој џеб како за Кометал така и за подготовки,првенства за репрезентација....Несомнено е дека господинот Костовски увидел некаков ќар тука....а и да го занемариме фактот за изворот на тие пари али у секјој случај праесе добро на некој начин за народот и за спортот пред се....

Да се додадам на постот од Smesko: Парите кој ги вети господинот Михајло Михајкловски(кој дојде како наследник на Трифун Костовски на чело на РФМ) за премија на нашата женска ракометна репрезентација за остварениот успех на европското првенство кое неодамна се одржа во Скопје и Охрид...за жал се уште се неиплатени:pipi:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
A незнам дали знаете дека и Исланд учевствува на светсково првенство Загреб 2009...поради откажување на некоја репрезентација од Африка.
Не е со нас у група не се секирајте...ама ако се сретнеме мислам дека ке не попарат....моја предвидување е дека Исланд ке се пласира ни повејќе ни помалку него на 3 место...па останува да видиме

Незнам дали затоа Трифун дал отставка ама знам дека многупати давал пари од свој џеб како за Кометал така и за подготовки,првенства за репрезентација....Несомнено е дека господинот Костовски увидел некаков ќар тука....а и да го занемариме фактот за изворот на тие пари али у секјој случај праесе добро на некој начин за народот и за спортот пред се....

Да се додадам на постот од Smesko: Парите кој ги вети господинот Михајло Михајкловски(кој дојде како наследник на Трифун Костовски на чело на РФМ) за премија на нашата женска ракометна репрезентација за остварениот успех на европското првенство кое неодамна се одржа во Скопје и Охрид...за жал се уште се неиплатени:pipi:
Глупости. Исланд НЕ учествува, имаше такви прогнози дека ќе дојдат наместо Куба погледи ги групите на претходната страна што ги постирав.
 
jkd

one name one country united macedonia
Член од
13 септември 2007
Мислења
1.261
Поени од реакции
27
we are the champions :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::pehar:
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Ке биде интересно и тоа многу:)
сега ако не напраат нешто НАшиве мислам дека понатака тешко... зс мислам дека имаат надобар состав до сега а и се во добра форма
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Глупости. Исланд НЕ учествува, имаше такви прогнози дека ќе дојдат наместо Куба погледи ги групите на претходната страна што ги постирав.
Па ги глеав и тоа ме испровоцира да искоментирам....иди на официјанлниот веб портал на светското првенство и уверисе сам...
ги слушав дури и реакциите на Лино Червар за учевството на Исланд...вели: Исланд е премногу јака репрезентација судејки по нивниот пласман на Олимпијадата што измина....мислам дека ние како домаќин треба да избориме пласман во послаба група
 
K

kaiser soze

Гостин

Тоа беа варијанти откако Куба за момент се откажа од светското,поради финансиски потешкотии.За тоа беше реакцијата на Червар,бидејќи групата со Исланд би била пеколна,па бараше ново извлекување за групите да изгледаат поинаку.Сепак проблемот со Куба беше разрешен и кубанците сигурно учествуваат на првенството,секако без некои поголеми аспирации.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Група Г група на смрта. Штета што Џомба нама да игра за Хрватска баш сакав да ги видам неговите налети од крилната позиција. Фаворит Данска
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Тоа беа варијанти откако Куба за момент се откажа од светското,поради финансиски потешкотии.За тоа беше реакцијата на Червар,бидејќи групата со Исланд би била пеколна,па бараше ново извлекување за групите да изгледаат поинаку.Сепак проблемот со Куба беше разрешен и кубанците сигурно учествуваат на првенството,секако без некои поголеми аспирации.

добро фала у секој случај
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Македонија на подготовките во Швајцарија ја совлада Турција со 36-25. Претходно со минимална победа славевме и над Саудиска Арабија која исто така е на СП во Хрватска, со 29-28.
Ни останува утрешното финале на турнирот со домаќинот Швајцарија.
Инаку пред заминување за Хрватска нашитеќе играат уште две средби, дома, најпрво на 9 и на 10 Јануари на двапати со селекцијата на Црна Гора.
 
Cresevo

Внимавај на називот во иднина.
Член од
9 октомври 2008
Мислења
923
Поени од реакции
2.103
Македонија го освои "Жолтиот куп"
:vozbud:
повеќе
 
K

KomitaMKD

Гостин
Македонија зошто има поголем број постигнати голови
 
VaZzilL

Сантино Џеновезе
Член од
23 април 2007
Мислења
921
Поени од реакции
39
Сега за сега не се толку лоши резултатите, само ме плаши тоа што играме несигурно и не сме убедливи. Но ајде можда на СП се ќе си дојде на свое место.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom