Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.556
- Поени од реакции
- 1.612
Светското Првенство во ракомет (мажи) во Хрватска почнува дури во јануари 2009, но сакав да дадам еден преглед на квалификациите и како Македонија стаса на ова големо натпреварување.
Претквалификации:
Македонија се падна во 6-та претквалификациска група, заедно со Бугарија и Португалија.
Првите два натпревари против Бугарија Македонија ги доби и на гости - 30:33 (15:14), и дома - 41:24 (23:13). Со тоа Бугарија беше елиминирана од понатамошните натпреварувања.
Уследија натпреварите со Португалија. Првиот натпревар дома го добивме со 6 гола разлика - 38:32 (21:15).
Вториот натпревар на гости го добивме со 5 гола разлика - 31:26 (15:14) и така ја минавме и Португалија, поради подобрата гол разлика на меѓусебните пресметки. За овој втор натпревар мора да се напомене дека буквално на крајот на натпреварот, откако измина времето, беше досуден удар од 7 метри за Португалците. Да погодеа, ќе поминеа тие, зашто ќе имаа дадено повеќе голови на гости во меѓусебните пресметки и ќе нè минеа. Но, на голот беше нашиот Борко Ристовски, кој го одбрани ударот на противничкиот играч и стана јунак на Македонскиот ракомет и Македонија општо.
Бараж:
На ждрепката како противник во баражот ни се падна Исланд, кој до тогаш три пати по ред нè елимираше. Првиот натпревар се играше кај нас, вториот кај нив.
Натпреварот кај нас се играше во новоизградената сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Јас лично не бев таму, но гледав на телевизија - тоа била невидена атмосфера. 6500 луѓе биле зад нашиот тим и на секој наш гол имало ерупција. Не знам дали имало некој Исланѓанец на трибините, но и да имало, биле стивнати од целата таа Македонска публика.
Се сеќавам на натпреварот дека Ристовски дури и даде еден гол - удар преку целиот терен. Тоа мислам дека ги погоди Исланѓаните доста рано. Се држеа, како што и доликува на еден противник од светска класа, но се виде дека публиката на нашите ракометари им даде крилја - Лазаров стрелаше во голем стил, како што и му доликува (10 гола), имаше голема помош од Мојсоски и Стојановиќ (секој по 5 гола), заедно со Алушевски изведоа цепелин, за уште малку да ги победат психолошки Исланѓаните... Во еден момент дури и беше 12 разлика за Македонија, за сепак на крајот да заврши натпреварот 34:26 за Македонија - 8 гола разлика, најголем пораз на Исланд во баражот во неговата понова историја.
Возвратниот натпревар во Рејкјавик делуваше дека ќе биде сигурен пат за Македонија - на полувремето беше 13:13. Но сепак, тоа очигледно била тактика на Исланѓаните, да ја умртват играта и да не постигнеме висок број на голови, за да не ја достигнеме бројката што тие ја достигнаа во Скопје. Во второто полувреме станаа многу агресивни и дури и груби - почнаа со провокации, а Митков беше многу грубо фаулиран при обидот да постигне гол од контра. Воспоставија пресинг и ги казнуваа сите наши грешки.
Но тогаш се покажа зошто Кире Лазаров е голем спортист - на самиот финиш, постигна гол со играч помалку, а крајниот напад што го имавме, на неколку секунди пред крајот, го заврши исто така со гол, при што резултатот на 3 секунди пред крајот изнесуваше 30:24 за Исланд - 6 гола разлика и недоволно време за да можат Исланѓаните да ја достигнат онаа разлика од 8 гола со која се вратија од Скопје.
Така, со вкупен резултат од 58:56. Македонија го мина Исланд во баражот. Исцрпувачки натпревари, но наградата е голема - за прв пат по 9 години Македонија ќе може да застане рамо до рамо со најдобрите светски селекции и достојно да се претстави на спортски план.
Секоја чест за нашите ракометари и целокупниот стручен штаб!
lee: