Му паднал автомобил, не може да си го подигне

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
266
Седмоодделенецот Слободан Крлески од охридското село Велгошти веќе три месеци живее со надеж дека ќе го добие автомобилот Пежо 207 кој му паднал на наградна игра на „Нестле“ чоколади. Но, тој сеуште не го добил автомобилот затоа што, како што вели, не му го даваат.

„ На визитата на татко ми, Лазара, добив чоколадо „Нестле“. Следниот ден играјќи на компјутер го отворив и забележав дека сум добил автомобил“, раскажува малиот Слободан.

cok1.jpg

Слободан со паковката од добитниот купон

Семејството Крлески првиот нареден работен ден го контактирало организаторот на наградната игра „Пежо изненадување во Нестле пакување“, Студио маркетинг ЈВТ од Скопје кое ја реализирало наградната игра во име на Нестле-Адриатик. Од Нестле – Адриатик како што тврдат од семејството на добитникот, им било соопштено дека нема да го добијат автомобилот затоа што наградната игра била завршена, и дека пежото е доделено на Добре Блажевски од Скопје кој на еден ден пред истекот на наградната игра (15 март 2008 г.) го пријавил добитниот купон со главната награда.

Од семејството Крлески сметаат дека се работи за измама, бидејќи како што изјави таткото на Слободан, Лазар,не може да постојат два добитни купони за една главна награда. „Сметаме дека се работи за измама затоа што наградата е доделена а син ми го има наградниот купон“ вели Лазар Крлески.

kuponi.jpg

Еден автомобил два купони

По тримесечни обиди да го решат спорот во директна комуникација со застапниците на Нестле во Македонија, семејството на добитникот преку својот адвокат за случајот го известило производителот на чоколадата во Швајцарија, а случајот е пријавен и во СВР Охрид. „Според Законот за приредување игри на среќа е извршено кривично дело за кое се предвидува казна затвор од 1 до 5 години“, вели адвокатот на семејството Крлески, Сузана Батковска.

suzana_b.jpg

Има елементи на кривично дело вели адвокатката Сузана Батковска

Адвокатот Батковска не информираше дека семејството случајот го пријавило до надлежните органи и дека покрај автомоболот тоа бара и надомест на штета за претрпениот шок. „Слободан кога му соопштија дека нема да ја добие наградата две недели беше во шок и не јадеше ништо, а на училиште ги намали и оценките и поведението. За тоа некој треба да одговара“, вели таткото Лазар.

lazar_k.jpg

Семејството претрпе шок вели таткото на добитникот, Лазар Крлески

Во телефонски разговот менаџерот на Нестле Адриатик, Дејан Маслинко ни изјави дека по грешка е случено да има два купони за главната награда. Притоа, тој појаснува дека добитникот наградата ја пријавил еден и пол месец по завршување на наградната игра. Застапниците на „Нестле“ велат дека го разбират разочарувањето кај добитникот и дека се обидуваат да пронајдат решение, за кое како што ни кажаа, во моментов не можат да соопштат повеќе детали.

Семејството Крлески вели дека нема да се откаже од наградата и дека случајот ќе го тераат до крај.


изворче
 
На мојата колешка и се падна награда во вредност од 10 000,00 денари на Сител ТВ, наградата не може да си ја подигне и по 2 месеци.
 
На мојата колешка и се падна награда во вредност од 10 000,00 денари на Сител ТВ, наградата не може да си ја подигне и по 2 месеци.

Епа пак нека играат такви глупави игри како Хепи аур.

А за случајов, факт е дека се прават малверзации за наградните игри, ај да ги видиме да го покажат добитникот во јавност. :nenene:

Чист криминал!
 
Лелелелел ами мене вака.Абе се че му запалам.
П.С. Ако му паднал автомобил нека одат нека го кренат :pos2:
 
А овие па у шок паднале и не јаделе ништо 2 недели :pos2:
Нека не се глупираат. Наградната игра била завршена - не треба да добијат ништо.

А организаторите треба да добијат казна доколку се утврдат неправилности, кои очигледно постојат.
 
hehehe...ne mislev bas na toaaa..mislev kupivanje grepki ... bla bla hehee
 
Во телефонски разговот менаџерот на Нестле Адриатик, Дејан Маслинко ни изјави дека по грешка е случено да има два купони за главната награда.

По „грешка“... Јебига нема правда на овој свет.. :helou:
 
Aбе грешка не грешка ова е поука за друг пат да не си играш и да не се будалиш за џабе
 
Занес до немај каде ебаго!
Намалено поведение, слаби оцени, не јадел... пореметен.

И така немаше да може да ја вози малиот, шо припаѓал?:nesvest:
 
Aбе грешка не грешка ова е поука за друг пат да не си играш и да не се будалиш за џабе
во право си.. шо му требело да играт кантер на компјутер и да јајт чоколоадо
ееееееееееее вишееееееееееееее... денешниве деца само изведвет нешо...:nesum:
бтв... како да не добиет стрес... знајш шо значит да ти паднит кола мореееееееееее ееееееееееееј....
мене еднаш телевизор ќе ми паднеше (под него бев седнат на троседон), а не пак кола да ти паднит...:nesvest:

ликот што седел на троседот под телевизорот е измислен...:kafe:
 
Истово се случи со мои комшии пред неколку години. На наградна игра од некои сокови добија Ford Fiesta ама неколку месеци ги закочуваа да не им ја дадат и слично. Добро што комшијата што ја доби колата е цајкан па сврти неколку броја и веќе следниот ден им беше во гаража.
 
А овие па у шок паднале и не јаделе ништо 2 недели :pos2:
Нека не се глупираат. Наградната игра била завршена - не треба да добијат ништо.

А организаторите треба да добијат казна доколку се утврдат неправилности, кои очигледно постојат.

Точно што се однесува до рокот на наградната игра (и јас имам бинго ливче од лани со добитни броеви од минатата недела) али некој треба да одговара за постоење на две добитни ливчиња а една награда. Тој малио нека му пуштат кутија чоколада (и малку шумеќи витамини да надокнади нејадење) али организаторот да се притегни за сумњиви послови околу наградната игра.
 
А бе мафијашка држава сме нема што!
 
За истово ја ебаа и Лотарија на МК. Нека идат сите у затвор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom