То со кокошките кажаа на телевизија а тие не лажат, ете уште некни рекоа исто на телевизија дека ќе врни денес и стварно заврна, значи нема лага и 100% е така, а то го споменав само како показател колку е штетна металската музика за здравјето на човекот и дека се пејат на енглески јазик и ништо не се разбира, можи ни караат врнат можи и против македонија пејат а рокерите скокаат и се радуваат на тоа.
Момиче не моиш да фатиш уз рокерска музика дефинитивно пошто ко ќе свири сите се тресат и не можат да зборат, значи за да фатиш девојка треба или на пауза меѓу песните или ко ќе пуштат некое танго или сентиш
Јас ко ќе дојдам дома уморен, мавам ракија, вечерам и си легнувам и немам време да се опуштам, а инаку си слушам и забавна и народна музика, имам и плоча од АБА и од Бони М имам и од Кемал Монтено и од Лео Мартин и од Ѓорѓе Марјановиќ (тие ми се ко бев млад и хипик) али не ги слушам оти грамофоно на радиото не ми чини.
Народната музика е за народот и за младо и за старо и за машко и за женско, да беше рокертвото убо , него ќе го свиреа на најголемите веселби - на свадбите, али на свадбите само народно се пушта.