Британскиот хакер Гари Меккејнон, познат под псевдонимот Соло, можно е да биде осуден на 60 години затворска казна за упад во компјутерскиот систем на Пентагон и на НАСА, пишува весникот “Гардијан“.
“Во среда, на 30 јули, Куќата на лордовите ќе има расправа за екстрадиција на хакерот во САД. Програмерот Меккејнон беше уапсен во Британија во 2002 година. Американските власти го обвинуваат за упад во компјутерските мрежи на НАСА и на Пентагон.
Според САД, Меккејнон е најдобриот хакер во светот на сите времиња. Тој ги нападнал серверите на Пентагон со цел да дојде до вистината за Неидентификувани летечки објекти (НЛО).
Британскиот хакер пак тврди дека упадот го извршил од љубопитност, а настојувањето на САД за негова екстрадиција тој го коментирал со зборовите дека ’американците се плашат оти знам многу за НЛО“, се вели во текстот на британскиот весник.
Изданието прогнозира дека Куќата на лордовите најверојатно нема да дозволи екстрадиција на Меккејнон во САД.
Значи уште еден доказ оти постојат...