Едгард Мичел: Вонземјани сепак постојат!

  • Креатор на темата Креатор на темата ^^Smiley^^
  • Време на започнување Време на започнување

^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
Возраст
36
Edgar Mitchell, астронаутот од Аполо 14 тврди дека вонземјаните воспоставила контакт со луѓето, но дека таа информација се криела цели 60 години.

Шестиот човек кој зачекорил на Месечината вели дека е сигурен дека за време на неговата кариера во НАСА имало многу посети на НЛО на нашата планета, но НАСА секој случај успешно го криела.

77 годишниот Mitchell вели дека луѓето кои биле во контакт со нив, ги опишуваат како мали луѓе кои на нас ни изгледаат чудно. Сведоците велат дека Спилберг го погодил нивниот изглед во познатиот научно-фантастичен блокбастер "Вонземјанинот Ити".

"Мали се, имаат голема глава и очи", тврди Мичел.

Астронаутот исто така тврди дека нашата технологија не е ни малку приближно напредна до нивната, односно дека сите би не снемало за "секунда" доколку вонземјаните би биле непријателски расположени спрема нас.

Мичел и главниот член на екипажот на Аполо 14, Алан Шепард, се рекордери во најдолгата прошетка на Месечината. Таа траела 9 часа и 17 минути, а се случила во 1971 година.

"Привилегиран сум што знам дека вонземјаните веќе неколку пати ја посетиле нашата планета и дека феноменот НЛО е вистински. Таа информација добро се крие веќе 60 години, но доказите полека излегуваат на површина и мене ми е драго што е така. Сум вил во воени кругови и око на тајните служби, а и тие го знаат истото што го знам и јас - дека не сме сами, а според пишаните медиуми, таквите посети денес се случуваат многу често", рекол Едгард Мичел.

Мичел тврди дека случајот Розвел бил вистинит и дека навистина се вршело истражување на вонземјанин.

"Мислев дека станува збор за некој посебен вид на хумор, но Мичел беше смртно сериозен", рекол водителот на емисијата Ник Маргерисон.

"НАСА не трага по НЛО. Не сме вклучени во било какво прикривање на посетите на вонземјани на оваа планета или било каде во вселената. Митчел е голем Американец, но ние не се согласување со неговото мислење на оваа тема", стои во службеното објаснување на НАСА.


Мислите ли дека ова е точно? Или некој навистина нема што да прави во животот па си кажува приказни.
 
Чим Ватикан кажа „Вонземјаните се наши браќа од Бога“ сигурно и постојат.
 
Чим Ватикан кажа „Вонземјаните се наши браќа од Бога“ сигурно и постојат.

Pa vidi go samo papata kakov e , garant e od Sirius.

pope-benedict-saturno-hat.jpg
 
Абе он што и да вика пак може да го прикријат тоа ако сакаат. Ќе кажат во години е човеков и халуцинира и е болен.
 
Abe postojan be kako ne.. Amerikancite ke gi krijat dodeka mozat ama potoa site tajni i lagi ke izlezat na videlina.. :toe:
 
I zosto gi krijat. Jas ne gledam nekoja razumna pricina da gi krijat. Moze ke nastane prvite momenti nekoja panika vo svetot ama za kratko vreme se ke bide vo najdobar red i lugeto ke ja znaat vistinata. Pozdrav.
 
Кој будала помисли дека не постојат, од секогаш постоеле и ќе постојат. Од кога човекот знае за себе пишува за разни небесни тела кои не посетувале. Само воопшто не се комуникативни, некако ептен се индиферентни спрема нас, како да не постоиме. Уште колку години еволуција ќе ни треба за да стигнеме до нивното ниво...

Астронаутот исто така тврди дека нашата технологија не е ни малку приближно напредна до нивната, односно дека сите би не снемало за "секунда" доколку вонземјаните би биле непријателски расположени спрема нас.
Да не испадне некој ден "упс, не беше намерно" :pos2:
 
Да се верува дека земјата е единствена планета со интелегентен живот на неа и дека ние сме центар на целата вселена е тежок идиотизам.Повеке од сигурно е дека не сме само ние,ебати све ако се се сведува само на нас.
Зошто не не контактирале досега? Најверојатно дека се паметни,кој здрав у главата би си имал работа со толку извитоперени створења.Ваљда чекаат сами да се истребиме.
 
Па нормално дека постојат други цивилизации надвор од земјата, а не комуницираат со нас бидејки не сме на исто технолошко ниво со нив. Всушност онаа прва заповед од стар трек изгледа како разумен одговор. Нема да се мешаме во развојот на другите планети и нема да стапиме во контакт се додека на резвијат ворп технологија.
 
нормално дека постојет...а можно е американциве да ги криет посетите пошо ке се создајт паника во светов
 
Тоа не е ништо ново отсекогаш сум знаел дека Вонземјани постојат, само не на тој начин како што Американците ги претставуваат...
 
абе ова не е ништо ново. од поодамна се знае дека постојат а ова е само уште еден факт плус.
 
абе ова не е ништо ново. од поодамна се знае дека постојат а ова е само уште еден факт плус.
точно така...неможе да сме сами во целиот универзум
 
Не е ни прв ни единствен астронаут што имал во вселената блиска визуелна средба со непознати вештачки објекти.
На многумина им било сугерирано самите да се демантираат.
 
I zosto gi krijat. Jas ne gledam nekoja razumna pricina da gi krijat. Moze ke nastane prvite momenti nekoja panika vo svetot ama za kratko vreme se ke bide vo najdobar red i lugeto ke ja znaat vistinata. Pozdrav.

Зашто?Зашто па да не?Ако е вистинита изјавата на Едгард,тогаш доколку се непријателски настроени,не би се кренало паника бидејќки веднаш че не истребеле,туку има друга причина!Размислете вака,што ако НАСА ја проучува нивната технологија и ја користи за свои цели?:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom