Според мене, како најголем проблем се јавуваат законските регулативи во (закон за банки, закон за девизно работење итн), кои такви какви што се, имаат силна доза на рестриктивност за да може да дојде до реализација на една таков договор. Тука законодавецот сметал дека евентуалниот одлив на девизи по тој основ, одлив на финансиски средства од државата... непродуктивно ќе влијае на перформансите на македонската економија и дополнително ќе ја ослабне, што за жал нема допирни точки со аргументиран пристап. Особено не, поради ноторниот факт дека Македонија и нејзиното стопанство во многу други сфери на економијата, се изложени на директни и силни влијанија на моќниот запад. Ако навистина се имаат во предвид интересите на државата и на компаниите и ако тие аргументи се валидни, зошто се навестуваше и се уште се навестува дека договорите за можно плаќање на услуги и капитал, преку споменатиот сервис, ќе се остварат. Значи ли тоа дека тие аргументи биле аргументи само додека некому тоа му одговарало. Има ли некој, од оние што се дебело платени за тоа, со наши, народни пари, да помисли и на интересите на потрошувачите, на граѓаните, на поединецот, да престане да ги штити мегаломански скроените профити од кич парчиња облека на неколкуте т.н. модни вилаети во строгиот центар (и не само нив), кои цврсто се убедени дека ние постоиме за нив, а не тиа за нас. Има ли некој кој навистина ќе спореди цена , овде (Р.М) и таму (надвор од Р.М), кој ке види и на тоа ќе се замисли, дека во центарот на Скопје, во т.н. ексклузивна продавница е закачена рекламна порака, 50,70,80% попуст, па да проанализира дека првата определена цена била со 500% и повеќе профит. Многу е лесно, нешто што влегува за 100 денари, да формираш цена од 1000 денари и со попуст да го продаваш за конечни 300 денари. Голем успех, нема што. Има ли некој да види дека тоа не се економски категории на современите пазарни системи, туку дека тоа се неуки, трговци кои сакаат да се збогатат преку ноќ. Не, на таквите цени благодарам.