Што ако вашиот партнер/ка има различен вкус за музика или начин на живеење од вашиот?

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
Што кога вашиот партнер е металец/ка? Дали ви сметаат некои стилови кои тие ги почитуваат, а вие да припаѓате од оној вид на луѓе кои не сакаат таков стил на музика и слично.
Дали сте се обиделе да го промените мислењето на партнерот, да не слуша таква музика или да не се облекува вака или така, или сепак го прифаќате таков каков што е. Ќе седите во паркови со него ќе пиете и слично. Дали сепак ќе се обидете меѓусебно да се договарате каде да излезете, и дали воопшто мислите дека една врска меѓу девојка што не сака таков вид на музика и дечко што е тврдокорен металец да успее? Сепак станува збор за различен стил на живот. Дали ќе го прифатите тоа и ќе одите по своите чувства?
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ќе успеа...зашто да не успее...
Ептен глупаво е да не бидеш со некој кој стварно ти се свиѓа само ради музиката...
Ќе се адаптирате нормално...
Еве на пример јас слушам метал ама тоа не ми смета да идам со некој што слуша техно, транс, рап или слично... Не би одела само со некој што е тежок турбофолкер ама таков нема ни да ми се присвиѓа...
Значи можно е...

А впрочем металците се баш закон... интересно ќе му е на партнерот во секој случај... :)))
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Za muzikata ne bi imale problemi:smir:
Znam edna drugarka metalec koja praktikuva nekoi cudni rituali (neznam kako da gi kazam) vrz nejziniot decko. Go griza i go grebe po race, vrat i usta dodeka ne mu pusti krv za da moze da ja cica poslem, a ednas duri i so zilet go secese i toa se se slucuva pred ocite na cel klas za vreme na golem odmor. Jas samo toa ne mozam da go svatam i mislam deka e kaj poedinci koi se metalci, zosto nemam nekoe loso mislenje za tie luge. Sepak ova mi e epten odvratno!
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Ќе успеа...зашто да не успее...
Ептен глупаво е да не бидеш со некој кој стварно ти се свиѓа само ради музиката...
.....
Не би одела само со некој што е тежок турбофолкер ама таков нема ни да ми се присвиѓа...
Е зошто да не ти се присвиѓа ако слуша турбофолк?
Што ако ти се допадне некој тип со кој случајно на улица ќе се запознаеш, а дури потоа дознаеш дека се притресува на турбо? Нели глупаво е да не бидеш со некој кој ти се допаѓа само заради музиката? Велиш дека музиката не треба да е пречка, а сепак правиш поделба:)
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
ma nema problem...
sto i da e...samo zgodno neka e:)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Е зошто да не ти се присвиѓа ако слуша турбофолк?
Што ако ти се допадне некој тип со кој случајно на улица ќе се запознаеш, а дури потоа дознаеш дека се притресува на турбо? Нели глупаво е да не бидеш со некој кој ти се допаѓа само заради музиката? Велиш дека музиката не треба да е пречка, а сепак правиш поделба:)

Ако ми се присвиѓа се присвиѓа... :))) Ќе се фатам со него...

Зашто да не ми се присвиѓа...најверојатно затоа што не излегувам на такви места, немам во близина некои луѓе што слушаат таков тип на музика и затоа не може да ми се присвиѓа... а плус и имаат друг стил на облекување што не ме привлекува...
Али ако ми се присвиѓа и отпосле дознаам дека слуша турбофолк секако дека ќе се фатам...не ќе си забранувам да не бидам со некого и да страдам заради глупости... :helou:
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
I fortune dala komentar pred mene...cekaj sea ke bidam ozbilen..
Paa mene iskreno bi mi smetalo...turbofolkerka...toa bi bilo problem...a i tezok metal da death black...yedino tie dve raboti ne gi slusam...
pozdrav do Fortune...Strogo simpaticnosarmantnata administratorka
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Најубаво е партнер металец бе,шо песни ќе се изнапишуваат за вас да знаете ехеее(ова од искуство) :icon_lol:
Инаку,нема врска дали е металец,рапер,рокер,турбо-фолкер,важно е мене да ми се свиѓа и да ми одговара на карактер(добро де и ја на него):pipi:
Ама еве ако веќе бираме,металците се едни од најинтересните луѓе,дефинитивно кој би можела така да бирам,би избрала дечко металец,ем забавно ќе ни биде,па ако има па бенд уште позабавно,на проби ваму таму по свирки ќе одиме,навечер излагање у парк,со друштво,пиење,зезанции,итн итн итн...
(сакам дечко сеа:nesum:)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И покрај тоа што не ја слушам таа музика и не сум во тој фазон,сепак нормално дека ако човекот ме привлече,нема да ме интересира што музика слуша или каков стил фура.

Се разбира дека не може во се да бидеме исти,но ќе имаме други заеднички муабети.

Договор куќа гради велат старите.Ќе се договараме и ќе правиме компромиси во врска со излагањата.
Јас нема да му наложувам да се смени,ниту пак ќе трпам притисоци од негова страна по секоја цена да го фурам тој стил на живеење.

Компромис.
Многу убав збор.
Башка отвара железни врати.:)
 

Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
Za muzikata ne bi imale problemi:smir:
Znam edna drugarka metalec koja praktikuva nekoi cudni rituali (neznam kako da gi kazam) vrz nejziniot decko. Go griza i go grebe po race, vrat i usta dodeka ne mu pusti krv za da moze da ja cica poslem, a ednas duri i so zilet go secese i toa se se slucuva pred ocite na cel klas za vreme na golem odmor. Jas samo toa ne mozam da go svatam i mislam deka e kaj poedinci koi se metalci, zosto nemam nekoe loso mislenje za tie luge. Sepak ova mi e epten odvratno!



Ти бе улав ли си брату? Таа што го гризела пуштала крв и слични срања тебе тоа на ритуал ти изгледа ли бре што го користат металките? Си слушнал за различни секс-задоволства како што се САДО МАЗО да ти го дртнам во газо и сл?
Иначе металките ти се женски што се носат малце по екстремно не сакаат селјаци и то е. Исти се како вас. Мочаат од клечење,имаат 2 цицки напред, се шминкаат,зборат со потенок глас од машките..мислам нема никаква ебена разлика. Само што сакаат поголема агресија адреналински шокови а некои и садо мазохистички работи.

А на темава би додал ШТО АКО ВАШИОТ ПАРТНЕР Е МЕТАЛКА?
-Закооон!

А на сите останатите што не го слушат тој стил на музика и не го живеат тој живот им препорачувам Помалце да серат за металот и да не бидат толку ограничени во начинот на живот. Имате многу ниски прости сфаќања за тоа што е добро а што не е а управо ве вози опшеството и сите имате наметнато мислење без слободна волја на изразување. Ете во тоа е понапреден Андерграундот.Слободна волја.ПРави што ти е волја и тоа нека биде цел закон.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
..Незнам по кој пат ја читам темава..ама малце ми е чудно.. дали слушањето на одредена музика мора да подразира таков типичен начин на живот?

..Како седење по треви..паркови.. пиеме вино.. иако немам ништо против сето тоа ама како што поминуваат годините нели би требало некои нешта да се менуваат, доколку тоа се било Ин и карактеристично за некои средношколски времиња..сега и не ми е баш некоја замисла како да го поминувам времето со девојката.

А стриктно за музиката..нема музика која ми пречи..т.е. лажам ИМА..хех ТУРБОФОЛК.. :nesvest:
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Процедурално:

Како рокер се почувствував сврстен во општата генерализација дека секој што се облекува во црно и тако даље, е металец.
Шо ни фалит на рокериве/металциве? Јес да имат дрогираши и хроници за алкохол, ама имат и „примерни“ на пример. Јас и уште доста луѓе на местото кај шо се собираме, не сакаат да слушнат за цигари, марихуана или не дај Боже дрога. Пиеме по едно пиво од литар и пол по особа во рок од 4.5-6 саати (зависи колку време сме излезени) и толку.
Не знам озбилно шо толку лоша слика за нас.
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
кога мојот партнер ќе е металец јас ќе бидам пресреќна...
зашто толку стереотипи за металци... а баш се златни...
инаку јас слушам рок/метал и се имам маткано со рапер... знаевме да се зајадеме за музика али никогаш не се десило: му давам клоца затоа што е рапер...
па и да излезам на место каде што се пушта рап, доколку тој е со мене а јас го сакам музиката нема ни да ја слушам...
или пак со металец, не споредувам со металец пош сме исти род до некаде...
не би можела да поднесам тежок турбофолкер...
а и како што кажа крејзи ИН ЛАВ компромис бате...
еднаш одиме јас кај што сакам втор пат тој кај што сака
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Има работи кои едноставно јас не можам да ги поднесам и секако неможе да ме привлече човек кои истите ги обожава или практикува. Тоа е пример и со металската музика. Музиката си ја сметам за секојдневие, па секако не би можела да поднесам човек чие секојдневие е металската музика.
Тука се веќе поинакви стилови и поинакви сфаќања, што ете јас лично не би можела да ги прифатам. За да не дојде до прашањето што кога мојот партнер е металец, ќе кажам дека неможам да имам таков партнер. Од старт јас имам доста несогласувања со таков човек, па неможе да дојде до тоа да ми е партнер.
Не осудувам никого, едноставно јас мразам метал и немам што да правам ни 5 минути со металец.:toe:
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Реално, шансите да си фатам металец дечко се енормно мали, со оглед на тоа што не се движам во такви кругови и немам ни каде да запознаам (океј, сум запознала милион де, ама да се дружам) металци, а не па да почнам врска со некој „таков“ (ко посебна раса да се, е*ате :pos: )

Доколку сепак испадне такво нешто, да се зашмекам со металец, рокер, рапер, сопран у Македонска Опера, ич не би ми пречело тоа во љубовта.(Всушност и има многу металци што ми се секси поради долгите коси:kesa: ) Музиката што ја слушаат и стилот на живеење што го практикуваат не ми се никаков критериум за тип за врска. Единствен проблем евентуално би претставувале местата за излегување, зошто јас не сум голем фан на сепарињата у Парк, ама за тоа има лесно решение.
Нека е квалитетен и добар он по сите прашања, па за музиката најмал проблем.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom