Парното поскапува за 60%

  • Креатор на темата Креатор на темата Калипсо
  • Време на започнување Време на започнување
Ај, кога го потегнавте муабетов... Што бидна со фамозните потенциометри во секој стан?
Нели се јавуваше такво нешто за нареднава грејна сезона? Па да може секој да си регулира колку сака топло и што е уште поважно кога.
Реално земено, на најголемиот дел од потрошувачите уво не ги боли колкава е температурата во станот во периодот од 8 до 5.
Зашто да се троши таа енергија и зашто да ја плаќа некој што не ја искористува?
Калориметри!:helou:
 
И сега нека удри некој математика колку пари ќе им останат на граѓаните дури и со надуваната просечна плата од 19 000 и кусур денари.
Хм, ако се продолжи со овој тренд на качувања на цени за греење (па и на цени за прехрана и хигиена)...нема гајле, ваљда ќе остане за ортома :smir: жилав народ сме ние.
 
Калориметри!:helou:

Зар ќе им мерат и колку калории може да земе секој граѓанин,за да преживее ако е невработен како многумина на кој заборавија при правење на просечна плата.:smir:
 
Хм, ако се продолжи со овој тренд на качувања на цени за греење (па и на цени за прехрана и хигиена)...нема гајле, ваљда ќе остане за ортома :smir: жилав народ сме ние.

Јажиња гратис ќе ни даваат(пуштија пробно пред избори,ама биле тенки....па сеа праат подебели):smir:
 
Јажиња гратис ќе ни даваат(пуштија пробно пред избори,ама биле тенки....па сеа праат подебели):smir:

Не беа тенки,ама немале доволно за сите гласачи,па затоа им делеа пластични тањири,кој не се кршат колку и да се маваат по глава.:smir:
 
па сеа праат подебели
Ха :)


А за пресметка, не е проблем. Стави на давачките плус 60% од цената што се плаќа месечно за парно, а овде не е лошо (иако темата е за парно) да се стави и некој процент плус за струја и секако производите од потрошувачката кошница кои постепено поскапуваат. Ако е ПК 13.000, стави отприлика 14.000 и на отприлика 3000 ден. парно плус 1800, тоа се наместо досега 16.000 веќе 18.800. Ако се пресметаат и другите другите давачки, роба за широка потрошувачка, режиски исплати...се доаѓа до доста солидна сума. Но може и да се почека со ваквата моја шпекулација (која можеби не ни држи вода-тече).
 
Зар ќе им мерат и колку калории може да земе секој граѓанин,за да преживее ако е невработен како многумина на кој заборавија при правење на просечна плата.:smir:

Ќе мерат бе АБЦ.....се додека оние шољине во wc има со што да ги полниме.....:vozbud::helou:
 
Последниот пост од оваа тема е од пред 5 години, од 14. 09. 2014
Јас случајно ја „ открив “
Се работи за почетокот на грабежот на арамиите од Топлификација и лепотаните од Регулаторна.
Јас ги прочитав сите постови од оваа тема.
Ве замолувам да ми одговорите на едно пршање:
Дали денес Ви е јасно што всушност се случи со сметките на Топлификација?
 
Смрди ова нешо
Зошто така мислиш одма во негатива
се е чисто дадено без ситни букви и без скриени трошоци
не знам од каде одма негативни мислења чим нешто се понуди со реална цена и со договор без скриени намери.
Изгледа сите сме изгорени од некакви понуди па затоа.
Се надевам на разбирање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom