Спектакуларни апсења, борба против криминалот, или...?

  • Креатор на темата Креатор на темата realen_07
  • Време на започнување Време на започнување
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=27703&page=6

На овој ,,независен,, тип мислиш, што не искача од нечии кабинет?

Брицата?

Но дали тоа ја менува вистината.

Ај сеа видете таму владата нека пушти еден демант, па ставете го тука да видиме кој е во право.

Или во спротивно нека напишат, до кога мислат да го манипулираат, и да му ја потценуваат интелигенцијата на Македонскиот граѓанин со ефтини малограѓански финти.
 
А зошто во име на вистината дотичниов не се јави на пресс, да каже дека може да има коруптивни елементи во аболицијата на ЗЗ?

Ако бидеме објективни да сме објективни и во име на вистината до крај, а не како за кого.
 
Каде е Хисен?

Автор :Филип Петровски

Речиси се' што се случува на политичката сцена во Македонија е фарса и замачкување на очите на јавноста

Деновиве повторно случувањата кај нас и околу нас се со голем интензитет. Интересно е како се одвиваше завршната фаза за признавање на Косово (што се случи во четвртокот навечер). Бидејќи нас не' интересира димензијата на хроничност, ќе се обидеме да разгледаме неколку настани кои се поврзани со признавањето на Косово од наша страна. Имено, веќе три недели наназад се подготвував да пишувам за четирите хашки случаи на воени злосторства кои Трибуналот и' ги врати на нашата држава. За жал, од некои други настани и поради малиот простор, не можев да го сторам тоа.

Да потсетам дека во исто време со ова се случи и масовното труење во слаткарницата „Ринија“, кое на парадигматичен начин отслика некои текови на работите внатре во државата. Паралелно со ова се случуваат и нашите преговори во ООН, околу кои се изнагледавме и изнаслушавме караници и префрлување одговорност колку што сакаме и не сакаме. Како епилог, добивме разединет став на државниот врв и една слика што укажува на тоа дека во Њујорк можеби преговараат три или повеќе страни, а не две. Раскараноста до крајни граници на сите актери и обвинувањето (од сите страни) за предавство на интересите на државата веќе станаа толку дегутантни што верувам ретко кој е во можност без нервоза да ги следи новинските извештаи на тема...

Поради ова, навистина не можев, објективно, да се зафатам со пишување на темата за хашките случаи. Клопчето почна прво да се одмотува од случајот на малтретирањето на градежните работници од „Маврово“. Но, животот често знае да си поигра со сите нас. Така, во меѓувреме, еден од изживувачите, главен актер, станал пратеник во македонското Собрание. Можеби на некој начин е добро што не пишував на оваа тема три недели и наместо тоа ја проследував внимателно. На овој начин можев да видам и да се убедам дека речиси се' што се случува на политичката сцена во Македонија е фарса и замачкување на очите на јавноста. Актерот Хисен Џемаили, во почетниот период на притисок, јавно се изјасни дека нема да побегне, дека редовно ќе се јавува на судските покани и дека доброволно се откажува од својот пратенички имунитет. Ова звучеше прилично убедливо и благопријатно за јавноста. Сите камери беа тука, сите известувачи ја раширија веста. За момент некои од нас останаа со едно чувство дека работите во државава добиваат некој нормален тек и дека тоа што треба да се решава и пресудува навистина и ќе се случи. Драгиот Хисен требало да знае дека гравирањето на иницијалите на УЧК на грбовите на кутрите работници, како и сексуалното злоупотребување, не е стекнување сопствени права, освен ако не живееме во џунгла. Кога-тогаш правдината мора да дојде. Затоа за момент изгледаше дека и тој сака да се справи со сопствените демони и (ако е можно) да ги остави зад себе, со своето доброволно соочување со правдата.

Намерите, сепак, не биле толку многу искрени. Веќе пред почетокот на октомври тој исчезна. Откако слободно се шеташе низ македонското Собрание, во центарот на Скопје, тој одеднаш стана недостапен за државните органи. Не е приведен. Нема сцени, слики со лисици во ударните вести... Сето тоа покажа дека Хисен во ниеден момент немал намера да се посвети сериозно на случајот, туку дека цело време, преку својата партија, се обидувал да се пазари. Односно, неговиот случај и другите три да се подведат под Законот за амнестија. Парадата пред камерите само требало да обезбеди некој ден повеќе додека се најде, подобро кажано, да се измисли некаква можност случаите да се протнат низ иглените уши на амнестијата. Развојот на настаните покажа дека, сепак, не ќе биде толку лесно да се убедиме дека случувањата биле дел од борбата за „човечки правдини“. Јавноста се' уште јасно и со горчина се сеќава на случаите. Згора на тоа, Трибуналот со враќањето даде јасна назнака дека треба да се постапува по случаите.

Кај што има сила, нема правда. Владејачката ДУИ, политички трансформираната УЧК, знае дека силата може да компензира многу елементи кои можеби моментно недостигаат во мозаикот. Токму затоа три недели фокусот на нивното дејствување беше да се докаже по секоја цена дека овие случаи се само вообичаен дел од военото милје и нешто сосема нормално. Намерата е да се спакуваат сите случаи во Законот за амнестија и со тоа да се ослободат сите од товарот. Се добраа до власта и сега сакаат да уживаат во неа. Зошто сега некој да им пречи? Морам да кажам дека е провидно ПР-пакувањето што го сервира невиното лице на нивната портпаролка. Всушност, зошто мислат дека се' може да помине само ако се изрецитира милозвучно? Толку ли не' сметаат за плитки? Ни се смеат ли зад ѕидовите на партиските простории?

Откако дел од македонската јавност не успеа целосно да биде хипнотизирана, црвените копчиња се запалија. Мора да се побара некој друг излез од оваа мачна ситуација на судење воени злосторници кои направиле само „мало“ злосторство против човештвото. Следната фаза беше т.н. меѓународна експертиза. Демек, нашите експерти не се доволно експерти, па затоа се потребни меѓународни да ни кажат како да се справиме со овие случаи. Во игра се врати и прочуениот Питер Фејт. Али Ахмети побарал од него меѓународна правна експертиза за случаите.

И така, додека секојдневно сме бомбардирани од некои нови елементи на барањето излез за злосторниците против човештвото, некако без многу гласност си помина информацијата дека најмалку еден од малтретираните работници починал. Неговите познајници, секако, плашејќи се отворено да говорат пред камери, истакнувале дека малтретирањето на УЧК му го уништило животот на овој човек. Никогаш потоа не се повратил. Неговата сопруга нагласи дека човекот не сакал да гледа вести зашто го разочарувале информациите поврзани со неговиот случај. Меѓународната експертиза која сега Ахмети ја бара треба да ја покрие оваа трагедија со пепел и сите ние да се правиме дека ова било само една воена епизода во 2001. Можете ли да преминете преку ова, без да очекувате правда?

Редовите летаат. Повторно останувам покус за простор да опфатам уште некои елементи од овој галиматијас наречен „наша живејачка“. Не успеав да ги спојам елементите на откорнувањето на камењата од границата кон Косово. Настаните повторно ме испреварија. Веќе во наредното пишување уривањето ќе треба да го гледам и низ призма на признавањето на таа држава, односно како притисок кој, како што гледам, се исплатеше.

Извор

А Јас би додал.

Каде е Господине Груевски вашата бескомпромисност во борбата против криминалот ?
Дали таа застана на вашите манипулаторски реклами во кои свесно го ЛАЖЕТЕ вашиот народот за некаков си напредок во таа област.
Дали мислите дека граѓаните се при очи слепи за да не видат и сватат што всушност се случува.

Каде се Горде Алфите...симболот на борбата против криминалот, кои нели по ваша наредба треба да го приведат секој кој не е достапен на истражните органи.
Каде е тука неселективноста ?
Каде се Горде законите кои на секој прес како папагали ги цитирате.

Иво звани info или F1....каде е?
Дa не случајно му се истроши кредитот на мобилниот, па не е во можност веќе пораки да пушта.
Или МВР-то е зафатено со "големите акции" за апсење на познати српски криминалци кои со изнајмен џип, во пепељара преку Табановце шверцуваат 0,30 грама рубини, емералди и сафири.

Кому мачкате очи ?
Зарем мислите дека секој граѓанин на ова држава е заслепен ад вашите агресивни кампањи ?
Или мислите дека вечно ќе ги премостувате (спинувате) тежиштата на настаните во насока која само вам ви одговара.
Што правиме кога ќе ги истрошите сите џокери со кои располагате и успешно манипулирате ?
Како на мене, како обичен граѓанин кој ги следи настаните без влијание на вашата прпоагандна машинерија, ќе ми ја продадете приказната за правната држава, кога гледам дека скоро секој настан....скоро секоја таканаречена борба против криминалот и корупцијата ви е политички или партиски мотивирана.
Или додека ги имате 38-те проценти во ракав, таквите како мене и не се битни ?

Полицајците кои 2001-ва несебично застанаа во одбрана на државата, ги апсевте како поголеми криминалци од терористите на Алка Еда во знак на благодарност.
И тоа за поткуп од две кутии Малборо, пет евра или три кафиња.
Сите се сеќаваме на Табановце, Деве Баир...Богородица....
Тогаш бевте бескомпромисни.
Тогаш требаше да се работи на рејтингот.
Цела Македонија директно ги следеше вашите чепатења....
Новата ера на борбата против корупцијата!
Се прашувам, зошто цела Македонија не разбра дека две третини од истите тие полицајци, после неколку месеци беа ослободени поради недостаток на докази.
Или тоа и не е толку битно за вас.
Вашата цел беше постигната.
Погрешни личности на погрешно место.
Потрошен материјал за повисоки цели.

А денес, кога на дело треба да се докаже неселективноста и бескомпромисноста....МВР затаи.
Зошто ?
Пак повисоки цели.
Дил со ДуИ.
Локални избори.....Претседателски ?
Математика ? Политика ?
Правна држава. Пихх....
Продавајте ги вашите приказни и басни за мали деца на оние кои сеуште веруваат во портокаловата револуција.
Се повеќе се фаќате во замките кои сами ги поставивте.

Во кошарката, има еден израз кој е соодветен термин за вашиот имагинарен поход, а се нарекува грешка во чекори.
За грешка во чекори, се одзема баскетот.
Со многу грешки во чекори, се губи и натпреварот.
Овие чекоречки грешки, се својствени за вискоките центри на кои не им е работата да ја организираат играта.
Проблемот е кога организаторот на играта, т.е. плејмејкерот, се почесто и почесто прави грешка од ваков тип.
Тоа говори дека....или не ги знае правилата на игра.
Или се надева дека судијата нема да примети.
Или е недоветен и недоволно истрениран за местото кое тренерот му го доверил.
 
Еве ја бескопромисноста во борбата против организираниот криминал особено кога Штерјовци си ја спасуваат приватната берза наречена Македонска:

Најголемиот акционер на „Фершпед“ Штерјо Наков, човекот кој со години е на чело на компанијата, својот сопственички удел сега им го подарил на двата сина. За оваа акционерска промена компанијата вчера ја информираше и Македонска берза. Драган и Сашо Наков сега имаат по малку повеќе од 11отсто во „Фершпед“, или вкупно малку над 22 процента. На веб-страницата на Берзата беше објавена информација дека се подарени 4.000 акции на „Фершпед“, односно Драган и Сашо Наков добиле по 2.000 акции. Инаку, Македонска берза вчера по подолго време отиде во зелено. Индексот МБИ 10 забележа раст од 2,58 проценти и изнесуваше 3.618 индексни поени. Остварен е вкупен промет од 44,4 милиони денари.
 
Спектакуларни апсења, борба против криминалот или...ПОПУЛИЗАМ на власта ?

Заклучете сами.

#########################################################

За корупција на патарините ќе одговараат од 150 до 300 лица?

69A9E93540C9F14CA7F54BF31F0B0982.jpg

„Акцијата ’Змиско око‘ е најголема, најдолга и најмасовна операција досега од овој вид која ќе продолжи и наредните денови“, рече Јанкуловска, презентирајќи ги сознанијата дека поголем број лица биле инволвирани во криминалните активности на патарините во земјава. Прикриени агенти на МВР од април годинава со камери инсталирани на такси-возила и камиони го снимале незаконското работење на вработените на наплатните рампи.

#########################################################

Падна обвинетието за Змиско око, само седуммина во затвор

##########################################################

Се тресеше гората, се роди глувче.

Да не беше трагично....ќе беше смешно.

Објаснете сега на Македонскиот народ, зошто падна вашата гордост во борба против организираниот криминал и корупцијата, случајот ’Змиско око‘.

И тоа објасне те го на истиот начин на кој ги објаснувавте и спектакуларните холивудски апсења на почетокот од случајот.

Уа популисти!!!

Ништо не бидна од акцијава а? Пих штета, а баш ме заинтересираа акциони-трилер филмови кои беа надвор од конкуренција за ОСКАР :nesum::tv:
 
Падна обвинетието за Змиско око,само седуммина во затвор

##########################################################

Се тресеше гората, се роди глувче.

Да не беше трагично....ќе беше смешно.

Објаснете сега на Македонскиот народ, зошто падна вашата гордост во борба против организираниот криминал и корупцијата, случајот ’Змиско око‘.

И тоа објасне те го на истиот начин на кој ги објаснувавте и спектакуларните холивудски апсења на почетокот од случајот.

Уа популисти!!!

Само седуммина, кои може да станат два-тројца откако ова ќе помине низ рацете на апелациониот суд !:kesa:
П.С. Мора да се признае, мајсторски одиграа обвинетите-или слобода или ги отвараме устите кои политички партии јадеа од колачот.
 
Ништо не бидна од акцијава а? Пих штета, а баш ме заинтересираа акциони-трилер филмови кои беа надвор од конкуренција за ОСКАР :nesum::tv:

Мој жанр на филмови.
Иако некако крајот ми беше познат.

Напишано на 21-07-08, 16:07
Случај "Змиско око"
Сите го паметиме добро случајот змијско око, гордоста на власта против организираниот криминал.
Но и овој случај, стои на стаклени нозе, бидејќи на уапсените им се одредува притвор врз основа на претпоставена штета која никогаш не беше докажана. Штетата сеуште не е докажана.
Се сомневам дека и овој случај ќе ја добие посакуваната развршница.

Само седуммина, кои може да станат два-тројца откако ова ќе помине низ рацете на апелациониот суд !:kesa:
П.С. Мора да се признае, мајсторски одиграа обвинетите-или слобода или ги отвараме устите кои политички партии јадеа од колачот.

Да да.
Од 150 до 300-те лица на Горде кои требаше да одговараат, бројката се сведе на само 7, со тенденција да останат дватроица како што велиш.

Колку ептен да не се обрукаат ова копуците.
 
ЗАТВОР ЗА 12 ОБВИНЕТИ, ЗА 57 УСЛОВНА КАЗНА
Судскиот процес „Змиско око“ во кој на обвинителната клупа беа 72 контролори или инкасанти на наплатните рампи на „Македонија пат“ во земјава, денеска заврши со затворска казна за 12 обвинети, 57 лица заработија условна казна, а само тројца се ослободени од обвинението за злоупотреба на службената положба.
108E667D3439EC48A2D773829B1E85E7.jpg

Сите осудени се задолжени да ја надоместат штетата од 170 милиони денари.
Од обвинението за организиран криминал беа ослободени сите обвинети, а застапникот од Одделението за организиран криминал Вилма Русковска очекува Апелациониот суд да ја измени првостепената пресуда.

Адвокатите Мирослав Вујиќ и Саво Коцарев најавија жалби до Апелацискиот суд.

- Казните од две години за контролорите, не да се високи, туку контролорите немаат кривично дело и во тој дел за контролорите ќе жалиме, изјави адвокатот Саво Коцарев.

Судскиот совет раководен од судијката Вангелина Маркудова ги задолжи обвинетите солидарно да ја надоместат штетата од речиси 170 милиони денари.

Мерката домашен притвор е укината освен за двајца на кои им се судеше во отсуство и кои заработија по четири казна затвор.

На обвиентите им се судеше во изминатите десет месеци во зградата на Царинската управа.

Ова е верзијата на СИТЕЛ, па сега сами проценете колку ни се независни медиумите и кој кого контролира.
 
Напред „популисти„,
Некои во оваа држава гледаат со туѓи очи и слушаат со туѓи уши(глуви).
Тие на патарина треба да не се судат, веднаш на робија.
Ова е држава бре, нее село без кучиња и не е е Слатино од лицето Б.Ц.
Има закон и законот се спроведува односно почна да се спроведува. Е сега господата што беа научени овие 17 години да прават некои работи кои не се законски малку се замислија и од тоа излезе ова популисти.
Арамишта, еден да не останет.
 
може нема да ги осудат сите ама ќе им дојде памет нема да биде како порано на патариниве
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom