realen_07
Опозиционер
- Член од
- 12 април 2008
- Мислења
- 3.636
- Поени од реакции
- 134
Сега гледам што мислеше под она од ќафасан до ново село, очигледно подалеку не си заминал и поминал...
сите царинарници се вооружани со 7,65, бидејќи тој дел таму претставува граничен појас, нешто кое не постоеше до девеесдругата.
Гледам дека си сериозен во ова дека царинарниците не носат оружје, факт дека подалеку од СДС штабот во Ресен немаш излезено. Добро бе, мислиш возможно е ГРАНИЧЕН ПРЕМИН да биде без вооружени лица? Значи ако одам во полиција во Ресен, вооружен службеник нема да најдам кој носи пиштол? Ало, правиме муабет за граница.
Друго, тоа на јутуб е она што сакав да ти го покажам. High profile arrest. Тука спаѓаат познати убијци, познати доктори кои извршиле криминал, дипломати кои шверцале бело, политичари кои кркале вечери, јавни фаци и НАРОДНИ СЛУЖБЕНИЦИ кои наместо да му служат на народот тие го ебат во мозокот...
Затоа, сите овие погоре што ги спомнавме, и докторот, и царинарниците, и ЗЗ, сите се апсења од висок профил. Зошто треба и мора да се спроведува вакво апсење? Има неколку причини.
Првата е да се покаже дека институциите на државата се сериозни, моќни и нема дупажа со нив (никаква влада да не ми си спомнал, истово ќе го подржував ако и било која друга партија го спроведуваше, ама доследно како за своите членови како за градоначалникот на ајродром, така за ЗЗ)
втората е да даде пример дека ваквите луѓе НЕ СЕ НЕДОПИРЛИВИ, бидејќи тие уживаат во голема углед и почит меѓу народот од погрешни причини (транзиција, крадење на државен имот, општо прифатени норми наметнати од Јане) и да другите како нив се замислат малку.
Трета, овие луѓе се многу моќни во прикривање на доказите и имаат големи количества пари да поткупат судии, сведоци итн. Многу е тешко за еден суд дури и да има цврсти докази, не може да добие судење без сведок. А сведокот и да е тој кој го пријавил ЗЗ, за 1 месец ќе има толку многу пари под перница од Заев што ќе заборави за што го судел. И така ЗЗ ти станува твој херој, и ти го ставаш неговиот портрет во твојата кујна...
Појасно ли ти е сега, или треба да цртаме како во градинка?
Сега гледам и Jас со кого впрочем дискутирам.
Кога Јас ќе ти кажам дека царинарите не носат лично вооружување, тогаш биди сигурен дека знам оти е така.
Стојам позади секој пост што сум го напишал.
Ете сега и ќе ти нацртам.
На граничните премини, полицајците само се вооружани, а царинарите, иако по закон имаат можност да носат оружје, не се вооружени.
Доколку не ти е познато нешто...не се натегај да го докажеш...реков, прво распрашај се, па потоа пишувај.
Инаку за споредбата твоја, немам коментар.
Во Америка се апси убиец, со двајца детективи без оружје...
А тука за поткуп од едно Малборо, и две кафиња, се употребуваат 50 тешко вооружени полицајци, специјалци...и притоа осумдесет посто од нив се ослободуваат после некое време, поради немање докази...(во врска со уапсените полицајци и царинари)
Ти продолжи да споредуваш.
А инаку во голема заблуда живееш, ако мислиш дека оние кои мислат оти владата погрешно работи, по некои прашања...се само од Ресен.
Инаку Ресен е многу убаво градче, кое само двапати во животот го имам посетено. Се друго оставам на твојата бујна фантазија.