луѓе имам 22 години и досега немам прележано заушки...брат ми(17) имаше лани,јас бев крај него цело време но не фатив,исто бев и во контакт со неколку други лица болни од заушки но не фатив(тоа беше лани)...незнам дали сум примал вакцина за заушки,книшка имам од 1997...но,од пред една недела ми открија лесно воспаление на десното белодробно крило и ми одредија терапија,да примам инфузии Линдацин...но пред 2-3 дена почнав да осеќам болки во грлото,како да ме болат крајниците...и така сабајлево се разбудив и имав отоци од двете страни на адамовото јаболко на грлото,или му доаѓа некаде во правец на крајниците,отоците се забележителни и од надвор со голо око...отидов во болницата каде што примам инфузија секој ден и едвај ја убедив докторката да ме прегледа,демек имаше нешто поважна работа...кога влегов во канцеларијата не ме ни виде убаво веднаш ме прати на инфективно со констатација дека сум заболен од заушки...оваа на инфективно не беше сигурна дали се заушки,па ми рече да направам крвна слика...од таму заминав кај друг доктор,кој ја исклучи можноста за заушки поради атипичниот зафатен предел со отоци,истото со 99% сигурност ми го рече и еден друг негов колега...инаку од симптоми за заушки немам ништо(апетит имам,немам температура,не сум малаксан,жвакам без проблем,го мрдам вратот)...па сега јас незнам кому да верувам,а западнав во депресија и стресови...