Linux или Windows?

  • Креатор на темата Креатор на темата Creep
  • Време на започнување Време на започнување

Кој оперативен систем е подобар?

  • Windows

    Гласови: 196 69,8%
  • Linux

    Гласови: 85 30,2%

  • Вкупно гласачи
    281
Kakof windows bre? Linux e najdobro. za se

ај да речиме дека е подобар ама зошто не е поентата само да велиме овај е подобар би требало да се образложи зошто инаку јас не се ограничувам ги користам и двата по потреба
 
Не знам мене подобар ми е Windows a и плус тој го користам и полесно ми е. А Linux ме нервира малце...
 
Веќе станува напорна темава... луѓе коишто немаат појма а и немаат попаметна работа пуштаат безвезни постови ( :locked:?)...

Он топик:
Сумирање:
1. Линукс е постабилен, побрз, посигурен.. ПОДОБАР оперативен систем...
2. Џабе му е се тоа на Линукс кога е (најчесто) комерцијално неисплатлив, нема никаква поддршка од производителите (и на хардвер и на софтвер)...
Со други зборови, џабе ако ја имаш најдобрата цура на свет кога немаш со што да ја... кхм.. испоштуваш... :toe:
Реално земено, со сите тие предности коишто ги има Линуксот пред Џамот, требаше до сега да биде неприкосновен на пазарот... За тоа да се деси, треба големите “сили“ да го поддржат.. а зашто би? Џамот е поисплатлив ...
 
Стабилноста од вируси и напади е бидејќи никој не го користи.

Со поддршка од големите сили,ем ќе се плаќа,ем кога ќе се популаризира,ќе има вируси...

Затоа викам јас Линуксашите кои се разбираат стварно,да викаат дека не е добар,за инат :)
 
Стабилноста од вируси и напади е бидејќи никој не го користи.

Со поддршка од големите сили,ем ќе се плаќа,ем кога ќе се популаризира,ќе има вируси...

Реков стабилност... на самиот систем. Од аспект на менаџирање на СиПиЈу Тајм Шеринг (ме мрзи да шифтам тастатури :) ), меморија и слични глупости ...
Безбедноста е друг аспект (којшто јас заборавив да го спомнам, фала Мац :) )
Точно... кога би бил поактуелен, би бил подложен на многу повеќе напади, но предноста е што Линуксот е така конципиран уште во сржта, што можноста за било каков напад или вирус да предизвика штета се миниминзира колку што е можно.
Колку што можам да приметам, некои Линукс техники против штетници во последно време се применуваат во Џам антивирусите... значи, ефективни се ;)
(или уште еден маркетинчки трк се.. едно од тие две :) )
 
Има едно непишано правило кај создавачите на напастите, да не пишуваат штетен код за слободниот софтвер.
 
Има едно непишано правило кај создавачите на напастите, да не пишуваат штетен код за слободниот софтвер.

Викаш дека е така, јас пак мислев дека единственото правило е таму кај што има повеќе пари.

Да ти илустрирам, слушам по интернетов дека има комбинации од секакви тројанци, вируси, црви за сите познати и непознати пропусти, кои гарант заразуваат сервер, тоа му е целта BTW.
И не бираат Linux, Windows, BSD, се батка по список што ќе најдат отворено ќе го еб*т.

После тоа главна цел му е да ги заразуваат посетителите со исти такви комбинации на зарази кои ги напаѓаат сурферите на тие сервери, т.е. нивните browser-и вклучуваќи го и FireFox.
 
Да ти илустрирам, слушам по интернетов дека има комбинации од секакви тројанци, вируси, црви за сите познати и непознати пропусти, кои гарант заразуваат сервер, тоа му е целта BTW.
И не бираат Linux, Windows, BSD, се батка по список што ќе најдат отворено ќе го еб*т..

Тоа е нормално....збориме за софтверот за домашна употреба..од мене тебе и.....што ќе земат, врвни тајни...во најлош случај формат или имиџ.
 
абе Windows е монопол не за џабе земаат од 30 до 150 евра за една копија на windows... бесплатното е ЕПТЕН поретко подобро или барем на исто ниво...
Немојте ве молам, нарочито за компјутериве што се по училиштата, жив скандал... Linux... А па и што може друго во една сиромашна држава, Windows, ај ти се молам ние немаме пари за други работи па за оперативни системи, ај нека работи колку толку за шо поефтино=бесплатно...
 
Демоне... не ја иксажувај својата глупост и неинформираност на формуов, те молам.
Си уклучил ли нешто повеќе од игрица на Џам (Линукс не ни спомнувам, ќе те збунам) ти во својот беден живот па да можеш да анализираш нешто до толку комплицирано како што е оперативен систем?
 
Стабилноста од вируси и напади е бидејќи никој не го користи.

Со поддршка од големите сили,ем ќе се плаќа,ем кога ќе се популаризира,ќе има вируси...

Затоа викам јас Линуксашите кои се разбираат стварно,да викаат дека не е добар,за инат :)

Не е до тоа шо мислиш, верувај многу луѓе го користат...
Ама наједноставно зашо еден програмер да напраи вирус за слободен софтвер... нема ич да му се исплати... тоа ќе му е само трошење безвезно време...:toe:
Нишо профитабилно нема да извади од софтвер кој е оpen source...:toe:
 
абе Windows е монопол не за џабе земаат од 30 до 150 евра за една копија на windows... бесплатното е ЕПТЕН поретко подобро или барем на исто ниво...
Немојте ве молам, нарочито за компјутериве што се по училиштата, жив скандал... Linux... А па и што може друго во една сиромашна држава, Windows, ај ти се молам ние немаме пари за други работи па за оперативни системи, ај нека работи колку толку за шо поефтино=бесплатно...
Врска нема за шо збориш:smir:
како прво ставија Линукс, зашто е многу постабилен и затоа што нема вируси и компликации за него... и нормално не треба да го форматира пц то на секој месец... многу поиздржливи се... А за џамот се треба да му мислиш, кој антивирус, коа ќе кочи... коа ќе падне и шо ти не знам... и нормално формат на еден месец (зборам за пц кое е користено во образовни институции:smir:)
Од друга страна пак... Џамот за сервер и не го бива многу многу, плус тоа во мрежа не работи баш најдобро... Додека Линуксот за таа работа е доктор!:smir:
Кога се работи за мрежни поврзувања, во твоето школо како и во останатите на еден сервер се поврзани 6 пц-а...
Баш види ја поврзаноста на сите шест монитори, тастатури и глувчиња... се кој каде иде... па ќе видиш за шо ти зборам... таква поврзаност е многу покорисна кај Линуксот и многу поиздржлива... ипак секој ученик ќе си работи свое на својот пц во школо... а професорот ќе го надгледува шо работи, шо отвора кај него на пц...
Трето... Џамот веќе сите го знаеме, едноставен е и незнам шо ти не... а сакаме да постанеме нели е-држава... барем кампањата е таква... и ги поддржувам шо ставија линукс... зашто се шо правиш во него треба да го правиш логички и размислено... а не само да кликаш ок и крај... или инстал и готово... сакам да кажам оти со него и напредуваш повеќе во компјутерската техника :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom