Linux или Windows?

  • Креатор на темата Креатор на темата Creep
  • Време на започнување Време на започнување

Кој оперативен систем е подобар?

  • Windows

    Гласови: 196 69,8%
  • Linux

    Гласови: 85 30,2%

  • Вкупно гласачи
    281
Мислам дека не можете да направите ваква паралела...

Windows иако се купува (се плаќа 500$) е далеку подобар за простата народна маса, која нема врска од тоа што се случува во позадина, дали држела вистата гига рам или 10 гига хард. Задоволни се од ефектите на транспарентност и појавувањерто на прозорците и слични срања кои не се неопходни.

Линуксот е одличен за сервери, оптимизација на користењето на ресурси и т.н. па затоа е повеќе користен во фирмите кои имаат потреба од 1000 корисници да се опслужат во исто време....

И сега? Исто како да споредувате теренец и супер автомобил. Едниот е брз на асфалт ама не мрда во нива. Овај вториот се движи и по асфалт и по ниви и планини. Кој ке го користите зависи од намената, дали ке возите исклучиво по асфалт или не.
 
Почнав со одговор на секоја од забелешките, али да не цепидлачиме беспотребно...

Целиот муабет се сведува на тоа дека основните функции на оперативниот ситем Линксот ги работи многу подобро.
Меморија, процесорско време и сите можни ресурси Линуксот ги менаџира страшно многу подобро. Се друго натаму лесно се менува.

И не, не сум бунтовник без причина... :)

Џиш... споредуваш градски автомобил(win) и убер-теренец(linux) :)
 
Не се сметам за дел од простата народна маса и Linux-от добро го работам, ама сепак не ми се допаѓа. Меморијата и ресурсите ги јаде како луд. Не е само кај мене ова, туку кај сите колеги (да повторам). Компјутерите се средувани од систем администратори, не од почетници. Златен Windows...
 
Меморијата и ресурсите ги јаде како луд.

Мешаш поими... Јадење меморија како луд и кеширање не е исто.
Најголемиот дел од меморијата која што ти ја рачунаш за изедена е кеш на претходно пуштени апликации која што би се искористила за наредниот пат да се стартува апликацијата побрзо ... или ако е потребна за друга апликација би била веднаш достапна онаму каде што е потребна.
 
Значи, премногу меморија ми јаде за истите апликации што ги користам и во Windows.
Моментално имам пуштено Firefox, AMSN, Amarok, Kopete и Thunderbird... Имам 2 табови отворено. За да се префрлам од еден на друг таб чекам по 3-4 секунди. Користи 696MB од рамот. Имам 1 гига рам. CPU Usage ми е константно од 80 до 100%. Со (речиси) исти апликации на Windows, истава машина работи глатко.
 
кај мене не е така. Имам отворено Копете, Амарок, Фајрфокс, и КТорент и пак неам гајле..Чао Виндоус не се префрлам веќе. А и среќен е компјутеров вака без вируси.. :)
 
Кај мене е ваква ситуација: Pidgin, Skype, Evolution, Exaile, FireFox, Eclipse (повремено и MonoDevelop), MySQL сервер и на сето тоа и една VM која од рака зема 1GB RAM на која иде XP со VS2008 и SQL Server или евентуално Provision Access Client на машина во Чикаго... кој од кој погладен за CPU & RAM.
И... иде се глатко... а немам некој ѕвер од машина... Athlon 3000+, 2GB RAM... :toe:
 
кај мене не е така. Имам отворено Копете, Амарок, Фајрфокс, и КТорент и пак неам гајле..Чао Виндоус не се префрлам веќе. А и среќен е компјутеров вака без вируси.. :)

Јас пак имам Vista,и компјутеров е ептен среќен со Kaspersky 2009.

Ама тоа е,ќе се пребацувате на Linux зашто не сакате да користите антивирус.
Сигурно,полесно е да снимиш и конфигурираш Линукс од еден антивирус :kesa:

И да,да не почнувам што се ми е отворено во исто време на Vista,ако веќе ти рачунаш торент апликација како јадење меморија.
Да почнеме,еве пример :

Msn со 3-4 прозорчиња
WMP 11
CS3 со 10 слики од 2-3 мега и 4 psd фајлови
uTorrent
4 фолдери (за наоѓање на сликите за CS3)
Opera со 3 таба
IE со 2 таба

И во сето тоа,кеширано од Vista за други процеси,уште некои 800 мега од 2 гига.
Ако не е јасно,можам да ја пуштам GTA : SA или PES 2008,и пак нема да сецкаат.

И што праиме сега?:helou:
 
Мислам дека, сепак, дискусијава е бесцелна.
Линуксашите секогаш ќе се напрегаат ЗА Линукс... Џамашите (амм... во недостаток на подобар термин) секогаш ќе се напрегаат за Џамовите. Тоа е тоа...

Заклучок на темава, за било кој: Пробај ги двата... види кој повеќе ти одговара... и среќно користи си го тој. :toe:
 
Мислам дека, сепак, дискусијава е бесцелна.
Линуксашите секогаш ќе се напрегаат ЗА Линукс... Џамашите (амм... во недостаток на подобар термин) секогаш ќе се напрегаат за Џамовите. Тоа е тоа...

Заклучок на темава, за било кој: Пробај ги двата... види кој повеќе ти одговара... и среќно користи си го тој. :toe:

Муабетов наликува на борбата помеѓу корисници на Intel и AMD
 
Епа како нема да наликува? Самиот наслов наведува на flaming.
 
Секако дека ќе е борба,но само еден е во право.
Се плашите да откриеме кој? :)
 
Секако дека ќе е борба,но само еден е во право.
Се плашите да откриеме кој? :)

Еве.. јас не се плашам да откријам кој...

ЈАС сум во право! Linux е подобар! :)
 
Тоа е релативно веќе...
Подобар за кој,обичниот корисник? :)
 
За обичен корисник сите ќе се согласиме оти виндовсот им е најдобар, а што останува до другите нас... Сите ќе се согласиме оти Линуксот ти е кај кај подобар од виндовсот... да почнеме, графика на ниво... опции за средување на веб страни охоооо... опции за мултимедија, ајајаааа... стабилност... да не збориме... виндовсот може да падне да го дувнеш, ама за линуксот ќе му треба торнадо... :)
Само којзнае да работи со него... до тоа ќе да е, нали?! :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom