Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.439
- Поени од реакции
- 35.206
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com

Развојот на новата технологија, односно на дизел агрегатите кои поради модерниот начин на вбризгување на гориво трошат многу малку, го направи многу богат изборот на автомобили со мала потрошувачка.
Кога на тоа ќе се додадат и новите системи како start-stop системот кој при возење во град штеди многу гориво или хибридните системи, малите потрошувачи можат да бидат опремени и со посилни агрегати. Иако потрошувачката наведена од производителот на возилото е тешко достижна, посебно во нашите услови во сообраќајот (тргни-застани), таа сепак може да послужи како некој вид на водич при купување на автомобилот.

Првото место мегу најмалите потрошувачи го зазема еден автомобил кој е идеален за возење во град. Smart ForТwo е опремен со турбодизел агрегат со зафатнина од 0,8 литари и развива само 45КС со обртен момент од 110 Nm. Благодарејќи на малите димензии и тежината од само 845 кг. према службените податоци просечната потрошувачка изнесува само 3,3 л/100 км, со што го заслужи првото место меѓу автомобилите со нанјиска потрошувачка. Овој навистина мштедлив автомобил ќе ве чини 9.200 евра.

Адутот на Volkwagen во класата на градски автомобили е на второто место. Изведбата Bluemotion со 1.4 литарскиот дизел агрегат со сила од 80КС чини 16.650 евра. Заради разните доработки, ова изведба према официјалните податоци троши само 3,8 литри дизел на 100 поминати километри, што е одличен резултат за автомобил кој тежи 1.084 кг.

Правилото дека само малите и ефтини автомобили трошат малку ги побива Mini со својот модел Cooper, кој е опремен со 1,6 литарскиот дизел агрегат со сила од 109КС. Иако тежи 1.165 килограми, поради start-stop технологијата која е вклучена во сериската опрема, потрошувачката изнесува 3,9 литри нафта. Основниот модел со дизелски агрегат достигнува цена од 21.900 евра.

Технолошки идентичниот трио Citroen C1, Peugeot 107 и Toyota Aygo го зазедоа четвртото место. Сите три се опремени со 1,4 литарски дизелаш со сила од 54КС, а просечно трошат 4,1 л/100км. Иако разликата во цените е несфатлива, овде се работи за идентични автомобили. Сепак, C1 има цена од 11.780 евра, 107 чини 12.200 евра, а Ауgо 12.810 евра.

Автомобилот кој ја освои титулата за автомобил на годината и многу други награди го зазеде петото место на листата на најмали потрошувачи. Овој италијански убавец е опремен со 1,3 литарски дизел мотор со сила од 75КС, троши само 4,2 л/100км. Иако 16.500 евра не се малку пари за еден таков мал автомобил, Fiat 500 ќе биде еден од најпопуларните автомобили за градско возење.
Кои автомобили би ги додале на листата на најштедливите автомобили во светот?
Кајгана