Епа жалам што не пекам по минатите раководства, и не се клањам на слики од маршалот, оти тие се виновните што сме на ова дереџе, но пеки не се жалам, верувам дека ќе се среди работата..Јас никаде не сум рекол дека Никола никаде не греши,греши, јас само те прашувам тебе, а не добив одговор,еве ќе се дрзнам пак ќе те прашам со директно болдирано прашање..
Зошто ако си толку реален, каков ник впрочем и користиш, Бранко не ти е спомнуван никаде?
Ваљда и тој има некоја грешка направено, некој злочин...Не само Никола го „ребраш“ овде..Или тој е недопирлив на твоите реални експертизи?Не верувам да е толку чист па никогаш не си го спомнал..А се дрзнав да те обојам партиски, зошто гледам дека само Никола го ребраш, а никој од раководителите и премиери од СДСМ не си го ни спомнал, ниту си рекол нешто во нивна штета..Кај тебе владее селективност,па затоа те обоив партиски, и верувам дека не сум згрешил (пролистај низ кајгана ќе видиш дека и не сум единствениот што сум ти го забележал тоа)А за игнор листата?Слободно рокни ме друже, ама како што гледам и многу пријатели имаш!
Ај Kико, уште еднаш да ти напишам, па можеби и ќе се разбереме.
Го разбирам Јас твојот револт спрема некој што го критикува Никола, и кој на потписот го носи неговиот популизам.
Но тоа пријателе не ти дава за право некого да правиш апаш....нели ?
Можеш да ме правиш комуњар,антиреформист, сдсовец, ако сакаш и марсовец напиши дека сум.
Не се лутам ниту кога главната поента во вашите реплики не се моите аргументи...туку припадноста.
Но границата ја замина со следновo:
"Знам дека е тешко да грабаш 16 години"
Со што направи директен атак врз мојата личност, моите убедувања и мојот кредибилитет.
А Јас тоа не можам да го премолчам.
На што треба да се сведе дискусијата на форумов, ако и на мене, гледајќи од тебе, во секој пост, главната поента ми биде бугарштината во ДПМНЕ, за која тука толку многу се пишува...а лично Јас ниту еден пост немам напишано на такви теми, од причина што не верувам во такви глупости...
Или можеби напишам дека Ти си бугарофил, и браниш бугарски нтереси.
Глупости.
Затоа треба колку толку, да се има некоја почит кон соговорнокот...и затоа напишав дека се си има своја граница.
Правото дали ќе се извиниш или не, е екслузивно твое, и Јас тука ништо ти неможам.
Доблеста на еден човек е токму во тоа...
Да признае кога згрешил....и да знае кога да притисне на кумплукот или евентуално да прикочи кога е потребно.
Барем Јас така ги гледам работите...можеби и грешам...којзнае.
Поздрав.