a eve andartot frcko so ima da kaze za ova....izvor a1
Како гледате на последното вжештување на односите помеѓу Скопје и Атина, можеби кулминација на се она што се случување во последните 15-16 години?
Критичната фаза е всушност фаза на разрешница, така што би рекол дека тоа е нормална фаза од тој развој. Има три фази: почетокот, средната, најдолга, кога беше „статус-кво“ и секако, разрешницата, каде работите се одвиваат со забрзан ритам и не треба тоа никого да плаши, нормално е. Во тој забрзан ритам може да ги влечете вистинските, може да ги влечете погрешните, може да сте збунети, може да не се снајдете.
Имам впечаток дека нашиве се обидуваат да не се снајдат намерно. Инаку, завршницата води кон тоа дека треба да се разговара за тие прашања, за тие треба да се сконцентрира, да се фокусира. 75% од проблемот е како да се обезбеди слободата на употребата на атрибутот „македонски“, секако за нас, без дилема, бидејќи ако го решиме само името, без тоа, ние ќе имаме проблем и во ЕУ.
Второто прашање е како да се избере од предлогот имиња она кое е најдобро за меѓународна употреба, замена на ФИРОМ.
Вметнувањето на т.н. егејско прашање даде нова динамика во спорот помеѓу Атина и Скопје. Што може Македонија да добие од ова прашање?
Кога ќе ги гледате нив, навистина е трогателно. Од Владата најдиректно дочекаа македонските институции директно да застанат, да го извлечат напред тоа прашање и тоа изгледа трогателно. Проблемот е во тоа што тоа не е направено со намера да се реши проблемот, туку е направено од популистички инстинкт. На краток рок, Владата добива поени зошто тоа го става, но дека тоа не е сериозно направено зборуваат некои индикатори за нас, кои го знаеме тоа прашање.
Прво, за така крупно прашање мора да се одлучите на две опции. Дали ќе одите на билатерално решавање со договор меѓу две држави, што е многу тешко за нас да го избуткаме тоа сега, можеби кога ќе влезевме во НАТО и ЕУ ќе беше поинаку, и втората опција дали ќе создадете екипи правници кои ќе прават тужби и ќе им помагаат на егејците, дали се наши или не се наши државјани, да одат во приватни процеси на тужење во Стразбур, на Грција. Тоа не е направено.
Во услови кога и Атина и Скопје остануваат цврсто на своите ставови, можно ли е американската дипломатија да пресече и во септември да притисне за конечно изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за името?
Јас многу се надевам, исто како вас, дека Американците и нивната рационалност, нивната стратешка врска со нас, ќе биде посилна од нашата ирационалност и од ова што ни се случува во меѓувреме и дека едноставно во еден голем притисок ќе бидеме избуткани да го разрешиме.
Меѓутоа, проблемот е дека треба да ги завршиме подготовките, треба внатре ние да одлучиме што е најдобро за нас, па околу тоа да дискутираме. Не се дискутира за тоа, имињата се кријат, техничките имиња кои треба да ја заменат кратенката ФИРОМ. Не можеме да расправаме кое е најдобро за нас, за да бидеме подготвени во септември.
izbutkan od narodot e ovoj odamna.cccccc