Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Ада дискусијата ја однесе во погрешна насока.
Почна да ми лепиш тагови и етикети дека сум бил Југо носталгичар brainwashed
за на крај да ме наречеш автодеструктивен тип :pos2:
Ада замисли дека сум вонземјанин од планетата Нибру кој дошол на земјата и се обидува да му објасни на човештвото дека е индоктринирано со патриотизам национализам и остали догми.
Што ќе направиш тогаш?
Што ќе му одговориш на вонземјанинот.
И него ли ќе го етикетираш дека е автодеструктивен и brainwashed?
Знам дека сум дрзок и незгоден соговорник.
Извини :smir:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Кај вистинските патриоти е вроден, кај останатите ВИСТИНСКИ нит го има, нит го имало, нит ќе го има само глумат лудила.
...Пропаѓаме и ни е јасно, ама не признаваме.
Го има кај сите. Вроден, врежан. Само кај некои дреме и треба да се пробуди и разгори.

Ќе пропаѓаме, ако мислиме дека така треба и ако не мрзи да си помрднеме со задникот.
Ама ако секој од нас се освести, и понесен, пред се, од почитта и љубовта за себе како човек (што носи и почит и љубов кон Македонија и кон сите браќа и сестри Македонци) и направи нешто, се активира... тогаш не е се така црно.
Секој носи одговорност сам за себе. И секој одбира што ќе биде.
Обесхрабрен мрчатор, роб, или човек кој активно ја превзема одговорноста во свои раце.
50% од Македонците би се преселиле од земјава по најбрза можна постапка
Ако си кукавица која нејќе да се бори...Ќе бидеш тоа и во Њу Јорк, и на Хималаите...
Промените се случуваат кога ќе одбереме да се промениме како личности, а не кога ќе си ја промениме локацијата на живеење.
Тоа е чисто бегство. Али, бегање од себе нема. И на Северен Пол, ќе си бидеш ти. Ако си неспособен, ќе си останеш неспособен и на минус 40.
Ада дискусијата ја однесе во погрешна насока.
Почна да ми лепиш тагови и етикети дека сум бил Југо носталгичар brainwashed
за на крај да ме наречеш автодеструктивен тип :pos2:
Ада замисли дека сум вонземјанин од планетата Нибру кој дошол на земјата и се обидува да му објасни на човештвото дека е индоктринирано со патриотизам национализам и остали догми.
Што ќе направиш тогаш?
Што ќе му одговориш на вонземјанинот.
И него ли ќе го етикетираш дека е автодеструктивен и brainwashed?
Знам дека сум дрзок и незгоден соговорник.
Извини :smir:
Кога би дошло зелено суштество од Нибру, би мислела како да му објаснам што е патриотизам, што национализам, а што догми (не ги изедначувај).
А, дотогаш, преферирам да разговарам со луѓе кои се од земјава, и со кои имаме некои заеднички предзнаења.
Патем, не етикетирам јас, туку ти се истрча да етикетираш.

Ја етикетираше големата доблест наречена патриотизам како фашизам и демоде, па после продолжи со етикетирање на сите Македонски херои и општо Македонскиот народ како зајаци, кукавици итд.

Потоа, од муабет за патриотизам, стигнавме до how to конверзираш со вонземјани...Значи, дефинитивно некој тоа ја води дискусијата во погрешен правец, но не ќе да сум јас.

И пак ќе ти ја повторам контрадикцијата која ја напиша во еден од претходните постови...Патриотизмот е доблест кај другите народи која ја почитуваш. Кога се работи за Македонскиот народ, тогаш не веруваш во пројава на патриотизам, или и се потсмеваш. Интересно.

Патем, не си дрзок и незгоден соговорник. Сосема си на место.
 

Smoke_a_lot

НЕСОПИРЛИВ
Член од
16 март 2008
Мислења
707
Поени од реакции
63
Малце историја:
Многу одамна за време турска династија мал си ти не знаеш тоа
немало држави, јазици и народи.
Бунтовното човештво почнало да ја гради вавилонската кула со која симболички сакало да му се инаети на Творецот, затоа Бог им ги побркал јазиците за да не можат да се разберат.
Така настанале јазиците.
Со текот на времето лугето почнале да се делат на секти :nesvest: односно да се
групираат...
Така настанале државите.

Малце философија:
Национализмот како еден вид на религија има заеднички точки со поранешните религиозни системи.
Патриотот свесен е за својата зависност од својот национален бог.
Патриотот енергетски е зависен од својот бог и во него го гледа своето совршенство,среќа и бесмртен идеал.
Жртвите паленици и темјанот што ги принесува на националниот бог на патриотот му ја смируваат совеста.
Нацијата за патриотот е вечна, а смртта на нејзините синови ја величат нејзината бесмртност
.

Поента:
Да бидеш патриот значи да дозволиш душата да ти биде контролирана од географија.
За да постои една држава неопходно е да има ограда такозвана граница и јас како патриот треба да му биден вечно захвален на "генијалецот" што ја измислил таа идиотска направа наречена граница бидејќи без неговиот изум јас требаше да направам социјално самоубиство. :nesvest:
Јазиците,народите,обичаите,традициите се артификални творби.
Да не постоеа границите немаше да има ни држави ни философски клучеви ни идентитети ни химни ни знамиња ни грбови.
Македонија има вкупна површина од 25712 сквер километарс, значи цела површина која е надвор од периметарот е помалце вредна само затоа што ја не сум се родил таму :nesvest:
Патриотизам=фашизам
Интернетот у последниве 10 и нешто години муњевито ги руши границите,бариерите,препреките наречени национална свест идентитет итд.

Заклучок:
Патриотизмот има рок на траење.
Да си патриот во овој глобализиран свет значи да си демоде.


п.с
Просто си се чудам самиот на себе како можам до тој степен да пишувам квалитетни постови.
Не за џабе сум Избраниот.

Брачко тоа не е историја,него е приказна од Библијата,така да не ја сфаќај здраво за готово...


Иначе темава е за патриотизам,не за национализам...а постов ми личи како да ти е препишам од учебник по социологија,лекција Секти...и смртта на националните херои не ја величаат нацијата туку како граѓанин на било која држава ќе се осетиш трогнато од тоа како некој човек свесно го ризикувал и го дал за својата татковина.

Поентата е:
Дека границите не се „огради“ туку се столбови на секои 100-200 метри кои ја означуваат територијата...Второ границите се менуваат...и јас сметам дека тие артификални творби многу му се потребни на човекот,бидејќи доколку ги немало,ќе немало Светско првенство во фудбал,би немало ни домашни лиги во фудбал,итн итн,најважно како би се чувствувал доколку не знаеш од кој народ си(исто како сите фудбалски тимови да имаат исти бели дресови),не знаеш кои ти се предци,не би можел да се напиеш и да заиграш оро,не би можел да се собереш со роднините на Св.Никола и да јадеш посно гравче,не би да уживаш го Галичник и Галичката свадба,не би можел да се пофалиш дека потекнуваш од истата држава од која потекнувал големиот освојувач и обединувач Александар Македонски,не би можел да се пофалиш дека во твојата држава имало група на храбри воини кои биле дури и малолетни и жени(комити и ајдуци) кои бестрашно се бореле против поробителите,не би можел да се смееш на итрините на Итар Пејо,не би можел да ги гледаш Македонските Народни приказни.....тогаш би бил безлишно суштество - џукела....самоубиство е кога самиот не знаеш кој си!
Од патриотизам до фашизам имаш дете многу документарци да гледаш и многу книги да читаш.

ДА,патриотизмот има рок на траење.........во душата на лажните патриоти.Во последно време со спорот со Грците одеднаш сите станаа патриоти,а тие што се сметаа за поинакви „кул“ личности-тие станаа анти-македонци...
За да бидеш патриот значи да знаеш од каде потекнуваш,кој е твојот народ,зашто е твојот народ,што постигнал твојот народ?Кога ќе ја сватиш големината на тие дела,ќе се почувствуваш понесен од тоа како мала група луѓе можат да бидат величенствени како безрезерно го отфриле својот живот и почувствувале повик од татковината која молела за слободна и суверенитет.Кога ќе го почувствуваш тој повик да ја браниш својата нација,е ТОГАШ можеш да кажеш дека си бил ПАТРИОТ
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Кога би дошло зелено суштество од Нибру, би мислела како да му објаснам што е патриотизам, што национализам, а што догми (не ги изедначувај).
А, дотогаш, преферирам да разговарам со луѓе кои се од земјава, и со кои имаме некои заеднички предзнаења.
Ада го спомнав вонземјанинот како идеолошки неутрален субјект, а ти и на вонземјанинот успеа му залепиш етикети.
Твојата потсвест во старт го обои вонземјанинот,бил зелен што имплицира естетска деформација, значи дека у старт го потценуваш
за недостоен соговорник.(А вонземјанинот у суштина има IQ 5000 и истовремено одлично ја разбира човечката психа)

Темава многу наликува на темата "11 причини да бидеш атеист/верник".
Постојано нагласуваш дека во секој човек е инсталирана потребата за патриотизам тоа е индикатор дека имаш веќе јасно зацементиран став и се наоѓаш засегната по секоја цена да го одбраниш, без притоа да се потрудиш да ги вклучиш логичките и аналитичките модуси.
Ги ставаш емоциите пред разумот што е погрешно.

Хипотетичка ситиација:
Денеска Ада учествува во научен експеримент во кој се согласува да бие замрзната на 1000 години.
Поминуваат 1000 години, Ада се буди после 1000 години излегува од комората и се шокира.
Светот во кој се разбудила функционира тоатлно различно од светот пред 1000 години, животниот век век на луѓето е 600 до 700 години постои само еден јазик како унифицирано средство за комуникација граници не постојат нации такоге книгите со патриотска содржина се спалени како дословно така и во свеста на лугето.
Не постои ниту еден бајт ниту еден збор кој ќе им асоцира на патриотизам.
Во речникот на луѓето не постојат зборови како патриотизам нација идентитет.
Што ќе направи Ада во тој свет?

смртта на националните херои не ја величаат нацијата туку како граѓанин на било која држава ќе се осетиш трогнато од тоа како некој човек свесно го ризикувал и го дал за својата татковина.


Зошто да бидам трогнат?
Исус рекол "вистината ќе вe ослободи".
Ослободувањето оди преку откупната жртва на Исус.
Не на некој си масон атеист кој умрел за народ кој има животен стандард од 8000 денари со се хранарина и платен автобуски правоз.
Да беше животниот стандард во Македонија како во Словенија ќе речев пеки, жртвите на Гоце Питу и компанија се исплатиле, не била залудна нивната маченичка смрт.

не знаеш кои ти се предци,не би можел да се напиеш и да заиграш оро,не би можел да се собереш со роднините на Св.Никола и да јадеш посно гравче,не би да уживаш го Галичник и Галичката свадба,не би можел да се пофалиш дека потекнуваш од истата држава од која потекнувал големиот освојувач и обединувач Александар Македонски,не би можел да се пофалиш дека во твојата држава имало група на храбри воини кои биле дури и малолетни и жени(комити и ајдуци) кои бестрашно се бореле против поробителите,не би можел да се смееш на итрините на Итар Пејо,не би можел да ги гледаш Македонските Народни приказни.....тогаш би бил безлишно суштество - џукела....самоубиство е кога самиот не знаеш кој си!


Исус рекол кој ја слуша вистината го слуша мојот глас.
Јас сум среќен што го слушам неговиот глас и што сум пријател на најголемиот човек кој некогаш живеел на земјата.
Значи точно знам кој сум јас, пријател на Исус.
Ни Александар Македонски, Наполеон, Хитлер и Тито заедно не извршиле влијание во светската историја како што извршил овој "обичен" столар.

ДА,патриотизмот има рок на траење.........во душата на лажните патриоти.
Кажи му го тоа на еден шестнаестгодишњак кој мирца со другар од Бразил игра DOTA со другар од Америка, оди на одмор кај другарка од Шведска.
Државата као систем за идентификација има рок на траење.
Нејзиното егзистирање во години се брои на прсти.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ада го спомнав вонземјанинот како идеолошки неутрален субјект, а ти и на вонземјанинот успеа му залепиш етикети.
Твојата потсвест во старт го обои вонземјанинот,бил зелен што имплицира естетска деформација, значи дека у старт го потценуваш
за недостоен соговорник.(А вонземјанинот у суштина има IQ 5000 и истовремено одлично ја разбира човечката психа)

Темава многу наликува на темата "11 причини да бидеш атеист/верник".
Постојано нагласуваш дека во секој човек е инсталирана потребата за патриотизам тоа е индикатор дека имаш веќе јасно зацементиран став и се наоѓаш засегната по секоја цена да го одбраниш, без притоа да се потрудиш да ги вклучиш логичките и аналитичките модуси.
Ги ставаш емоциите пред разумот што е погрешно.

Хипотетичка ситиација:
Денеска Ада учествува во научен експеримент во кој се согласува да бие замрзната на 1000 години.
Поминуваат 1000 години, Ада се буди после 1000 години излегува од комората и се шокира.
Светот во кој се разбудила функционира тоатлно различно од светот пред 1000 години, животниот век век на луѓето е 600 до 700 години постои само еден јазик како унифицирано средство за комуникација граници не постојат нации такоге книгите со патриотска содржина се спалени како дословно така и во свеста на лугето.
Не постои ниту еден бајт ниту еден збор кој ќе им асоцира на патриотизам.
Во речникот на луѓето не постојат зборови како патриотизам нација идентитет.
Што ќе направи Ада во тој свет?
Повторно се симнуваш на лично ниво, излегуваш од дискусијата и ме етикетираш. Поинаку, тргнуваш од личната предрасуда дека имам предрасуди, дека сум некој кој еуфорично реплицира и брани нешто, без притоа логички и рационално да го образложи, итд...
Нема ни да се обидам да ги негирам/потврдам претпоставките за мојата личност и мојот ментален склоп. Само ќе те посочам кон моите претходни постови, во кои преку анализа на човечките склоности, изнесени во психологијата, се обидов да дадам објаснување за феноменот наречен патриотизам.

А, за хипотетичката ситуација која ја изнесуваш...
Многу ми е јасно кон што целиш но, истото ја разводнува дискусијава, т.е ја носи во насока која не е суштината, па затоа сметам дека не треба да се раздлабочува.

Свесна сум дека, во некоја далечна иднина, е можно да снема било какви граници и национални, верски, јазични и др. разлики помеѓу луѓето. И тогаш треба да си морон за да фураш некои поделби, кои целото човештво се согласило да ги снема. Можеби дури ќе се загуби и семејството како институција, ќе ослабе и чувството на припадност, со тоа ќе го снема и патриотизмот...Се е можно. Али тоа е шта би било, кад би било муабет, на кој темава не му е место.

Тука збориме за сегашната констелација на нештата во светот, која нема изгледи, барем додека сме живи, да се промени. Ако, ја негираш сегашноста, и се однесуваш како да живееш во свет, во кој нема потреба од патриотизам, тогаш си очигледно не прилагоден, и не реагираш соодветно.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Тука збориме за сегашната констелација на нештата во светот, која нема изгледи, барем додека сме живи, да се промени. Ако, ја негираш сегашноста, и се однесуваш како да живееш во свет, во кој нема потреба од патриотизам, тогаш си очигледно не прилагоден, и не реагираш соодветно.

Кажи му го тоа на еден шестнаестгодишњак кој мирца со другар од Бразил игра DOTA со другар од Америка, оди на одмор кај другарка од Шведска.
Државата као систем за идентификација има рок на траење.
Нејзиното егзистирање во години се брои на прсти.
Ада знаеш која е функцијата на Европската Унија?
Мислам дека ќе ми ја сватиш поентата.
Ада да не беше спорот со името немаше да бидеш ни уопште да ја отвараш темава не камоли емоционално да влезеш во дебата со Избраниот.

Мала статистика:
Површината на македонија изнесува 25712км колкав дел од таа "негова" земја поседува просечниот Македонец?
Милионити?
Десет милионити?
Ни првото ни другото јас ќе ти кажам колку ни помалко ни повеќе туку точно еден милјардити дел поседува просечниот Македонец.
Како може да наречеш за нешто дека е твој посед кога ти со тапија одвај една милјардитина поседуваш од истиот, у атоми изразено тоа доага 20 атоми.:coffee:
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Јас мислам дека сепак е наметната пропаганда...Човекот кога ќе се роди е табула раса а со тек на времето преку своите родители преку рекламите и секакви дури пропаганди почнува да го стекнува и чувството на патиотизам..
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Јас мислам дека сепак е наметната пропаганда...Човекот кога ќе се роди е табула раса а со тек на времето преку своите родители преку рекламите и секакви дури пропаганди почнува да го стекнува и чувството на патиотизам..
Тоа чувство се стекнува со бодрење на својот спортски тим, на репрезентацијата, на сите успеси како земја.. историјата која ја учиш во школо,за маките, подемите и падовите на својот народот во минатото... ете тоа те изградува како патриот, родољубец.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Незнам колку можам да придонесам на темата но само ќе кажам дека јас уште од мал сум бил за Македонија. Од кога паметам од тогаш. Значи на мене ми е тоа вродено. Сега незнам дали е така за сите...

Гледам некој вика дека од протестите наваму бла бла... но треба да знаете дека патриотизмот се манифестира на многу начини и најчесто за негово пробудување треба повод. Но тоа не значи дека патриотизмот го немало пред тоа, само тој бил на офф т.е. мирувал се додека не дојде причина за негова примена. Кога сите сме загрозени ние сме како малите риби во морето. Сите се собираме на купче за да се браниме од поголемите риби. Тоа што не поттикнува е стравот а тоа што не тера да се собираме е патриотизмот.

Знам дека сум нејасен... али толку од мене.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
:helou:Растев за време на југославија ,се гордеев со крушевската република ,првата пушка ,но кога излегував од земјата се декларирав како југословенка. во тоа време многу ми делуваше домашното воспитание .Баба ми од мајка беше србинка а баба ми од татко ми далматинка ,јас навистина се чувствував како југословенка. По распадот и осамосталувањето,многу ми недостасуваа забавните фестивали ,комични серии како и спортските натпревари .Полека почнав поинаку да размислувам и кај мене почна да се јавува чувство за Маќедонија особено по настаните во 2001 и мојот постар син не се сокри ,туку беше во тетово како резервист лекар . Кога бев на митингот организиран по повод името ,првпат осетив голема возбуда кога ја гледав младината и нивните реакции. моите внуци се гордеат што се Македонци . од оваа искрена приказна донесете заклучок како се станува патриот:smir:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ада знаеш која е функцијата на Европската Унија?
Мислам дека ќе ми ја сватиш поентата.
Ада да не беше спорот со името немаше да бидеш ни уопште да ја отвараш темава не камоли емоционално да влезеш во дебата со Избраниот.

Мала статистика:
Површината на македонија изнесува 25712км колкав дел од таа "негова" земја поседува просечниот Македонец?
Милионити?
Десет милионити?
Ни првото ни другото јас ќе ти кажам колку ни помалко ни повеќе туку точно еден милјардити дел поседува просечниот Македонец.
Како може да наречеш за нешто дека е твој посед кога ти со тапија одвај една милјардитина поседуваш од истиот, у атоми изразено тоа доага 20 атоми.:coffee:
Пак ќе ти речам..НЕ го спуштај муабетов на лично ниво. И не се обидувај да го деградираш чувството на љубов кон земјава кое го носам, верувал или не, подолго од месец дена.

А, околу твоето уверување дека светска тенденција е да се рушат границите...Постудозна анализа на глобализациските трендови и последиците од истите, би те уверила во спротивното.
Имено, се повеќе се евидентни контра ефектите од тоа "претопување". Како пример за истото би ти ги дала Американските акции за засилување на патриотското чувство кое ги спроведуваат уште во градинките. Побарај на нет околу активностите за зајакнување на националниот идентиет кое секое школо во САД ги спроведува...Ќе те изненади нивната "не-глобализатроската" содржина.

Инаку, она со статистиката и рачуниците за тоа колку секој "поседува" од Македонија. Извини, друже, ама смешно е и не заслужува коментар.

Јас само знам дека Македонија го поседува сето мое срце. И дека сум нејзина.

Ankica напиша:
Растев за време на југославија ,се гордеев со крушевската република ,првата пушка ,но кога излегував од земјата се декларирав како југословенка. во тоа време многу ми делуваше домашното воспитание .Баба ми од мајка беше србинка а баба ми од татко ми далматинка ,јас навистина се чувствував како југословенка. По распадот и осамосталувањето,многу ми недостасуваа забавните фестивали ,комични серии како и спортските натпревари .Полека почнав поинаку да размислувам и кај мене почна да се јавува чувство за Маќедонија особено по настаните во 2001 и мојот постар син не се сокри ,туку беше во тетово како резервист лекар . Кога бев на митингот организиран по повод името ,првпат осетив голема возбуда кога ја гледав младината и нивните реакции. моите внуци се гордеат што се Македонци . од оваа искрена приказна донесете заклучок како се станува патриот
Анкица, ти благодарам што ја сподели твојата приказна.
Прилично сликовито раскажува како секој Македонец, порано или подоцна, го обзема магијата на љубовта кон својата Земја.

И патриотизмот е баш тоа...Магија, вознес од благородно, возвишено чувство. Чувство на несебична, чиста љубов.
Кој не ја осетил, неизмерно губи.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Јас морам да ве прашам нешто на темава,можда ќе ви изгледа неповрзано,но малку логика и ќе сфатите...

Што пробувате да докажете со потписите и аватарите "Proud to be Macedonian",Македонија,Македонец,Македонско ?
Нели мислите дека со нив,всушност сами си контрирате за патриотизмот?

И што е фората со нарекување на грција = гејлада,кого тоа повредувате?:kesa:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Порано, македонските анархисти биле едни од најголемите патриоти...
Денес, има самонаречени анархисти...кои ни сами незнаат зошто се анархисти...

Јас не сум патриот, туку матриот.

Патриот не е само да пееш патриотски песни и да се лупаш во гради, патриот е да твориш, работиш и развиваш нешто од што ќе има корист твојот народ и твојата земја, а останатите ќе го следат твојот пример.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Јас морам да ве прашам нешто на темава,можда ќе ви изгледа неповрзано,но малку логика и ќе сфатите...

Што пробувате да докажете со потписите и аватарите "Proud to be Macedonian",Македонија,Македонец,Македонско ?
Нели мислите дека со нив,всушност сами си контрирате за патриотизмот?

И што е фората со нарекување на грција = гејлада,кого тоа повредувате?:kesa:
Нешто во стилот на носење IronMaiden маица, ставање аватари и profile layouts со ликови/имиња на омилениот филм (hint, Fight Club)...
Т.е искажување на наклоност/почит/љубов кон нешто преку визуелни симболи. Вродена човечка потреба.

Навистина не гледам како на тој начин си контрираш на патриотизмот.

А, она за гејлада...Лично, не ја нарекувам така. А, оние кои тоа го прават...Веројатно само исказ на гнев кон држава која те негира како идентитет. Можеби не конструктивен, ниту менува нешто...Едноставно, дисплеј на емоција. Не мора да има посебно оправдување.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Друго е,јас немам потреба да докажувам нешто со моите аватари и потписи,или да се опрадувам.

Вие,еве ти конкретно,на кој му докажуваш дека си Македонка?
На мене,на Мистичен,на кого од форумов?

Мислиш дека тоа менува нешто,или требаше Грција да не заебе за Нато,за ние да сфатиме дека сме МАКЕДОНЦИ,и баш како што кажа Трн,да се лупаме во гради непотребно...
Каде бевте лани со овие аватари и потписи?

Гејлада,искажувате такви поими на Кајгана форум?

На кого,на мене повторно?

Мислите дека на грците им е гајле како ги нарекувате на некој македонски форум,мислите дека правите некоја разлика?

Ако некој е нешто,и тука не зборам за патриот само,и вистински верува во тоа,нема да дозволи да го покажува тоа со зборови,туку со дела.
Затоа и сте сами контрадикторни со сето тоа МАКЕДОНСКОТО во потписите,како прво нема смисла,како второ нема цел и како трето нема потреба.
Ама ете,два потписа и еден аватар,роден патриот.
Затоа раперите од Ново Лисиче,никогаш нема да бидат мафијаши и кул,без разлика колку песни во стилот "Ново Лисиче будало" ќе направат.
Затоа вие никогаш нема да докажете дека сте патриоти,со јачање на форуми.

На крај,знам дека поставив многу прашања,и одговорот на сите е ист.
Си докажувате сами на себе дека сте патриоти,ништо повеќе.

А како пи ес,иако сфативте досега,сепак,за мене воопшто не сте докажани патриоти.
Секој може од удобноста на својот дом да направи монтажа во Фотошоп со Грчкото знаме на тоалетна хартија.
Малку се оние кои можат да застанат на грчка територија (иако дел од тоа е нели наша,да не почнеме за глупости да дебатираме овде сега),и да кажат дека се од Македонија.
Без разлика кој стои спроти нив,и колку тоа ќе ги чини.

Сепак,на морална основа,патриотизмот е нешто вродено во срцето,и не мислам дека секој може да го има тоа.
И да,веење знамиња и ставање потписи со Јас (срце) Македонија е тренди.
Вие сте тренди.

А колку сте патриоти,тоа не можам да проценам.
Бидејќи се што правите овде,е на вашите сограѓани им глумите беснило кога ќе пишат дека би оделе во Грција...
И како ли само заборавив,правите фотошоп монтажи (повторно,за нас самите,не дека грк ќе биде повреден нешто) и ја нарекувате Гејлада.

Протестот не ни го рачунам,тоа е должност за секој граѓанин.
Точкест го долови другото,сега заедно чекаме да искочи новата CS4 верзија на фотошоп и Грција да не бутне за во ЕУ.
Ќе има опасни монтажи после нели?:wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom