Еве јас најдов нешто, па повелете читајте.Се надевам нешто ќе ви помогне.
Еве неколку совети каква храна е пожелна, а каква не, за лицата кои патат од несоница.
Па така, овие лица би морале да ги избегнуваат чоколадото, кафето,
разните крци и апетисани, лутата, солената и конзервираната храна.
Од друга страна, за лесен сон се препорачуваат тестенини, ориз, леб,
јачмен, варени јајца, месо, риба, младо сирење и различен зеленчук.
Овие видови храна во себе содржат амино киселини, кои го поттикнуваат
лачењето на серотонинот, инаку невропреносник вклучен во процесот на
спиење и помнење.
Салатата, лукот, кромидот, репката и зељето исто така имаат смирувачки својства што го олеснуваат сонот.
Кон храната што го олеснува сонот спаѓа и чаша топло млеко, кое одлично
делува за ублажување на нервозата и несоницата, но и ја намалува
киселината во желудникот.
Колаче полно со обични јагленихидрати и шоља чај засладен со мед ќе го опуштат мозокот.
Одржувајте рутина – поместувањето на вообичаениот ритем на спиење, обично преку викенд, негативно се одразува на спиењето преку недела.
Одете на спиење кога сте уморни – немојте пред време во кревет со мислата “морам да заспијам„. Ако сепак сте легнале кога ви се спиело, а поради некоја причина сонот „избегал„ , станете, направете нешто што ве релаксира во друга соба, а потоа пак вратете се в кревет кога ќе бидете спремни за спиење. Измачувањето со тоа „морам да заспијам„ само е штетно.