Дали го правите тоа постојано (за секој случај) или по потреба?
Го правам тоа кога ми доаѓа. Он сам си е свесен дека го сакам, но понекогаш додека го гледам, ми доаѓа излив на емоции, и си ја отварам душата, му искажувам многу работи кои ги чувствувам, ги искажувам оние работи кои прават мојата љубов за него да биде поголема од ден на ден.
Го чувствувате ли за одговорност тоа да секојдневно му ги докажувате на партнерот вашите чувства кон него или само кога нешто самиот тој ви забележува?
Значи како што пишав погоре, не ми е одговорност, туку ми е моја лична потреба да си се излеснам. Многу пати ни се има случувано да сме сред некоја гужва, а јас или тој да почнеме со искажување на чувства, тогаш кога најмалку очекуваме.
Како изгледа првото или второто докажување кај вас?
Не знам дали сфаќам на што мислиш со ова прво и второ искажување. Почетните искажувања во врската? Не се ни малку сменети од оние сега.
Кои се ситните или големи работи, кои партнерот најчесто ви ги прифаќа како доволен доказ за љубов?
Се` ми прифаќа. Се` што сум кажала, што сум покажала, што сум докажала... Се` е тоа за него направено со љубов, секоја ситница, или нешто поголемо, што е вистинско и искрено...
И за крај, успешни сте во тоа, ви оди од рака или тешко наоѓате начини да убедите некого дека и колку го сакате?
Порано не сум се ни трудела околу тоа, но од кога сум со него, зборовите сами ми доаѓаат. И он е свесен дека е најсакан на целата планета.
А за оние дополнителните прашања во наредниот пост, немам што да пишам затоа што не сум затворена личност. А за оние кои се, мислам дека кога ќе ја најдат правата личност, самите во себе ќе почнат да си чувствуваат потреба да се искажат пред љубениот/љубената, и тука нема да има место за било каков сомнеж од страна на партнерот.