Едни те исти типови и нивните машинерии од најразличен вид, во континуитет ги напаѓаат само Македноските патриоти, притоа плукајќи, омаловажувајќи ги истите, држејќи лекции од секаков вид и се тоа во својата сопствена држава.
Знаејќи со каква историска тежина е Македонија и Македонскиот народ од сите соседи околу, и нивно континуирано стогодишно мешање во внатрешните работи на Македонија преку пропагандите од 19-от век кои непрекидно продолжуваат и ден денес. Тие едни те исти ,,новинари,, ,,интелектуалци,, ,,колумнисти,, ,,стручњаци,, ,,експерти по општа пракса,, ,,аналитичари,, ,,блогери,, ,,вештаци,, и што ли уште не кои најверојатно работат за нечии туѓи бели дворови (што би рекол Рацин), никако не прават компарација на националистите во регионот.
Зошто при една такав статија во весник не се стави на насловна Македонскиот егзодус, грчкиот национализам и шовинизам и притоа тој да се критикува и да се спореди со Македонскиот? Да се спореди една држава која е во ЕУ и која од буџетот ги плаќа поповите, а ваму ако нашата влада гради црква одма као атакува на секуларизмот, или примерот со веро науката и сл.
Зашто не се обработи бугарскиот национализам, албанскиот национализам, србскиот национализам? Туку само се говори за итака слабиот и недоволно организиран Македонски патриотизам?
За кого работат одредени структури кај нас и чија тоа агенда одработуваат? Чуму да се пласираат вакви тези во сопствената држава? Демек ептен сме биле националисти...ајде де? А другите? Па минатите сто години ние најлоши бевме. Цел Балкан од нашиот национализам глава неможеше да дигне. Палевме и гасевме по Европа со нашиот национализам. Другите се цвеќки беа. Глава не дигнаа кутрите. Глас не пуштија кога не делеа, кога не фрлаа во море, кога колеа, палеа, бесеа, стрелаа, и какви ли ти уште не злодела кои можат рамо до рамо да стојат со злоделата на капларот од Браунау.
Што такви споредби не идат на насловна? Туку се везден ние сме криви, чунки ние сме највоинствената нација во Европа, се везден ние сме иреденти, а другите? А оние кои ги сечеа јазиците, само за да неговорат луѓето на својот јазик? Или тие не заслужуваат внимание, да не се стварала тензија...буди Бог с нама.