Официјална посета на Македонците, во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Па нели се организираме на аеродром да ги дочекаме? Ако си за, ја земаме и реметлијката со нас таман ќе се врати до тогаш..
цццц мене не ме дружите? ќе видите вие...
 
аве, јас уште не дознав кога ќе дојдат.... после 12ти јули ќе биде??
трн, каде е распоредот... ? :)
 
Е браво бе Трнче...Некад вака со некој теми, како знаеш да ме наполниш, то е чудо некое...100 пати браво за иницијативата!
 
аве, јас уште не дознав кога ќе дојдат.... после 12ти јули ќе биде??
трн, каде е распоредот... ? :)

На 11ти пристигаат во 17:30 на аеродромот Александар Велики. Распоредот сеуште го финиширам затоа што сме во преговори, дали ќе си одат на 19ти Јули, или ќе останат до 22ри за да бидат во Македонија за роденденот на Александар Македонски. :smir: Секако дека целиот ќе го постирам, чим се договорам целосно со нив.

Покрај ова, сакам да ве информирам дека невладината организација „Македонски институт 16.9“(на која сум потпретседател :)) ќе има и акција, по повод отворање на Македонско културно катче во музејот на Хунза, за сите што сакаат да донираат книги, материјали, и секаков вид на помош(и финансиска се разбира), со што би успеал проектот за активна културна соработка со Хунза народот.
 
Васил е отстранет од дискусијата заради тролување на бугарски јазик.
Прекршување на правилото за пропаганда и официјален јазик на форумот = бан 7 дена од форумов.

Продолжете со дискусијата и игнорирајте ја оваа порака.
 
На 11ти пристигаат во 17:30 на аеродромот Александар Велики. Распоредот сеуште го финиширам затоа што сме во преговори, дали ќе си одат на 19ти Јули, или ќе останат до 22ри за да бидат во Македонија за роденденот на Александар Македонски. :smir: Секако дека целиот ќе го постирам, чим се договорам целосно со нив.

Покрај ова, сакам да ве информирам дека невладината организација „Македонски институт 16.9“(на која сум потпретседател :)) ќе има и акција, по повод отворање на Македонско културно катче во музејот на Хунза, за сите што сакаат да донираат книги, материјали, и секаков вид на помош(и финансиска се разбира), со што би успеал проектот за активна културна соработка со Хунза народот.
Трн.Мора да ја поканите Ангелина Маркус.Ваљда ја знаеш.Пријателка е со таткоми и таја ке ви донира во тоа катчето мног матријали шо има таја пишано и друго.Ако немаш контакт кажи ке ти дам ама мора да ја викните.Сигурно ја знаеш ако си по Антикава

За тој што не ја знај еве има и страница за себе
http://www.angelinamarkus.com/
Видете во дела само колку има објавено.Појкето ги имам дома и се многу јаки
 
Трн.Мора да ја поканите Ангелина Маркус.Ваљда ја знаеш.Пријателка е со таткоми и таја ке ви донира во тоа катчето мног матријали шо има таја пишано и друго.Ако немаш контакт кажи ке ти дам ама мора да ја викните.Сигурно ја знаеш ако си по Антикава

Џо, треба јас и ти малку подобро да се запознаеме :)

Ја знам Ангелина, и таа е веќе запознаена со деталите околу Македонското катче во музејот како и повеќето Македонисти од нејзин ранг.:smir:

Патем, симболот, односно, логото на „Македонски институт 16.9“ е токму македонскиот симбол на вечноста:
vecnostzablogps6.jpg
 
Многу ми е мерак на душа што наши браќа, Македонци, од далеку ќе дојдат, ако ништо друго во 17.30 ќе бидам на аеродромот Александар Велики со едно големо знаме Македонско да ги пречекам.
Впатем ја имаат мојата мојата гостропримливост во мојот скромен дом на Скопското кале, тврдина на Јустинијан први, ако е во план.
 
На 12 Јули, на плоштадот Македонија, ќе има концерт и народен собир во чест на нашите гости од Хунза!

Штотуку е договорено ова, наскоро ќе провртат и флаери и плакати низ градов.
 
трн, да го ем... на 12ти тргам за Мк, а многу би сакал да дојдам, ама тек на 13ти ќе стигнам во Мк......
каде ќе може на друго место да ги видам... кога?
распоредот што го спомна, кога ќе го пуштиш да го видиме... ?
 
На 12 Јули, на плоштадот Македонија, ќе има концерт и народен собир во чест на нашите гости од Хунза!

Штотуку е договорено ова, наскоро ќе провртат и флаери и плакати низ градов.


Kakov koncert ke bide?
Koi ke bidat ucesnicite na koncertot?
Dali Grujo ke gi primi gostite i Parlamentot?
 
Kakov koncert ke bide?
Koi ke bidat ucesnicite na koncertot?
Dali Grujo ke gi primi gostite i Parlamentot?

Концертот ќе биде на 18.07.2008 во соработка со агенција за млади и спорт. Планирано е да настапат културно уметнички друштва, оркестри и пејачи, и нормално да се обратат ценетите гости.


Груевски ќе ги прими гостите веднаш по нивното пристигање на 11ти.
 
Трн, кај нас нема традиција на славење на роденденот на Александар Македонски.
Или има ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom