Лига на шампиони 2008-2009

Статус
Затворена за нови мислења.

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Значи подобар меч годинава во ЛШ немам гледано секоја чест и за 2та тима.
Оваков меч немам гледано, па да не претерам, ама ќе да биде некаде од финалето меѓу Милан и Ливерпул 3-3, Ливерпул кога станаа прваци.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
За тоа ќе праеме муабет утре :helou:
Нека помине подобриот:toe::smir:

Оваков меч немам гледано, па да не претерам, ама ќе да биде некаде од финалето меѓу Милан и Ливерпул 3-3, Ливерпул кога станаа прваци.
Ни тој натпревар не беше толку интересен како денешниов.
Тогаш головите паѓаа по 3 во полувреме, а сега беше гол за гол и напнатоста беше уште поголема. + имаше 2 гола повеќе:):baeh:

Инаку за мене овој натпревар беше подраматичен и од минатогодишното финале. Возбуда и Адреналин....:vozbud:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Честитки до фудбалерите и навивачите на Челзи и со срека понатаму!!!:smir:

Гладијаторска борба помегу двете екипи понатаму реално продолжува подобриот од овие два меча а тоа се фудбалерите на Челзи кои заслужуваат за местотт каде што се сега!

Се надевам дека Ливерпул сега порастеретено ке игра и ке си го земе трофејот кој му е преоритет оваа сезона во Премиер Лигата.:vozbud:
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
Вистински празник за обожавателите на фудбалот се случуваше на „Стенфорд бриџ“, на реванш средбата од Лигата на шампиони помеѓу Челзи и Ливерпул беа постигнати осум голови. Жестока борба на целиот терен во која фудбалерите на Челзи успеаја да се вратат од негатива од два гола по првите 45. минути.
Во првото полувреме „Црвените“ на Рафа Бенитез беа подобриот тим на „Стенфорд бриџ“ и успеаја да постигнат два гола, со што упатија заканувачка порака до момците на Гус Хидинк, кои на домашен терен ја бранеа предноста од 1:3 од првиот натпревар на „Енфилд“.
Најпрво Бразилецот Фабио Аурељо го отвори натпреварот, по киксот на Петар Чех, прекрасен гол од слободен удар постигна крилниот одбранбен играч на Ливерпул.

Јунакот од првиот натпревар за Челзи, српскиот интернационалец Бранислав Ивановиќ направи фаул во шеснаесетникот над Чаби Алосно, кој веднаш потоа биеше прецизно од белата точка за предност на крајот од првиот дел за Ливерпул од 0:2.
Второто полувреме го отвори голот на Дидие Дрогба. Нафрли Николас Ањелка, Дрогба успеа да ја чепне топката доволно за Пепе Рејна да си постигне помалку смешен авто-гол во 50. минута.
Само седум минути подоцна централниот дефанзивец на Челзи, Алекс ја „скина“ мрежата на Ливерпул преку слободен удар за израмнување 2:2.
Франк Лампард биеше прецизно по одличната асистенција од Ањелка за 3:2 на 15. минути до крајот. И кога сите очекуваа дека Ливерпул ќе се откаже Лукас Леива од дваесетина метри постигна прекрасен гол.
За само две минути Ливерпул успеа да го изедначи резултатот, преку Дирк Кајт, асистент беше Арбелоа. Но Лампард ја „закопа“ целата надеж за Рафа Бенитез на минута до судиското надополнување.
Гус Хидинк - Рафа Бенитез

ИЗВОР - http://www.a1.com.mk/vesti/fudbal/default.asp
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Кој и да изгубеше ќе ми беше жал.Двајцата тренери се велемајстори.Таков динамичен фудбал може да се види еднаш на 5 години.И тактички и физички спремни 100%(Ливерпул без Џерард).Да не паднеа заедно сигурно двете ќе одеа понатаму.Уште еднаш честитки до двата тима.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Кој и да изгубеше ќе ми беше жал.Двајцата тренери се велемајстори.Таков динамичен фудбал може да се види еднаш на 5 години.И тактички и физички спремни 100%(Ливерпул без Џерард).Да не паднеа заедно сигурно двете ќе одеа понатаму.Уште еднаш честитки до двата тима.
Челси без Тери и Босингва :smir:


За вечер моите по малку невозможни очекувања се:

Арсенал - Виљареал
Порто - Манчестер Ј.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.754
Поени од реакции
43.942
Челси без Тери и Босингва :smir:


За вечер моите по малку невозможни очекувања се:

Арсенал - Виљареал
Порто - Манчестер Ј.
Брат ти се надеваш на тоа..Ако гледаш малце пореално ќе сфатиш дека е тешко изводливо
 
К

*Каталонец*

Гостин
Вечерва очекувам победа од Порто и Арсенал :)

Немојте да ме заебете, молим вас !!
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Брат ти се надеваш на тоа..Ако гледаш малце пореално ќе сфатиш дека е тешко изводливо
Има разлика од надевање и очекување, друже :helou:

пр. Се надевав дека нема да имам единици на тромесечие, ама очекував 2 :toe:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.754
Поени од реакции
43.942
Има разлика од надевање и очекување, друже :helou:

пр. Се надевав дека нема да имам единици на тромесечие, ама очекував 2 :toe:
Можда очекуваш,не знам.Но сепак сите навивачи на Челзи и Барса се надевааат да отпаднеме ние и Арсенал
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Можда очекуваш,не знам.Но сепак сите навивачи на Челзи и Барса се надевааат да отпаднеме ние и Арсенал
Нема везе тие што се надеваат. Ако Порто ви здене голови како минатиот пат ви нема спас. Ова е фудбал. Сите може да победат. Ете мислевте дека и дома ке ги скинете Португалците али ви докажаа дека не се слаби.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Можда очекуваш,не знам.Но сепак сите навивачи на Челзи и Барса се надевааат да отпаднеме ние и Арсенал
Мене ми е на некој начин сеедно.

Сакам да отпаднете, за евентуално ако играме финале да играме со (релативно) послаб противник.

Од друга страна сакам да ви вратиме за минатата година...


:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom