Вистински празник за обожавателите на фудбалот се случуваше на „Стенфорд бриџ“, на реванш средбата од Лигата на шампиони помеѓу Челзи и Ливерпул беа постигнати осум голови. Жестока борба на целиот терен во која фудбалерите на Челзи успеаја да се вратат од негатива од два гола по првите 45. минути.
Во првото полувреме „Црвените“ на Рафа Бенитез беа подобриот тим на „Стенфорд бриџ“ и успеаја да постигнат два гола, со што упатија заканувачка порака до момците на Гус Хидинк, кои на домашен терен ја бранеа предноста од 1:3 од првиот натпревар на „Енфилд“.
Најпрво Бразилецот Фабио Аурељо го отвори натпреварот, по киксот на Петар Чех, прекрасен гол од слободен удар постигна крилниот одбранбен играч на Ливерпул.
Јунакот од првиот натпревар за Челзи, српскиот интернационалец Бранислав Ивановиќ направи фаул во шеснаесетникот над Чаби Алосно, кој веднаш потоа биеше прецизно од белата точка за предност на крајот од првиот дел за Ливерпул од 0:2.
Второто полувреме го отвори голот на Дидие Дрогба. Нафрли Николас Ањелка, Дрогба успеа да ја чепне топката доволно за Пепе Рејна да си постигне помалку смешен авто-гол во 50. минута.
Само седум минути подоцна централниот дефанзивец на Челзи, Алекс ја „скина“ мрежата на Ливерпул преку слободен удар за израмнување 2:2.
Франк Лампард биеше прецизно по одличната асистенција од Ањелка за 3:2 на 15. минути до крајот. И кога сите очекуваа дека Ливерпул ќе се откаже Лукас Леива од дваесетина метри постигна прекрасен гол.
За само две минути Ливерпул успеа да го изедначи резултатот, преку Дирк Кајт, асистент беше Арбелоа. Но Лампард ја „закопа“ целата надеж за Рафа Бенитез на минута до судиското надополнување.
Гус Хидинк - Рафа Бенитез
ИЗВОР -
http://www.a1.com.mk/vesti/fudbal/default.asp