Дали некој знае кој му е на Исус Христос татко?

  • Креатор на темата Креатор на темата Petar-Taz
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јуни 2008
Мислења
4
Поени од реакции
0
Темава ми беше за ова поставена затоа што ме интересира ..
Па кој знае нака ми објасни
 
Христијаните сметаат дека Исус е Син Божји, второ лице(ипостас) на Света Троица, испратен да донесе спас и помирување со Бога преку простување на човечките гревови.

Исто така, христијаните веруваат дека Исус е роден од девица и дека воскреснал третиот ден по распнувањето на крст.


Следееејчи?
 
тоа е една од мистериите на 21от век..
премногу чудно но во Библијата никаде не се спомнува овој податок
 
Господ Христос.:)
Исус е Син Божји, а бил одгледан од Јосиф и Марија. Сега појасно?
 
еве линк од википедија пишува малце поопширно
 
isus e zacnat od svetiot duh vo telo na devica,inace on e zivotot patot i vistinata koj pie od nego nema nikogas da ozedne tuku ke ima vecen zivot
 
Еве еден извадок од Библијата за Родословот на Господ Исус Христос.
Евангелие според Матеј
...
1 Книга за родословот на Исус Христос, син Давидов, син Авраамов.
2 Авраам го роди Исаак, Исаак го роди Јаков, а Јаков ги роди Јуда и неговите браќа;
3 Јуда го роди Есром, а Есром го роди Арам;
4 Арам го роди Аминадав; Аминадав го роди Наасон, а Наасон го роди Саломон;
5 Саломон го роди Вооз со Раав; Вооз го роди Овид со Рута, а Овид го роди Јесеј;
6 Јесеј го роди царот Давид, а царот Давид со жената на Урија го роди Соломон;
7 Соломон го роди Ровоам; Ровоам го роди Авија, а Авија го роди Аса;
8 Аса го роди Јосафат; Јосафат го роди Јорам, а Јорам го роди Озија;
9 Озија го роди Јоатам; Јоатам го роди Ахаз, а Ахаз го роди Езекија;
10 Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амон, а Амон го роди Јосија;
11 Јосија го роди Јехонија и браќата негови за време на преселувањето во Вавилон.
12 А по Вавилонското преселување Јехонија го роди Салатил, а Салатил го роди Зоровавел;
13 Зоровавел го роди Авиуд; Авиуд го роди Елијаким, а Елијаким го роди Азор;
14 Азор го роди Садок; Садок го роди Ахим, а Ахим го роди Елиуд;
15 Елиум го роди Елеазар; Елеазар го роди Матин, а Матин го роди Јаков;
16 Јаков го роди Јосиф, мажот на Марија од која се роди Исус, наречен Христос.
...
Но сепак ако продолжите да ја читате Библијата ќе сватите дека Тој не бил син
на Јосиф и дека тој не сакал да ја земе Марија за жена се додека не му било кажано на сон дека таа била зачната од Светиот Дух. :)
Јас се изнапишував и да напоменам дека не одговарам на противнички атеиситски мислења :helou:
 
јас мислам дека е попаметно да почекате сабајле мики ќе ја видит темава и ќе ви објаснит...:helou:
 
Tatko na Isus e Jehova.
Не е Јехова
Татко на Исус е Бот Отецот
Зошто Исус кога бил пред правосвештениците им рече вака
И ви велам ќе го видите Синот човечки како седи десно од отецот.
И кога е на крстот вели Татко во твојте раце го предавам мојот дух.
 
јас мислам дека е попаметно да почекате сабајле мики ќе ја видит темава и ќе ви објаснит...:helou:

Секако дека ќе објаснам. Одговрот е посреден и гласи вака:
- Отецот го раѓа Синот во Небесниот свет, на начин кој и за Светиите е непознат. За да нема забуна, Светие само го прифаќаат факот дека Отецот го раѓа Синот, без понатамошни „философирања„. Значи, во Небесниот Свет, Синот е роден без биолошка мајка, онака како што е редот во овој свет.
- во овој, материјалнитов свет, СИнот Божји го „користи„ телото од човекот Исус. Синот Божји, пошто е дух, пошто е бестелесен, за да стане видлив и за да може да стане дел од материјалниов свет, го користи телото/плотта од човекот Исус, роден од Дева Марија., Оттаму и доаѓа догматот за двојната Христова природа: Христос е истовремено и Син Божји (поради Неговото духовно потекло ) но и Син Човечки, поради Исус, преку кого Синот се овоплотува и доаѓа во нашиов, материјален свет. Мајката Божја Го раѓа Христа по Неговото безгрешно зачнување, преку осенувањето од Светиот Дух. Мајката Божја е биолошка мајка Христова.

Да поедноставам: како што Синот Божји е роден од Отецот во духовниот свет (на непознат начин) без биолошка мајка, така и Синот Божји а воедно и Син Човечки , се раѓа во овој свет без биолошки татко, онака како што е редот на зачнување и раѓање кај луѓето. Светиот Дух е само „преносител„ на Синиот Божји во овој свет, па така, Синиот Божји, овоплотен во Исуса Христа, ги поминува сите биолошки фази од зачнување до раѓање, преку мајката Божја.

Се надевам дека не бев нејасен.
 
Бог=бог
Син божји=бог
Бог+син божји=два бога
Колку богови има христијанството?????
Иако заборави да го споменш и Светиот Дух...Сепак одговорот е еден.
 
Ова ко еден почесен член на форумот познат по Мултиперсоналити:vozbud:
Не бре:vozbud:..Нешто многу поедноставно..Како што ти или јас сме составени од тело душа и дух..а сепак функционираме како едно..Така и нашиот Бог според чие наличје сме создадени е единство на Отец, Синот(Исус) и Светиот Дух...
Инаку одговорот на прашањето на темата може да се даде со еден цитат..
Кој, иако беше во ликот Божји, не го сметаше како нешто приграбено
- тоа што е еднаков со Бог, туку се лиши Самиот Себеси, земајќи лик на
слуга, станувајќи сличен со луѓето. Филипјаните 2:6,7
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom