- Член од
- 28 јануари 2007
- Мислења
- 511
- Поени од реакции
- 228
Два шумски пожари регистрирани се изутрината на планинскиот масив Кајмакчалан, додека грчките медиуми јавуваат за шумски пожар на 100 метри од македонската граница.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи, двата пожари на македонска страна се во исклучително непристапен терен, а растојанието на едниот од другиот пожар изнесува седум километри.
Првиот пожар се наоѓа во местото викано Северна страна до сртот Змејце, активен е три дена, на површина од 120 хектари и е во приземна форма.Вториот пожар е во близина на караулата Милетина коса, каде гори квалитетна бела и црна борова шума.Поради непристапноста на теренот од страна на ЈП „Македонски шуми" е побарана помош во гаснење од воздух.Според грчките медиуми, пожар избувнал синоќа на 100 метри од границата со Македонијa
Горите горат, волци вијат...ќе биде опасно деновиве што следат по планините Македонски...
Рикна лавот, ќе биде крв!