еве ќе ти пишам неколку причини кои не се однесуваат само на охридскиот табиет:
-кога сум на одмор сакам да искулирам, а не да се тепам за лежалка на плажа која ми ја наплаќаат ко на свети петар кајгана ко да е којзнае кој луксуз
-до сега со исклучок на еднаш не сум била во асален апартман, секаде се делат тоалети, кујни итн, за хигиена да не збориме, менување постелнина во апартман може одма да заборавиш
-повеќето од апартманите-собите што се рентаат не се воопшто предвидени за туристички намени, туку се дел од нечие нормално живеалиште
-топла вода за туширање исто со тешки рестрикции
-возење со такси,пази да не бекнеш зошто ако се деси тоа пиши одма дупла цена
-заден пат ги разгледуваме црквите низ охрид, кадешто насекаде се наплаќа 50дена влез (прват тоа билокаде да видам) срам ми беше на гостите што ги шетав да им кажам дека се плаќа, а уште повеќе дека за нив ко за странци е поскапо т.е 100ден, со која логика незнам.
-плаќање сметка во кафич стрикно со мени пред тебе,зш искачаат некои феноменални математички нелогичности
-паркинг наоѓање исто научна фантастика
И уште мал милион ситници кои не ми текнуваат во моментов.
Атер од Злобница, да најдам тро време во полемикиве да и кажам збор два да не се осетит изоставена. За то време, Гаго слободно побарај ми мислења на кои не ми е реплицирано мене (или ко шо би рекол ти, не се прочитани). А можеш и на сите воопшто, добра студија ќе е
За првиот дел, хотел му е мајката, ако секоја година си некасметлија и налетуваш на чурук домаќини. Малку поскапо ќе платиш, али ќе бидеш услужена на ниво. Или па јави се, ќе средиме нешто приватно а асално, ама со време.
За вториот дел, синиот: Се сложувам дека доколку не се претворени во музеи, во црквите не смее да се наплаќа влез. Ете, ова е можност за убава кампања. Ако се музеи како Аја Софија, Килисе Џамија и така натака, и да платиш влез да не ти е жал, музеј си е музеј секаде во светот.
Паркингот е ужасен, и е РЕАЛЕН проблем. Не и нерешлив, ама за решавање треба да се случат ПРВО темелни промени во инфраструктурната поставеност и прогноза за развој на Охрид во наредните 30, 50 и повеќе години, а како ВТОРО да се скроти алчноста кај многу МАКЕДОНЦИ ( не викам Охриѓани, бидејќи за урбаниот хаос во Охрид виновни се со заеднички - тврдам - сили локалната самоуправа во координација со министерството за транспорт и врски).
За сметка во кафиќ, повисока него реална... Не биди параноична Мила

Не е дек сакаме да крадиме, математика не знајме. А сега озбилно, се надевам дека кај шо си го забележала ова си го известила газдата.
Јас ако ми се случи, најверојатно саркастично ќе му дофрлам нешто на келнерот, и нема да му текне да му се повтори.
За првиот дел имам уште да ти зборвам, ама нема овде, зш темава е за друго.