и плус... скапи ви биле лежалките... ? па ви кажал ли некој дека не е задолжително ако одиш на плажа дека треба да земеш и лежалка? (ако ви е неприфатливо да лежите на песокот) ама секој луксуз дополнително се наплаќа...
Ама вие никако да сфатите. Мора да е до климата...
Не е дали некој не тера да одиме.
Не е дали некој не тера да се возиме со такси.
Не е дали некој не тера да пиеме Нескафе.
Не е дали некој не тера да купуваме основни прехрамбени продукти од продавач кој те гледа како да сака да те тепа.
Никој не не' тера нешто, тоа го разбравме. Затоа и ќе ве бојкотираме.
До друго е. Чукнете си ги главите и размислете.
Уште не ви текнува?
Немора одма да реплицирате, размислете па пишете.
Треба некој да не тера, а не да не одбива со никаков однос. Свашта еј.
Се што понудивте за охридскиот MEGA FAIL туризам е "никој не ве тера" и "немојте да идате"?
Браво.
Има заинтересирани за заеднички излет (одмор) на Маврово или во Преспа? Да направиме една фина репортажа која може да ја погледнете и да извадите заклучоци од неа. Нормално, во неа ќе има изјави и од угостителите/домаќините. Да научите некоја лекција за туризам.
Имате езеро, има природна убавина, има поволна агресија кон Грција, а вие упорно идете со глава во ѕид. "Никој не ве тера" еј... :zid:
Бојкотот за оваа година можеби пропадна, крај на јуни е. Ама свеста полека се подигнува.
Наредната 2009, во мај/јуни цело Скопје ќе биде излепено со освестувачки плакати. За неприликите во Охрид и приликите во другите туристички дестинации. Слики, банери, освестувачки пароли, извадоци од цитати на охриѓани кои велат дека не им требаат македонски туристи. Мора да се мавне еден шамар на охридскиот туризам. Ем ќе освестиме еден народ, ем ќе им помогнеме на другите Македонци кои живеат од туризам да живнат малку.