Гласај: Бојкот на Охридскиот туризам: Сложно, да "неидаме"!

Чисто да се преброиме, колку луѓе се подготвени да го бојкотираат.


  • Вкупно гласачи
    247
Статус
Затворена за нови мислења.

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
никогаш не сум била повеќе од 3 дена во охрид и не ми се ни свиѓа многу тој град
како прво може езерото е чисто ама водата е премногу ладна
за парите..можеш на море да отидеш да истите пари и поубаво да си поминеш без некој да ти вика види ги скопјаниве вака прават онака бла бла...
и македонскиот народ се смета за еден од најгостопримливите ама охриѓаните баш и не се
 

joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Во која друга туристичка метропола може да видиш толкава убавина?
Па дури ни во Спрингфилд полицајците не носат таков чорап.

А тоа со вецето и говорницата е автентичен охридски изум.
Ти имаш дома телефон, јас ако сакам да зборам на говорница морам да се качам на столче. Прајслес туризам! : )

Каде прочита дека имам спомнато нешто за цените?
Ама сепак благодарам за искрениот одговор, тоа се цени. Да беа сите охриѓани како тебе, одморот на илјадници туристи ќе беше повеќе од задоволителен.
Не можеш да му замераш на Охрид за лапсусите од типот: Чорапа, Име на Дуќан пошто тоа не е локален, ами државен проблем. Тоа е класичен македонски синдром. И на Скопје како главен град, кој треба да е најрепрезентативен овие работи му се далеку од непознати.
Јас уште не сфаќам од кај ги наоѓате луѓено кај што отседнувате. Мислам стварно. Мајками издава соби преку 10 години, се знае со доста луѓе кои го прават истото и повеќето од нив се врвни домаќини, фини луѓе, кои инвестираат повеќе од што добиваат. Ова со вецево и говорницава...Пред да дојдете, распрашајте се мајкему или одите преку агенција за смештајот. Разликата во цена е мала, услугата светлосни години подобра од онаа на бабите што спијат на автобуска.

Цените ми дојдоа рандом, пошто и претходно се спомнувани.

Мистичен, сериозен си за ова со студирањето? Дека парите ни се од вас? Хахахах, ова е навистина претерано. Не знам кој математики користите, но ставање туристи на лето не носи повеќе од 1000 евра во сите три месеци. Тоа не е малку, но е далеку од клучна сума за студенски живот. Ете ние на пример редиме туристи чисто ради покривање некои ситни дупки. Многу се ретки тие фамилии што буквално живеат од тоа. Башка имаат цели куќи преуредени во апартмани. Кафанџиите, хотејлерите и сопствениџите на шанкови по плажи се оние што имаат екстремни летни заработки.

Пак ќе речам, проблемите со кои се соочувате ко туристи ги имаме и ние како жители на Охрид. Само што малку ги издраматизиравте работите.
За разлика од вас, јас едвај чекам да дојдам Скопје :)
И да, Ејсид, благодарам за убавите зборови. Само колку за илустрација, има уште мноогу луѓе што го делат мојот став. Очигледно таквите не сте ги запознале. Баш штета.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Мистичен, сериозен си за ова со студирањето? Дека парите ни се од вас? Хахахах, ова е навистина претерано. Не знам кој математики користите, но ставање туристи на лето не носи повеќе од 1000 евра во сите три месеци.
Да, ако имаш една двокреветна соба толку е.

Што правиме со оние кои издаваат по 5-6 соби? Да не ги заборавиме и оние со куќи на неколку спрата, апартмани? 10 луѓе сместени = 100 евра дневно = 3.100 евра месечно = околу 10.000 евра по сезона, кои се сосема доволни и за студентарија, и за живот преку цела година.

Кафанџиите, хотејлерите и сопствениџите на шанкови по плажи се оние што имаат екстремни летни заработки.
А катастрофална услуга. Не нудат price for the value. Го разбираш сега револтот? :)
 

Tanes

Ништо Море!
Член од
23 јули 2006
Мислења
664
Поени од реакции
6
Е море Асид море...... Ко ќе идаш охрид убо ти е а ко ке дојт за летовање нечинит..... Не ги сакаме македонциве прво зш ептен се ценкет ево јас издавам соби 17 кревети имам.... ко ќе дојт Скопјанец прво се ценкат после ќе ти скршит нешто вкуќа беља ќе напрајт... и зато со странци поубо се работат!!!! Имет стандард како шо ќе ми влезет вкуќа така излегвет.... зато ак не ви седиат имате и други места слободно дојте !!
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Од кога знам за себе секоја година поминувам во Охрид по 2месеца +
За смештај неам благе везе какви се цените зашто си имам куќа таму (год блес мај грендед нели) ама цените им се као на Ибица и Миконос .. ако не и поскапи
За таксистите уопште не ни правам муабет .... Синоним за Диво ти е охридски таксиста ... Кај се некултурни,кај немаат благе везе од англиски (бар 3 збора да склопат) па уште и наплаќаат ко од Скопје до Охрид да си се возел ...
Ова со Скопјанишча педеришча е каде каде вистина ... а нешо се пожали човек на услуга или нешо,одма у фаца пие "Да моите и ензероно со лаица че ни го изедите и разно разни глупи охридски финти"
Џандарине у Охрид се прича за себе .... не дај боже да си од друг град и да влезеш у фрка со охриѓанец ... мамето мамино ... Ќе направат се само да те понжат и да ти покажат кој е ГЛАВЕН
За тоа дека охриѓаните се љубезни ... да ... 10% од нив се љубезни ... останатите мало морген....
И ај ај да не глуматаме дека Охрид не зависи од Скопје .... па секоја година Охрид буквално се претвара во Скопје.....
Колку пари ќе ви остави странец бе ? сигурно нема 20 пати повеќе од скопјанец ... Него ај ... ви се свиѓа дека можете да ги вртите као телиња и да им наплаќате 20000 пати повеќе пошто пола од нив ни валутата не ја знаат.:tapp::tapp:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Е море Асид море...... Ко ќе идаш охрид убо ти е а ко ке дојт за летовање нечинит..... Не ги сакаме македонциве прво зш ептен се ценкет
Ете, типичен Охриѓанец.
ево јас издавам соби 17 кревети имам....
Иииии, абе ти си бил богат бе. 170 евра дневно, 5.000 евра месечно, 15.000 евра по сезона. Свеќа треба да им палиш на Скопјаните.

и зато со странци поубо се работат!!!! Имет стандард како шо ќе ми влезет вкуќа така излегвет
Да, ама реалноста е што тие странците се само мал и незабележлив процент, а останатото се туристи од Македонија. Затоа, цени ги, не плукај по нив.

.... зато ак не ви седиат имате и други места слободно дојте !!
Епа затоа е кампањава, поради ваквите ставови охридски, баш сакаме да видиме како ќе ви биде само со странци. Дали ќе станете Монте Карло или ќе се опраите во мозокот.
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Aко не одите во Охрид, ве чекам во Преспа:helou:
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
И да знаеш дека е во план како подобро решение :)
Ако идете побарајте не, мене, Апокалипто, Зафркната, ќе помогнеме околу сместување и друго што ве интересира:smir:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Што правиме со оние кои издаваат по 5-6 соби? Да не ги заборавиме и оние со куќи на неколку спрата, апартмани? 10 луѓе сместени = 100 евра дневно = 3.100 евра месечно = околу 10.000 евра по сезона, кои се сосема доволни и за студентарија, и за живот преку цела година.
Ова е малку претерана пресметка. Факт е дека сезоната не е три месеци. Се знае кога е шпиц и најгусто. Од 15 јули до кај 20 август. Да се убиеш не може 3 месеци постојано да си фул.
Не може да се пресметува така, сепак во јуни и крај на август е послабо. Не се 10.000 евра, ни приближно не се.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Ту бе, никогаш сум немала проблем со охриѓани, а секое лето се наоѓа некој што ќе ги пцуе после 15 дена легачење по охридските плажи.

Ко мала не се ни сеќавам колку плаќавме за соба во хотел, ама последните неколку пати бевме во приватно сместување и собата беше ПРЕубава и со разумна цена.
Минатото лето направиле некои измени и собата беше поделена на пола и делуваше многу мала, ал ок-пријатно беше и цената беше намалена нормално.
На плажата секој ден ни чуваа лежалка и една гратис ни даваа дури :), а и храната не беше нешто многу скапа.

Што знам, јас сега за сега немам зашто да се пожалам. Си го сакам Охрид и немам никаков проблем и годинава таму да одам.:)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не се согласувам со бојкотов.
Охрид е македонски град. Во Охрид сум своја. Каде и да одам во странство, сум странец, во Охрид сум дома.
Јебига, има и такви кои што се намќори, има секакви. И кај едните и кај другите.
Јас најискрено кажувам дека јас досега некои проблеми (со чест на исклучоци) во Охрид, со Охриѓани не сум имала!
Не ми се допаѓа ова бојкот. Не ми се допаѓа.
Сега и Охриѓани треба малце помеки да бидат и да не го етикетираат секој Скопјанец, бидејќи во тие спаѓам и јас, а јас не сакам да бидам ставана во групи со луѓе кои домашното воспитување го забораваат дома.
Ако некој ви даде сугестија, не мора одма да рипате по него и да му викате ако сакаш не иди. Има луѓе кои најдобронамерно ви ги даваат сугестиите и вие одма негативно се поставувате спрема нив. Има луѓе кои и не се од Скопје кои даваа свои забелешки и пак муабетот накај Скопјаништата го свртевте.
И Скопјани, навистина не ми е јасно зашто за цените се буните искрено. На кеј ви одговара 120 денари нескафе? Нормално е цените да рипаат, ако не па, туристички град е. И јас сум за да биде поскапо во границите на нормалата, а во Охирд па и не е толку скапо. Лани во Будва плаќав 4 евра за едно такво слично на Рико.
И кај едните има работи што што треба да се сменат и кај другите.
Јас Охрид го сакам таков каков што е. Најубав и најпрекрасен. За мене е тој бисер. И никогаш нема да го бојкотирам.
 

joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Да, ако имаш една двокреветна соба толку е.

Што правиме со оние кои издаваат по 5-6 соби? Да не ги заборавиме и оние со куќи на неколку спрата, апартмани? 10 луѓе сместени = 100 евра дневно = 3.100 евра месечно = околу 10.000 евра по сезона, кои се сосема доволни и за студентарија, и за живот преку цела година.


А катастрофална услуга. Не нудат price for the value. Го разбираш сега револтот? :)
Мислам дека ми се споменати во постот тие кои имаат цели куќи адаптирани за издавање :) Плус ти секој ден за празник го сметаш ха? Не е баш така розево, не се секогаш пополнети датумите ;) Пак ќе ти речам, таквите на прсти се бројат. Ипак за нигде е изјавата: Благодарение на нас, вашите деца студираат. Таквиот инфериорен стаф кој го зафаќате ги револтира сограѓаниве. Ништо друго. Затоа се јадат лајна за "Скопјаништана". А иначе ви го сфаќам револтот Мистичен. Го сфаќам зошто и за мене нема лежалка на плажа, зошто и мене ми скокаат луѓе над глава за да поминат, зошто и татко ми нема кај да ја паркира колата. :)Повеќе не ни одам на плажа. Во најбезобразните лежи кешицата.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Не се согласувам со бојкотов.
Охрид е Македонски град.Во Охрид сум своја.Каде и да одам во странство,сум странец,во Охрид сум дома.
Јеби га,има и такви кои што се намќори,има секакви.И кај едните и кај другите.
Јас најискрено кажувам дека јас досега некои проблеми (со чест на исклучоци) во Охрид,со Охриѓани не сум имала!
Не ми се допаѓа ова бојкот.Не ми се допаѓа.
Сега и Охриѓани треба малце помеки да бидат и да не го етикетираат секој е*ан Скопјанец,бидејќи во тие спаѓам и јас,а јас не сакам да бидам ставана во групи со луѓе кои домашното воспитување го забораваат дома.
Ако некој ви даде сугестија,не мора одма да рипате по него и да му викате ако сакаш не иди.Има луѓе кои најдобронамерно ви ги даваат сугестиите и вие одма негативно се поставувате спрема нив.Има луѓе кои и не се од Скопје кои даваа свои забелешки,и пак муабетот накај Скопјаништата го свртевте.
И Скопјани,навистина не ми е јасно зашто за цените се буните искрено.На кеј ви одговара 120 денари нескафе?Нормално е цените да рипаат,ако не па,туристички град е.И јас сум за да биде поскапо,во границите на нормалата,а во Охирд па и не е толку скапо.Лани во Будва плаќав 4 евра за едно такво слично на рико,а да не зборам шо со потсмев беше кажувано тоа Македонка.
И кај едните има работи кај што треба да се сменат и кај другите.
Јас Охрид го сакам таков каков што е.Најубав и најпрекрасен.За мене е тој бисер.И никогаш нема да го бојкотирам.
Не разбирам само како можеш Охрид со Будва да го споредуваш ... па макар и било според цени
И за цените се буниме зашто се 4 пати поскапи од тоа што треба да се ... ај да речеш поскапени 10,20,50% ... али да дуплираш .... тоа не иде .:uvo:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom