Владо Таневски - осомничениот за убиствата од Кичево

Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Го сменив насловот на темата.
Претходниот беше премногу инкриминирачки, иако нема доказ ниту за неговите убиства, ниту пак за наводното самоубиство.

Судска медиција денес пратила известување до семејството на Таневски дека настапила насилна смрт. Ова штотуку беше објавено во вестите на Канал 5 во 17 часот. Чекаме повеќе детали околу случајов.
Можеби си требал да ја преименуваш во: „Мистериозна смрт на осомничениот Танески„ или „ Смрт под мистериозни околности во тетовскиот затвор„... Пологично ми делува. А за инкриминираноста, јеби га, па така и е.:toe:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Не се дискутира само за мистериозната смрт, затоа не е преименувана така.
Се дискутира за се поврзано со Владо Таневски. Да не ги заборавиме и жртвите.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610
На ТВ кажаа дека две од убиствата несомнено е дека ги сторил тој..
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
На ТВ кажаа дека две од убиствата несомнено е дека ги сторил тој..
На ТВ кажаа и дека се удавил во кофа со вода, замисли. :)
Не сакам за претпоставки да дискутирам, поготово кога се обвинувачки. Туку за факти.

Кога ќе има докази (освен оние дека тој пишувал во весниците повеќе отколку што објавувала полицијата - што и не е некој доказ за убиство, нели?), тогаш ќе кажеме дека бил ѕвер.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610
На ТВ може да кажат и дека го убил Кенеди, нели ? За да биде убиец, треба судот да каже така.
Истовремено кога го кажаа тоа на ТВ, јас тука го постирав и изјавија дека имало несоборливи докази за Таневски,за две убиства..Сега не знам, дали лажеле, дали не, јас само тоа што го слушнав го пренесов тука..
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Истовремено кога го кажаа тоа на ТВ, јас тука го постирав и изјавија дека имало несоборливи докази за Таневски,за две убиства..Сега не знам, дали лажеле, дали не, јас само тоа што го слушнав го пренесов тука..
ОК е тоа Кико, само јас преферирам судот да го прогласи за виновен. Ти текнува ли за несоборливите докази против Д-р Дејан Докиќ ? Во тој контекст, судот е тој што ги цени доказите и суди.:smir:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Болка и срам за семејството без пресуда!



Го бранев докторатот со солзи во очите, сведочи синот на Владо Танески, кој живее во Словачка
Даниела Трпчевска
Дваесет и осумгодишниот научник Ѕвонко Танески во јуни годинава на Филозофскиот факултет во Нитра го одбрани својот втор докторат за словачко-македонските книжевни и културни врски. Стаписан од болка од семејната трагедија која се случи само неколку дена претходно, кога пристигнаа вестите од родното Кичево дека неговиот татко, новинарот Владо Танески, е осомничен за убиство, а потоа и пронајден мртов во тетовскиот затвор, младиот научник, сепак, смогна сили да го одбрани научниот труд тежок 250 страници, на кој макотрпно работеше со години. Целосно посветен на научната работа, тој во неа изнаоѓа сила за да се избори со болката, срамот и мистеријата која го обвиткува кичевскиот случај.

Ѕвонко Танески, помладиот син на новинарот, е истакнат поет, научник, книжевен критичар, есеист, книжевен преведувач и редактор кој веќе пет години живее и работи во Словачка. Дипломирал на катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје во 2002 година, а докторирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот Коменски во Братислава, на катедрата за словачка литература и литерарна наука. Вториот докторат го одбрани пред еден месец на Филозофскиот факултет во Нитра со тема „Словачко-македонски книжевни и културни врски“.

Во словачките високи кругови е добро познат и поради неговите ангажмани како прв лектор по македонски јазик на катедрата за словенски филологии на Филозофскиот факултет во Братислава. Тој е и првиот Македонец кој од 2006 година е почесен член на Клубот на независните писатели на Словачка.

„Во Братислава предавав неколку предмети, оформив македонистичка библиотека со околу 500 книги. Издејствував македонскиот јазик да влезе во студиската програма на Филозофскиот факултет во Братислава. Имаше иницијатива да биде отворен лекторат по македонски јазик во Братислава, но за тоа никогаш не беа одвоени средства од Македонија“, вели Танески.

Младиот научник од есен повторно ќе предава на Универзитетот во Нитра, за што добил финансиска поддршка од Словачка. „Јас сум личност што студиозно ги работи своите проекти, се обидов да добијам поддршка од тука, но не сум човек што се наметнува, па се помирив со тоа. Барав прв пат Македонија да отвори лекторат во Словачка и да ја искористиме поддршката што ни ја дава оваа земја. Филолошката фела ме поддржа, но процедурата заглави во овдешните лавиринти кога требаше да се одвојат пари за да се поддржи проектот“, објаснува Танески.

Неговата желба да се врати во земјава и да се занимава со научна работа од неодамна како да е сосема потисната. „Ако до пред извесно време се двоумев, отсега ми се смени таа оптика на гледање и се' помалку размислувам за враќање во земјава. Во Словачка, стручноста, пред се', повеќе се цени“, коментира Танески. „Македонија секогаш ми е мила и ме влечат патиштата наваму, но прагматичноста ми вели дека треба да останам во Словачка. Таму нема ниски удари, ставање сопки, секој си ја гледа својата работа и има дух на живеење полн со култура“, додава тој.



„Кога татко ми Владо дојде кај мене во Словачка, му светеа очите од радост. Беше горд на мојот успех. Живееше за своето семејство“, вели неговиот син Ѕвонко: семејна фотографија од свеченото врачување на дипломата за докторатот на Ѕвонко Танески лани во Братислава


Со тага се потсетува на последната посета на Македонија во мај годинава, кога со словачка делегација учествувал во потпишувањето значаен договор меѓу Универзитетот во Скопје и Универзитетот во Нитра. „На 10 мај заминавме од земјава и, на враќање од Охрид, татко ми Владо ни организираше ручек, по што не' испрати за Скопје. Тоа беше последниот пат што се видов со него“, раскажува растреперено Ѕвонко. Тој со огромна топлина и љубов раскажува за својот родител, кој во ноември минатата година допатувал за да присуствува на врачувањето на докторатот во Братислава.

„Кога Владо дојде кај мене во Словачка, му светеа очите од радост. Беше горд на мојот успех. Живееше за нас, беше горд на своето семејство“, вели неговиот син Ѕвонко.

На бранењето на вториот докторат на Универзитетот во Нитра во јуни годинава младиот научник замина со големо бреме и товар на душата. Само неколку дена пред големиот настан, пристигна шокантната вест од земјава.

„Мајка ми ми се јави во саботата наутро и ми кажа што се случило. Вклучив Интернет и плачот не можев да си го дефинирам – дали од срам или од болка. Веста беше објавена и во Словачка. Пријатели кои дознаа што се случило ми се јавуваа постојано, но не морав ништо да им објаснувам. Никој не поверува безрезервно во приказната. Нивниот единствен коментар беше: зар е можно вакво нешто да се случува во Македонија во 2008 година, во земја која се смета за демократска држава“, раскажува Ѕвонко.

Но, и покрај големиот шок и болката, сепак, морал да остане во Словачка. „Неколку дена по случајот, ја имав одбраната на вториот докторат на Универзитетот во Нитра, датум кој се договара пет месеци однапред и доколку го откажев, ќе имав последици на работа. Дотолку повеќе и превозот од Словачка до дома е ограничен и се резервира една недела однапред“, вели Танески во чиј глас се' уште се чувствува шок и сомнеж околу целиот случај. „Не сум стручен да коментирам за или против обвинението на татко ми. Но, мораше да има процес и да се докаже на суд дали навистина е виновен за убиствата на жените. Вака, целиот случај претставува болка, срам и огромна мистерија“, раскажува Ѕвонко, кој деновиве престојува во семејната куќа во Кичево.

Родното место го потсетува на раното детство, но и на пасијата на татко му Владо за новинарството. „Беше вљубен во својата професија и секогаш сакаше да ја докаже вистината. Вистината е понекогаш слепа во државава, но по подолг временски период, моите процени се дека вистината можеби ќе излезе на виделина. Ако се направени и некакви можни пропусти во целата истрага на случајот, не знам дали некој ќе има доблест засега да се извини за тоа“, вели младиот Танески.

Покрај безрезервната поддршка и утеха што им ја дава на своите најблиски, него летово го очекуваат бројни настапи на семинари и собири во земјава и во Словачка. По вторпат младиот научник со свој реферат треба да се претстави на литерарната конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, а потоа и на големиот македонистички собир во Охрид, на кој се поканети над 200 научници од светот. Во септември го очекуваат неколку научни симпозиуми во Словачка. Минатиот месец излезе од печат на словачки јазик неговата монографија „Модели на метафорична слика во поезијата на Јан Ондруш“, осврт на делото на овој модерен словачки поет, кој беше номиниран за Нобелова награда. Ѕвонко наскоро очекува светлината на денот да ја види и неговата стихозбирка „Чоколадо во портфолио“, во издание на „Блесок“.

„Посветен сум на научна работа и тоа ме држи да гледам кон иднината“, заклучува Ѕвонко, кој со своите 28 години веќе има два доктората зад себе и широко отворени врати за успех во научната работа во Словачка и пошироко.

Извор : Утрински Весник
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Смртта на новинарот Танески и натаму енигма
Крвави траги на челото и на носот и модринки на вратот и на грбот се гледаат на фотографии снимени од истражните органи на телото на новинарот Владо Танески по неговата смрт во затворот во Тетово. Овие фотографии само ги засилуваат сомневањата на семејството и на судските вештаци за тоа како настапила смртта кај Танески, неполни два дена откако беше притворен во тетовскиот затвор. На фотографиите до кои дојде Канал 5, се гледаат повредите за кои и Институтот за судска медицина се сомневаше дали можел сам да си ги нанесе давејќи се во кофа со вода како што беше објаснета неговата смрт. Ако главата му била најдена во кофата со вода, како ги добил повредите на лицето и на носот? Се гледаат и изразени модринки на едната страна на вратот, на грбот и на прстите на рацете.


Официјално Институтот за судска медицина соопшти дека смртта кај Танески настапила со давење, но одби да се произнесе дали сам се удавил или некој му помогнал во тоа, поради низата пропусти што ги направиле истражните органи пред да го дадат телото на обдукција. Во допис пак до семејството, Судска медицина вели дека смртта настапила насилно. Задушување заради удавување, пишува во документот. Семејството бараше одговор што е разликата помеѓу самоубиство и насилна смрт.


Токму поради сомневањата дека Таневски не можел сам да се удави во кофата со вода и за толку кратко време, тетовското обвинителство побара да се отвори истрага. Наредено е да се земе биолошки материјал од тројцата затвореници со кои Танески ја делел ќелијата и од чуварите кои биле на смена за да се утврди дали некој од нив е вмешан во случајот.


Во затворската ќелија со Танески биле Изаир Фаризи осомничен за убиство и Алберт Иљази и Нусрет Адеми осомничени за изборни инциденти. Дали се готови анализите и што покажале ќе се знае за десетина дена, по завршување на годишниот одмор на обвинителот што го води случајот.


Кој ли беше тој „добродушен„ што му „помогна„ на овој кутар човек кога му беше најтешко ?!:nesum:
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Од досието на Владо Танески недостига важен документ



Вештаците велат дека документот со кој на Танески му бил одреден притвор е повлечен, бидејќи е судски неиздржан
ГОСТИВАР – Истрагата за кичевскиот новинар Владо Танески, кој беше осомничен за убиство на една кичевка, се затвора, но во неговото досие недостига документот врз чија основа судот му ја изрекол мерката притвор во траење од 30 дена. Како што дознаваме од гостиварскиот суд, во досието на Танески има писмо од Институтот за судска медицина, испратено на 23 јуни, во кое бараат повлекување на известувањето што го доставиле само еден ден по приведувањето на новинарот. Но, таквото известување кое послужило како основа за поднесување на кривичната пријава и за одредување на мерката притвор на Танески, поради сомневање дека ја убил Живана Темелковска, го нема во неговото досие!

Во гостиварскиот и во кичевскиот суд велат дека не знаат каде е овој важен документ, но од Институтот за судска медицина ја разрешуваат дилемата – документот бил повлечен од нивна страна, бидејќи бил издаден привремено.

„Стануваше збор за привремен документ кој итно беше побаран од нас за да ја ’покрие’ постапката против осомничениот. Тој документ се базираше на претходно обезбедени докази, кои укажуваа на совпаѓање на биолошкиот материјал на Танески со оној на убиената жена. Но, ова писмено известување не може да биде употребено во судска постапка, бидејќи не содржи ниту наод, ниту мислење, ниту резултати од вештачењето“, вели директорот на Институтот, Алексеј Дума.

Такво образложение било наведено и во писмото кое Институтот го испратил до судот на 23 јуни годинава. „Заради итноста на правната постапка и инсистирање на обвинителот и оперативците од МВР, издадена е само кратка информација без ниту еден елемент за вештачење. Заради тоа, Институтот за судска медицина не може да стои зад овој документ, бидејќи не ги задоволува критериумите и правилата за судска експертиза, заради што го повлекуваме“, се наведува во дописот доставено до судијата Драган Билевски од Основниот суд Кичево.

Правните експерти што ги консултиравме се зачудени како може Институтот за судска медицина да даде известување врз чија основа на Танески му е изречен притвор, а само два дена потоа документот да биде повлечен како „неупотреблив во никаква судска постапка“?

Но, Дума објаснува дека „судот најверојатно сметал дека ќе може да помине само со првична анализа, без да има потреба да ги плати комплетните анализи од вештачењето“. „Судот бил должен да ги побара дополнителните анализи и комплетните резултати од вештачењата за случајот „Танески“, а за кои требаше да платат за да им бидат доставени“, вели Дума. Тој тврди дека сите анализи што биле побарани од Институтот во врска со расветлување на случајот „Танески“ се завршени, но дека од тетовскиот и од гостиварскиот суд никој не дошол да ги земе резултатите.

„Направивме анализи и споредби на биолошкиот материјал на Танески со жртвите пронајдени на Стража и кај стадионот. Но, иако ни беше најавено, досега не е побарано да направиме проверка на совпаѓање на ДНК на осомничениот Танески и убиената Митра Силјановска, која беше пронајдена кај недоизградената сала во Кичево“, вели Дума.

Според него, најголем проблем е ненамирувањето на финансиските долгови кои судовите ги имаат спрема Институтот. Само за случајот „Танески“, досега се направени вештачења кои чинат 30 илјади евра, додека за сите испитувања направени во изминативе десет месеци, Институтот не може да наплати долг од 500 илјади евра.

Истражниот судија во Гостивар, Елјеса Алиу, најавува дека по добивањето на обдукциониот протокол за смртта на Таневски, како и извештајот од Институтот за извршените ДНК-анализи, ќе биде запрена постапката и предметот ќе биде затворен. Истрагата против Танески, кој беше осомничен за убиството на Живана Темелковска се затвора поради смртта на новинарот, кој беше пронајден удавен во кофа со вода во тетовскиот затвор. (К.К.-Д.Т.)


Се забошотува ли случајот Танески ?
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Досието за случајот „Танески“ се затвора


Обдукцискиот протокол покажа дека смртта на Танески настанала со давење во кофа со вода
ГОСТИВАР - Досието за случајот „Танески“ се затвора, потврдија одговорните во Основниот суд во Гостивар. Истрагата против покојниот новинар Владо Таневски од Кичево, осомничен за убиство на Живана Темелковска, извршено на 17 мај годинава, е завршена. Прибрани се сите писмени докази за убиството на Темелковска, како и извештајот со ДНК-анализа на биолошките материјали кај Таневски што го изработи Институтот за судска медицина во Скопје.

Основниот суд во Гостивар завчера го доставил досието за „Танески“ во гостиварското Јавно обвинителство, кое ќе треба да го разгледа и да даде мислење. Имено, Обвинителството треба да му предложи на судот запирање на истражната постапка против Танески. Ова е во согласност со членот 137 од Законот за кривична постапка, каде што стои дека постапката се запира ако во истиот период додека трае обвинетиот умре.

„Сите истражни дејства се завршени“, информира Кристе Николоски, претседател на Основниот суд во Гостивар. Собрани се докази за смртта на Владо Танески во тетовскиот затвор. Станува збор за записник од извршениот увид и за обдукциски протокол. Во обдукцискиот протокол што го изработи Институтот за судска медицина е забележано дека смртта на Танески настанала со давење во кофа со вода. Меѓутоа, не е објаснето дали е самоубиство или убиство, односно начинот на давење.

Во оваа фаза на истрагата Николоски не сакаше на јавноста да и' ги соопшти резултатите од ДНК-анализата и наодите од извршената обдукција на телото на Танески. Тој не' упати во Основното јавно обвинителство – Гостивар, кое е надлежно да информира за содржините на значајните доказни материјали.

Но, Основното јавно обвинителство во Гостивар од 5 ноември остана без прв човек и сега нема кој да дава информации. Имено, Хабиљ Илјази е на нова функција откако е избран за обвинител во Вишото јавно обвинителство во Гостивар. (К.К.)

Танески ја однесе тајната за својата смрт во гроб...Во гроб ја однесе и мистеријата со убиените жени, кои и по неговата смрт изгледа исчезнуваат...
Во воздухот останаа да лебдат повеќе прашања, кои останаа неодговорени... Се самоуби Танески или беше убиен ? Како е можно да се самоубиеш со давење во кофа со вода ? Ако не е самоубиство, кој е убиецот и кој е мотивот ?
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Смртта на Владо Танески го прогонува цимерот од затворската ќелија

Потресно сведоштво на притвореникот Нусрет Адеми од затворската ќелија на новинарот
Даниела Трпчевска
„Дваесет и трети јуни беше многу лош ден за нас. Да не си во моја кожа и на другите двајца притвореници во ќелијата 4 во тетовскиот затвор, кога го видовме Владо Танески во кофата со вода. Да не си во нашата кожа. Ден-денеска не можеме да спиеме ноќе и сликата со неговото мртво тело ни е пред очи. Кој ќе одговара за тоа?“

Со овие зборови Нусрет Адеми (29) од полошкото село Неготино ја започнува приказната за случувањата во тетовскиот затвор и мистериозната смрт на Танески за кои што се' уште нема вистински одговори. Кога околу два часот по полноќ го разбудил силен вресок, Адеми вели дека двајцата други притвореници веќе биле будни пред него. Во темната и неосветлената просторија, тврди тој, го видел Танески како лежи во бањата, а во собата притвореникот Изаир Фаризи панично врескал: „Се самоуби, се самоуби!“

Осум месеци по настанот, Адеми во центарот на Гостивар вели дека се' уште се будел ноќе, оти сцената од бањата и мртвото тело на Танески постојано му се враќале пред очите.
Адеми првпат јавно говори за неговата средба со кичевскиот новинар, разговорите меѓу четворицата „цимери“ во ќелијата, за краткото пријателство со Владо со кого го споделиле последниот оброк, за долгата јунска ноќ, кога ни трите црвени апчиња за смирување не им помогнале да заспијат.

Со Нусрет разговаравме во центарот на Гостивар. Иако при секој обид досега официјално да дознаеме нешто за него, не' убедуваа дека „никој не знае каде е“ (дури и судот има распишано потерница по него за учество во изборни инциденти), Нусрет го пронајдовме со само еден телефонски повик.

„Некој ако сака да ме најде, веднаш знае каде сум. Или во Неготино или на работа во касарната“, вели Адеми, кој е вработен во армијата. Иако е преокупиран и загрижен околу судењето за изборните инциденти, кое го очекува на 27 овој месец, тој се согласи за „Утрински весник“ и за екипата на познатата француска телевизија Канал + детално и долго да зборува за последната ноќ на Танески во тетовскиот затвор.

Најбизарната приказна за која огромен интерес се' уште покажуваат странските новинарски екипи, започна на 22 јуни кога кичевскиот новинар беше приведен поради сомнение дека ја убил пензионерката Живана Темелкоска. По ноќта помината во кичевската полиција, Танески во саботата попладне беше префрлен во тетовскиот затвор на издржување на 30-дневниот притвор.

Во малата и скудна ќелија број 4, Танески веќе го чекале тројца притвореници. Двајца од нив приведени за изборни инциденти, третиот за убиство на 14-годишно девојче.

Тоа била првата средба на четворицата, чија дружба траеше само едно деноноќие.

„Ќелијата беше мала - две метра на едно и пол. Кога дојде Владо Танески јас веќе бев два месеца во притвор. Го донесоа навечер. Беше сабота и чуварите го донесоа кај нас. Му понудивме да јаде, но тој одби. Седевме заедно, таму делевме се' што имавме. Кога си во притвор не се гледа ниту националност, ниту вера, ниту друго. Таму се гледа само пријателството, кој да куртули и што побрзо да излезе од таму “, вели Адеми, присетувајќи се на првата средба со Танески.


Разговорот меѓу тројцата „староседелци“ во ќелијата и новодојдениот бил многу краток. „Разговаравме кој што работи, но не и зошто е дојден тука, оти никогаш не знаеш што ти носи животот. Тој ми кажа дека е тепан и удрен кај вратот, дека го удриле и го малтретирале во Кичево. Потоа го прашав што работи, а тој кажа дека работи во фирмата ’Фонко‘. Потоа, ми кажа дека е градежен инженер. Потоа не рече ништо. Едно време зборуваше дека некој во Кичево пука со пиштоли, не ги притвораат и се слободни, а јас, велеше, за ништо сум во притвор“, раскажува Адеми.

Танески изутрината, раскажува нашиот соговорник, воопшто не станал за да го земе појадокот. Јадел дури попладне, а вечерта пред спиење околу 22 или 23 часот пристигнала и вообичаената доза лекови.

„Секоја вечер во притворот мора да спиеш со апчиња. Без апчиња нема сон. Едно апче од црвените има 400 милиграми. Јас по три апчиња пиев навечер за да отспијам еден час. Знаеш колку се 90 дена? Тие што се внатре знаат, а тие што се надвор не знаат како е“, вели Адеми.

Танески, тврди тој, испил едно апче за да заспие. Четворицата си легнале, за околу два часот да ги разбуди силен вресок. „Околу два часот изутрината слушам некој вреска: ’Се самоубил!‘ Вреска и скока. А темно е. Станав полека, оти бев болен од ’рбетот, станав и гледам некој лежи кај вратата, а нашиот човек од Дебреше (н.з. Изаир) не се доближува до него. Му викнав - ѕвонеше ли да ги повикаш чуварите? Ми одговори – не“, раскажува Адеми, повторувајќи ја изјавата која веќе неколку пати ја дал и пред истражните органи.

Потоа заѕвонил кај стражарите или гардијаните како што ги нарекува. До нивното пристигнување веќе, тврди Адеми, се' било јасно. Танески бил свиткан под лавабото. Изаир Фаризи, кој секоја вечер станувал за да се моли, стоел неподвижно во собата. Третиот притвореник, кој бил од Дебар, рипнал од креветот преплашено и се стаписал во напад на паника. Чуварите ги отвориле двете врати од ќелијата и го запалиле светлото.

„Бањата е без врата. Владо Танески лежеше кај лавабото. Едната нога му беше внесена накај клозетската шолја, а раката му беше свиткана кај радијаторот. Главата му беше пикната под лабавото, кое е многу ниско“, се присетува Адеми. Потоа пристигнале лекарите, го изнеле телото надвор и се обиделе да му дадат прва помош. Безуспешно. Во џебот на Танески пронашле ливче дека има оставено писмо под перницата. Во креветот било пронајдено и прошталното писмо. Адеми вели дека не го видел Владо кога го пишувал писмото, а верува дека и другите од ќелијата не го виделе.

„Го гледав човекот во кофата, кога го запалија светлото и се прашував, како можел да го направи тоа. Се чудев како може. Вода течеше и од лавабото и од шолјата. Ако викал, ние сигурно би му помогнале. Не би оставиле да се случи тоа“, вели Адеми. Во врска со сомневањата дека Танески не се самоубил, Адеми тврди дека е невозможно некој да влегол однадвор и да го удавил.

„Во притворот има камери, се' се снима. Не можам да кажам дали некој го убил, оти кога ја отвораш влезната врата на ќелијата, таа бучи. Кога ќе се отвори првата, па потоа втората врата нема шанси да не слушнеш, без разлика во каков сон да си. Нема шанса да не станеш“, не' убедува Адеми.

Тој неколку пати едноподруго повторува дека ако знаеле дека нешто вакво може да се случи, би го спречеле, би го чувале постојано ако треба. „Откако се случи тоа со Танески, потоа го чувавме другиот човек во ќелијата оти за него дознавме дека е осуден на 12 години затвор. Можеше и тој да го направи истото. Стануваме заедно со него по 2 часот, кога почнуваше да се моли и божем не ни се спие муабетевме до пет изутрина.“, сведочи нашиот соговорник.

Тој е го памети Танески како мирен човек. „Велеше џабе ме донесоа тука, не сум крив, малтретиран сум. Велеше дека го удриле, кажуваше како го испрашувале. Не спомна никакво убиство“, во еден здив објаснува Адеми. „Никој не ми се заканувал, ниту пак ми кажал што да зборувам. Нема што да се крие“, на заминување вели нашиот соговорник Нусрет Адеми, поранешниот притвореник од ќелијата број 4 во тетовскиот затвор.ИЗВОР
 

Kajgana Shop

На врв Bottom