Владо Таневски - осомничениот за убиствата од Кичево

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Да.:smir:
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Абе така е, во право си, но ме изиритираа огромен број на душегрижници баш околу случајов. Го направија ко којзнае што да е.
Никола никој нема да се грижи дека умрел, ако се докажеше со сигурност низ судска постапка дека тој е серискиот убиец. Друг е проблемот. Да не биде дека погрешен човек „се убил„ ,а вистинскиот убиец да си трие раце и да ги демне новите потенцијални жртви. Уште нешто...Одговорност бате за тоа што затворскиот персонал не го спречил „самоубиството„ со преземање на превентивни мерки...Да не зборуваме за пропустите кои се направени при увидот на лице место.
Уште еднаш значи никој не е виновен се додека тоа не се докаже во судска постапка и аналогно на тоа не може да биде жигосуван...Презумпција на невиност.:toe:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
.............ajde de ...sto znae nasiot Nikola za "Презумпција на невиност...." :)
...neokomunistite imaat visoko postaveni meti.....ne gubat vreme so sitna boranija.....
 
P

Princ

Гостин
Малце оф: Не знам кој го смени насловот од директно обвинување во претпоставување за делото, ама сепак свака му част :smir:

Он: некако ко да снема информации за случајов. Се надевам нема да се забошоти.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.419
Малце оф: Не знам кој го смени насловот од директно обвинување во претпоставување за делото, ама сепак свака му част :smir:

Он: некако ко да снема информации за случајов. Се надевам нема да се забошоти.
Јас го сменив насловот. И не осеќате дека се забаталува случајот?

Инаку, еве едно можно сценарио за можното убиство на Таневски.
Доколку е извршена тортура со цел да се извлечат некои информации од осомничениот, ништо чудно да е користена техниката наречена Waterboarding, која е забранета со Женевската конвенција на која потписник е и Република Македонија. Овој тип на тортура е масовно користена во Втората светска војна од страна на Германицте, Американците и Русите и носи речиси неизбежна смрт.

Се применува на следниов начин:
Жртвата (осомничениот) се имобилизира и се легнува на подот свртен со грб, односно со главата нагоре. Врз главата се става крпа, а врз крпата постојано се истура вода. Истурената вода врз крпата создава ефект на давење, бидејќи водата постојано нвлегува во устата и низ носот на жртвата.

Ќе ви стане појасно откако ќе ја погледнете видео презентацијата извршена од група новинари од Вашингтон кои се залагаат за искоренување на овој начин на тортура. "Жртвата" е новинар.


Се надевам дека дадов квалитетен и конструктивен придонес на темава.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Јас го сменив насловот. И не осеќате дека се забаталува случајот?

Инаку, еве едно можно сценарио за можното убиство на Таневски.
Доколку е извршена тортура со цел да се извлечат некои информации од осомничениот, ништо чудно да е користена техниката наречена Waterboarding, која е забранета со Женевската конвенција на која потписник е и Република Македонија. Овој тип на тортура е масовно користена во Втората светска војна од страна на Германицте, Американците и Русите и носи речиси неизбежна смрт.

Се применува на следниов начин:
Жртвата (осомничениот) се имобилизира и се легнува на подот свртен со грб, односно со главата нагоре. Врз главата се става крпа, а врз крпата постојано се истура вода. Истурената вода врз крпата создава ефект на давење, бидејќи водата постојано нвлегува во устата и низ носот на жртвата.

Ќе ви стане појасно откако ќе ја погледнете видео презентацијата извршена од група новинари од Вашингтон кои се залагаат за искоренување на овој начин на тортура. "Жртвата" е новинар.

Се надевам дека дадов квалитетен и конструктивен придонес на темава.
Е ова ништо чудно да се случило.
Нема шанси сам да се удави во кофа вода :toe:
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Најново е дека најдени се траги на насилство на телото и дека можно е да е убиен. Ќе има пак истрага.

А стварно беше чудно кога викаа дека се самоудавил во кофа со вода. :tapp:
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Најново е дека најдени се траги на насилство на телото и дека можно е да е убиен. Ќе има пак истрага.

А стварно беше чудно кога викаа дека се самоудавил во кофа со вода. :tapp:
Што се однесува до овој случај, мислам дека или ќе се дигне голема прашина или пак едноставно ќе се подзаборави...Инаку јас не верувам во самоубиства во кофа со вода.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
505
Поени од реакции
65
I jas ne vervam da se samoubi vo kofa ne mi e logicno mislam go ima nekoj ubieno
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
За странските медиуми допрва почнува приказната за Танески

Екипите од странство оценуваат дека станува збор за необичен и бизарен случај
Даниела Трпчевска
Британскиот новинар и професор Роберт Нордон неделава престојуваше во Македонија. За неколку дена требаше да заврши многу обемна и тешка задача – да ја разоткрие мистеријата околу случајот со новинарот Владо Танески. Сторијата од 2.200 збора ја заврши вчера изутрина и ја испрати до Редакцијата на најпознатото австралиско женско списание „Мери Клер“, кое излегува еднаш месечно. Британскиот новинар не успеа да ја расветли мистеријата, бидејќи, според него, приказната секој ден добива поинаков тек. Работите вели дека особено се заплеткале по последните сознанија кои укажуваат на различни податоци за крвната група на новинарот Танески. Додека странските и македонските медиуми известуваа дека во фокусот на истрагата биле машки лица со крвна група Б, воената книшка на Танески, издадена во 1972 година кога отслужувал воен рок во ЈНА, покажува дека имал нулта крвна група. „Станува збор за необичен, дури и бизарен случај, за кој во земјава слушнав најмалку шест контрадикторни верзии“, вели Нордон.

Австралиското списание „Мери Клер“, кое наскоро ќе ја објави обемната сторија за кичевскиот новинар Владо Танески, има и британска верзија, но Нордон смета дека Австралијците покажале поголемо интересирање за објавување на една ваква сторија, поради големиот број Македонци кои живеат во Австралија.

„Овој магазин неодамна објави сторија за последниот писател Крстијан Бала (34) кој во новелата ’Амок‘ опширно го опиша убиството на љубовникот на својата сопруга. Во 2007 година судот го прогласи за виновен за убиството на Дариус Јанизевски. Приказната е многу слична со оваа во Македонија каде што, исто така, новинар беше осомничен дека известувал за убиствата кои самиот ги извршил. Сличности меѓу двете приказни има и во поглед на тоа што и семејството на полскиот писател тврдеше дека тој е невин“, вели Нордон, објаснувајќи ги причините за посетата на земјава.


Приказната за Танески секој ден добива нов тек, особено по последните сознанија за крвната група на новинарот. Воената книшка на Танески од 1972 година покажува дека тој имал нулта крвна група, а не Б како што се претпоставуваше претходно
Според него, станува збор за особено бизарен и необичен случај кој ги разбранува светските медиуми. „Ова е фасцинантна, но и егзотична сторија, бидејќи Македонија е мала и не толку позната земја за светот. Кога во една таква мала средина ќе сe случи ваков неверојатен настан, во кој главната улога ја има новинар кој известувал за своите убиства, тогаш сосема јасно е дека сите познати новинари ќе сакаат да пишуваат и да ја откријат вистината за својот колега. Особено кога станува збор за криминални стории“, вели британскиот новинар.

Особено фасцинантни за него се сознанијата дека кичевскиот новинар Танески бил мирен и семеен човек, но истовремено зад него остана една голема мистерија дали ги извршил навистина неколкуте убиства и кој бил мотивот за тоа.

„Пред да дојдам во Македонија, раскажува британскиот новинар, ги следев сите медиуми и имав чувство дека приказната е завршена. Но, само еден ден пред да тргнам на пат пристигна веста од тетовскиот суд дека отвораат истрага за можно убиство на новинарот, за кој претходно се тврдеше дека си го одзел животот во кофа со вода!“

„Интересирањето за овој случај, додава Нордон, нема да стивне, затоа што странските новинари ќе прават посериозни и подлабоки анализи за случајот ’Танески‘. ’Гардијан‘, ’Телеграф‘ и другите британски медиуми со големо интересирање известуваа за случајот, но сега полека стивна се'. Најновите сознанија кои беа обелоденети деновиве би можеле приказната повторно да ја вратат на ударните страници“, прогнозира тој.

Нордон и неговите колеги кои ја посетија Македонија се само дел од многубројните новинарски екипи кои во изминатиов период трагаа по ексклузивни информации во Кичево и во Скопје. Дел од нив заминаа задоволни по средбите со семејството и пријателите на Танески, другите пак разочарани затоа што не успеаја докрај да ги состават коцките за смртта на кичевскиот новинар.

Пред две недели во земјава престојуваше екипа на најпознатата приватна хрватска телевизија „Нова“, која снимаше прилог за случајот „Танески“, кој ќе се емитува во емисијата „Проверено“ во септември. На најголемата француска приватна телевизија ТФ1 пред неколку недели беше објавена репортажа за случајот, која беше емитувана во ударниот термин и ја гледале околу осум милиони гледачи. Кичево го посетија и бројни новинарски екипи од САД, Бугарија, Русија, Хрватска, Србија, Израел и други земји.

Баш сега слушам на вести на А1 дека е наредена истрага против „непознат сторител„ за убиство на новинарот Танески. Значи кофата не заврши работа, т.е. не ја убеди ниту јавноста ниту надлежните дека Танески се самоубил во кофа со вода.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Ќе биде оваа многу голема.
Е да. Ако некој мислеше дека сеуште може да се решаваат случаи со самоубиство од заседа, изгледа сега сваќа дека се заебал. Се прашувам, колку ли случаи се решени на ваков или сличен начин.:raz:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Многу.
Овој метод е почнат со нашите патриоти од 1945.
Кога успееа цела Влада која легално беше избрана од народот да ја тргнат, та за некои индивидуи кои се обични смртници.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.419
Го сменив насловот на темата.
Претходниот беше премногу инкриминирачки, иако нема доказ ниту за неговите убиства, ниту пак за наводното самоубиство.

Судска медиција денес пратила известување до семејството на Таневски дека настапила насилна смрт. Ова штотуку беше објавено во вестите на Канал 5 во 17 часот. Чекаме повеќе детали околу случајов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom