Владо Таневски - осомничениот за убиствата од Кичево

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
неми е јасно само зошто малтретирал средновековни жени и ги силувал па ги тепал .
 

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
неми е јасно само зошто малтретирал средновековни жени и ги силувал па ги тепал .
По очикгледно човекот немал работа немал за што да пишува па морал да дејствува некако за да добие некоја статија
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Болни работи. Овие настани се случуваа некаде каде има по многубројно население,не верував дека и кај нас може да се случи ова. Сериски убици мислев ќе ги гледаме само на филм,но после се и нас ни се случуваат. Жално!:lud:
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
По очикгледно човекот немал работа немал за што да пишува па морал да дејствува некако за да добие некоја статија
да Ама по цена на живот и тоа не еден туку четири.

низ Кичево кружат муабети дека им немало органи на жртвите срцето и бубрезите им фалеле.

па можно е да има и други вмешани со него.
и уште нешто е интересно кај жртвите а тоа е додека биле живи биле слаби а откако се најдени се достапоправени мислам здебелени.
 

Kriticar

дискриминатор
Член од
7 мај 2007
Мислења
1.037
Поени од реакции
5
неми е јасно само зошто малтретирал средновековни жени и ги силувал па ги тепал .
Како бе не ти е јасно?Нормален човек може ли да направи нешто вакво?
Само болен и пореметен човек прави вакви работи.За вакви само смртна казна.
 
P

Princ

Гостин
Лека-полека забегуваме. Се повеќе убиства, дури и сериски убиства има во последно време, за сексуална злоупотреба на деца да не почнам да зборам... ако не секој ден по едно дете, барем еднаш неделно.
Не знам што да речам... сигурно ако се запраша Б.Ц. за ова, би одговорил кротко како јагне: Транзиција....
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Лека-полека забегуваме. Се повеќе убиства, дури и сериски убиства има во последно време, за сексуална злоупотреба на деца да не почнам да зборам... ако не секој ден по едно дете, барем еднаш неделно.
Не знам што да речам... сигурно ако се запраша Б.Ц. за ова, би одговорил кротко како јагне: Транзиција....
Да не ги заборавиме и самоубиствата и инцесите кои се во таков пораст, да не речам експанзија...
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28
Можеби CSI ќе снима во Македонија. Успешно решени случаи на сериски убијци.
Море треба бесење пред Унион.
 
Член од
17 август 2006
Мислења
1.531
Поени од реакции
123
Znaci ne veruev deka i kaj nas ima do olku poremeteni ljudi OMG
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
неми е јасно само зошто малтретирал средновековни жени и ги силувал па ги тепал .
Прво жените не биле баш средновечни... Сите биле над 60 години и видно немоќни...

да Ама по цена на живот и тоа не еден туку четири.

низ Кичево кружат муабети дека им немало органи на жртвите срцето и бубрезите им фалеле.
Ова веќе не е вистина. Баба на братучетка моја беше жртва на овој психопатов и стрико ми кажа дека била со видни повреди и деформации по лице, едното око и слично ама дека фалеле органи тоа не.

па можно е да има и други вмешани со него.
и уште нешто е интересно кај жртвите а тоа е додека биле живи биле слаби а откако се најдени се достапоправени мислам здебелени
И овој незнам од каде податок, нема врска дека биле подебели од кога ќе ги нашле...

Општо за убиствава ептен ме потресоа. Уште кога дознав за киднапирањево на бабава од братучетка ми и кога дознав дека и претходно се случувале такви киднапирања на постари жени не да се вознемирив, некој бес ненормален во мене. Башка што ја знам бабичкава. Една таква мирна, одвај збореше, одвај се движеше, сама живееше во Кичево ептен фина беше.

Капак на се тоа кога ми текна дека баш дента кога ја киднапирал, овој за на бесилка што треба да оди, се спремала бабичкава за вечерта, правела месо, благи... уствари правела вечера зошто братучетка ми со сега тазе верникот и се највиле дека ќе одат да ја посетат за првпат така заедно во Кичево (иначе од Гостивар е братучетка ми). И излегла сигурно да допазари таа нешто за вечерта и после ја снемало. Стрико ми и стрина ми кога појдоа таму откако им се јавија нашле се јадењето спремено и покриено... Е кога слушнав солзи ми потекоа...

И уште една работа што покажува колку е комплицирана човечка психа и до кај може да оди болниот ум е фактот што овој убиецов се знаел со бабичкава, идел дома кај неа, дури еднаш стрико ми ми кога бил Кичево пиеле и кафе заедно...

Уште сум потресена.
 

lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
Денес полицијата го приведе убиецот на двете жени во кичевско и се мисли дека има убиено уште две кои се на идентичен начин убивани односно се телефонски кабел.Името на убиецот не се открива а се знае дека е само дописник за Утрински весник од Кичево.

ке ве инфоримирам подоцна за текот на настаните за овај случај.
Се додека Суд не каже дека е крив..тој е само осомничен..но не и крив...
Почитувај ја презумпцијата на невиност..
Основна алатка во правна држава..кон кои Македонија несопирливо ита..
:jaj:
 

Sturmgewehr

gadget
Член од
9 март 2008
Мислења
537
Поени од реакции
35
Денес полицијата го приведе убиецот на двете жени во кичевско и се мисли дека има убиено уште две кои се на идентичен начин убивани односно се телефонски кабел.Името на убиецот не се открива а се знае дека е само дописник за Утрински весник од Кичево.

ке ве инфоримирам подоцна за текот на настаните за овај случај.
Bolna Rabota ovoj e vise vtoriot seriski Ubiec sto se naoga vo Makedonija.

Sega da vidime dali navistina e toj ubiecot ili samo osomnicen ne se znae se uste e rano cabe obvinuvanja mozebi covekot e nevin.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Значи...има осомничен...сега зависи какви докази има истрагата против него, за да биде обвинет...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Абе луѓево наеднаш се загледаа криминалистички филмови или што е работата? Боже до каде дојде светов, масовни убијци шетаат низ државава... Внимавајте!
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Обрачот околу монструмот Таневски започнал да се стега откако во неговите написи пишувал за детали кои полицијата не ги соопштила.

Дури и сам, пред сите, ги поврзал убиствата дека се извршени од ист убиец. Бил забележан како се движи околу дивата депонија каде ги оставил мртвите тела на Митра Сиљаноска и Живана Темелковска.

Тогаш и бил повикан за првпат на информативен разговор во полиција. Подоцна анализата на ДНК земена од жртвите и осомничениот потврдила дека Владо Таневски е монструозниот убиец.

Полицијата веќе докажа дека тој е убиецот на Сиљаноска и Темелковска. Се сомничи и за убиствата на Љубица Личовска и Горица Павлеска, која е исчезната пред пет години, но нејзиното тело се уште не е пронајдено.

Сите жени биле во поодмината возраст. За убиството на Митра Сиљановска веќе се осудени на доживотен затвор Анте Ристески и Игор Мирчески.
Тие двајца признаа дека го убиле пензионерот Радослав Божиновски, но негираа убиство на Сиљановска.

Во истрагата со убиството на Сиљановска дополнителна забуна внел и раководител во кичевската полицијата.
Во намера да се претстави како успешен во расчистувањето на убиствата во 2005-та сокрил докази со кои од Анте Ристески и Игор Мирчески се отстранувал секој сомнеж и вина дека тие ја убиле Митра во ноември 2004-та.
Токму во тој правец размислувал и пишувал новинарот Владо Таневски, со детали само нему познати.
Ќе завладее ли мирот на улицата „11 Септември“ во Кичево? Жителите од оваа улица тврдат дека до вчеравечер ги чекале своите сопруги вечерно време да се вратат од работа, во обид да ги заштитат од непознатиот убиец.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=94409
 

Kajgana Shop

На врв Bottom