Обрачот околу монструмот Таневски започнал да се стега откако во неговите написи пишувал за детали кои полицијата не ги соопштила.
Дури и сам, пред сите, ги поврзал убиствата дека се извршени од ист убиец. Бил забележан како се движи околу дивата депонија каде ги оставил мртвите тела на Митра Сиљаноска и Живана Темелковска.
Тогаш и бил повикан за првпат на информативен разговор во полиција.
Подоцна анализата на ДНК земена од жртвите и осомничениот потврдила дека Владо Таневски е монструозниот убиец.
Полицијата веќе докажа дека тој е убиецот на Сиљаноска и Темелковска. Се сомничи и за убиствата на Љубица Личовска и Горица Павлеска, која е исчезната пред пет години, но нејзиното тело се уште не е пронајдено.
Сите жени биле во поодмината возраст. За убиството на Митра Сиљановска веќе се осудени на доживотен затвор Анте Ристески и Игор Мирчески.
Тие двајца признаа дека го убиле пензионерот Радослав Божиновски, но негираа убиство на Сиљановска.
Во истрагата со убиството на Сиљановска дополнителна забуна внел и раководител во кичевската полицијата.
Во намера да се претстави како успешен во расчистувањето на убиствата во 2005-та сокрил докази со кои од Анте Ристески и Игор Мирчески се отстранувал секој сомнеж и вина дека тие ја убиле Митра во ноември 2004-та.
Токму во тој правец размислувал и пишувал новинарот Владо Таневски, со детали само нему познати.
Ќе завладее ли мирот на улицата „11 Септември“ во Кичево? Жителите од оваа улица тврдат дека до вчеравечер ги чекале своите сопруги вечерно време да се вратат од работа, во обид да ги заштитат од непознатиот убиец.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=94409