Дали Бог создаде се што постои, ги праша професорот студентите по физика и математика? Нивниот одговор бил- да. Дали постои зло, ги потпрашал тој, а откако тие одговориле потврдно професорот атеист задоволно заклучил- значи творец и на злото е Бог. Еден студент дигнал рака. Професоре, постои ли студ, прашал тој.
Се разбира, без многу мислење одговорил професорот.
Не професоре, според физиката студ не постои, тој е само отсуство на топлина. Постои ли мрак, професоре, продолжил студентот?
Да, полутивко одговорил професорот.
Грешите. Според физиката мракот не постои, тој е само отсуство на светлина. А злото професоре, злото не е создадено од Бог, туку злото е само отсуство на Бог во човековото слободно срце, отсуство на љубов, човечност и вера. Љубовта и верата се како топлината и светлината. Нивното неприсуство доведува до зло.
zakon!!!