Бесчувствителни кучки, фемботови и ладни опортунистки

  • Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување
С

Сатори

Гостин
Новите полирани жени, оние со актовките и белите кошули и ладнокрвноста која што им излегува од секоја пора.
Што мислите за нив?
Мислите ли дека единствен начин за жената да се избори за тоа што го сака е да се претвори во ладна опортунистка?

Или сепак, топлокрвните цури кои што седат дома и го чекаат мажот да си дојде од работа ви се помили?

Жената е толку обивиена од преплет на нерви и нагони, што тие да се исечат, и таа да се ослободи, е невидена храброст или слабост?
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Новите полирани жени, оние со актовките и белите кошули и ладнокрвноста која што им излегува од секоја пора.
Што мислите за нив?
Па на прв изглед нормално за бизнис-жена , но од работа тие тоа го преносачуваат во животен стил .Почнуваат да ги нервираат сите од страна со нивната арогантност и ладнокрвност и најчесто завршуваат како зависни од работа...

Мислите ли дека единствен начин за жената да се избори за тоа што го сака е да се претвори во ладна опортунистка?
Не сметам ни дека е воопшо начин за да се избори.

Или сепак, топлокрвните цури кои што седат дома и го чекаат мажот да си дојде од работа ви се помили?
Секако дека тие ни се помили , тие знаат да ни обрнат внимание . Тие имаат емоции за разлика од првите(или за разлика од првите ги покажуваат).

Жената е толку обивиена од преплет на нерви и нагони, што тие да се исечат, и таа да се ослободи, е невидена храброст или слабост?
Па според мене е слабост бидејќи го губи чувството за живот. Со тоа што мисли на работа цело време а на останатите теми е „Ладнокрвна“ тоа ја прави Робот ....Неможам такви личности да поднесам , безразлика на полот !
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Мене помила ми е таа што ќе ме сака, и таа што јас ќе ја сакам..без разлика на околностите...
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.784
Поени од реакции
4.023
Новите полирани жени, оние со актовките и белите кошули и ладнокрвноста која што им излегува од секоја пора.
Што мислите за нив?
искено јас им се восхитувам на овие жени,сакам да бидам една од нив кога ќе подпораснам.полни ми се со гордост и се борат за тоа што го сакаат и секако со нивната ладнокрвност го добиваат
Мислите ли дека единствен начин за жената да се избори за тоа што го сака е да се претвори во ладна опортунистка?
можеби не единствен но најсигурен

Или сепак, топлокрвните цури кои што седат дома и го чекаат мажот да си дојде од работа ви се помили?
овие секако дека се помили ама зарем не е доста од седење дома и чекање на мажот да дојде?
кога веќе се бориме за нашите права,кога се бориме да бидеме еднакви со мажите тогаш треба да бидеме кучки за да успееме....
сепак најдобро решение е да бидеш кучка кога си на работа за да се избориш за подобро работно место или за своите права а дома да бидеш домаќинка и да го сакаш мажот и се по ред
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Има навистина многу успешни деловни жени, и оние бизнис одела што ги носат се секси, но не е тоа тоа.
Остава знаци на нечуствителност, празнина и премногу ладнокрвност-најчесто таквите остануваат без семејство што е можеби најболната точка во животот на една жена.

Но тоа е цената што ја плаќа феминизмот, самите се бореа за тоа, го добија. Жените мислеа дека машкиот свет е многу убав и едноставен, но за жал тоа е далеку од вистината(исто како и кај жената што е домаќинка и цел ден не може да дигне глава од обврски)
Затоа тој свет и се вика машки, затоа што машките се многу поцрвсти на тоа емотивно ниво и можат да направат некаков баланс-додека жените комплетно се асимилираат.
 
С

Сатори

Гостин
искено јас им се восхитувам на овие жени,сакам да бидам една од нив кога ќе подпораснам.
Мој тип на девојка.:smir:

Секако дека тие ни се помили , тие знаат да ни обрнат внимание . Тие имаат емоции за разлика од првите(или за разлика од првите ги покажуваат).
Првенствено, тоа што треба да се разграничи е дека, да тие не покажуваат емоции и топлокрвност во општеството, но какви личности се во романтична или пријателска врска, тоа е сосема различно.
Животниот стил и работата налагаат, љубовта е нешто сосема надвор од горе наведеното.

Има навистина многу успешни деловни жени, и оние бизнис одела што ги носат се секси, но не е тоа тоа.
Остава знаци на нечуствителност, празнина и премногу ладнокрвност-најчесто таквите остануваат без семејство што е можеби најболната точка во животот на една жена.
Кога ќе бидеш жена ќе дебатираме која е најболната точка во нејзиниот живот.
:vozbud:
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Кога ќе бидеш жена ќе дебатираме која е најболната точка во нејзиниот живот.
:vozbud:
Сакав на драматика да издејствувам, не е најболна но е една од најболните-не мора да си жена за да го сватиш тоа.
 
С

Сатори

Гостин
Сакав на драматика да издејствувам, не е најболна но е една од најболните-не мора да си жена за да го сватиш тоа.
Всушност и не е баш, ако тргнам од себе.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Всушност и не е баш, ако тргнам од себе.
Знам дека ваков став ќе заземеш.
Виолета ти имаш малку...поразлични ставови за општеството и неговите столбови(барем сега за сега), затоа не би те земал како репрезентативен примерок на (условно)понежниот пол.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Не мислам дека жената треба да биде ладна и бесчувствителна и кучка за да успее. И не, не мислам дека топлите фини цури седат дома и го чекаат мажот да се врати од работа.
Не треба да имам изглед од кој пишти „неќам деца - сакам кариера“, кариерата сакам да ја имам заедно со децата. Тоа е идеалот кој би требало да го имаат жените кои сакаат да се успешни.
 
H

HCL

Гостин
овие секако дека се помили ама зарем не е доста од седење дома и чекање на мажот да дојде?
кога веќе се бориме за нашите права,кога се бориме да бидеме еднакви со мажите тогаш треба да бидеме кучки за да успееме....
сепак најдобро решение е да бидеш кучка кога си на работа за да се избориш за подобро работно место или за своите права а дома да бидеш домаќинка и да го сакаш мажот и се по ред
Незнам каква врска има тоа да бидете кучки со тоа да успеете? Имате еднакви права веќе долго време. Незнам што толку уште го тупите со тоа борење за женски права, добиени ви се. Ако сакате да успеете во некое професионално подрачје ќе седнете да учите и работите како секој маж што си го добива тоа работно место, нема што тука кучки да се правите за тоа. Ако толку сте запнале за тие ваши женски права за еднаквост, тогаш што толку тупите и за каваљерство од машка страна, константно замарање со "жените имаат предност", "попушти и, жена е" итн... Сега сакате еднакви права или не?

Немам ништо против жени што сакаат да бидат амбициозни и да работат, ама не значи тоа дека треба на расипан начин да стигнат до висока работна позиција.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Новите полирани жени, оние со актовките и белите кошули и ладнокрвноста која што им излегува од секоја пора.
Што мислите за нив?

Ги обожавам таквите. Им се восхитувам во секој поглед. За да се постигне тоа ниво кое што тие го имаат треба не само сила туку и храброст. Не секој ги поседува овие особини.


Мислите ли дека единствен начин за жената да се избори за тоа што го сака е да се претвори во ладна опортунистка?

Епа како што стојат работите, поради сеуште присутната дискриминација и експлоатација и нивото на простотилок кој треба уште многу многу за да биде искоренето ако и воопшто се случи тоа би можело и да се каже дека е и единствен начин.


Или сепак, топлокрвните цури кои што седат дома и го чекаат мажот да си дојде од работа ви се помили?

Не ми се помили. Не ги сакам воопшто т.е. не дека не ги сакам, нивни живот, сами си го избираат својот пат, што сакаат може да прават само што не би сакала да се најдам меѓу нив. Не ја сакам таа судбина. Не сакам да му се потчинам на мажот, не сакам да манипулира некој со мене. Не сакам да ми наметнува некој норми и непишани правила на однесување. Ако ме прифати таква како што сум ОК, ако не подобро ќе си останам сама.
 
Член од
11 април 2008
Мислења
73
Поени од реакции
6
Незнам каква врска има тоа да бидете кучки со тоа да успеете? Имате еднакви права веќе долго време. Незнам што толку уште го тупите со тоа борење за женски права, добиени ви се. Ако сакате да успеете во некое професионално подрачје ќе седнете да учите и работите како секој маж што си го добива тоа работно место, нема што тука кучки да се правите за тоа. Ако толку сте запнале за тие ваши женски права за еднаквост, тогаш што толку тупите и за каваљерство од машка страна, константно замарање со "жените имаат предност", "попушти и, жена е" итн... Сега сакате еднакви права или не?

Немам ништо против жени што сакаат да бидат амбициозни и да работат, ама не значи тоа дека треба на расипан начин да стигнат до висока работна позиција.


Апсолутно точно.Само празноглави тоа неможат да го разберат. Кој си го бива,си го бива и крај. А рамноправност може да има меѓу исти работи,никако меѓу различни. Тоа ти е како шише од 1л и од 2л, и во двете вода,арно ама во едното повеќе.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Има навистина многу успешни деловни жени, и оние бизнис одела што ги носат се секси, но не е тоа тоа.
Остава знаци на нечуствителност, празнина и премногу ладнокрвност-најчесто таквите остануваат без семејство што е можеби најболната точка во животот на една жена.

Остава знаци или остава таков впечаток што и не мора да значи дека е така. Не е точно дека таквите жени се ладнокрвни и не е точно дека не знаат да сакаат. Баш напротив. Тие знаат и умеат да сакаат многу повеќе, многу поискрено од останатите само што треба да ја заслужите нивната љубов за да ја почувствувате. Не секому се предаваат.


Но тоа е цената што ја плаќа феминизмот, самите се бореа за тоа, го добија. Жените мислеа дека машкиот свет е многу убав и едноставен, но за жал тоа е далеку од вистината(исто како и кај жената што е домаќинка и цел ден не може да дигне глава од обврски)
Затоа тој свет и се вика машки, затоа што машките се многу поцрвсти на тоа емотивно ниво и можат да направат некаков баланс-додека жените комплетно се асимилираат.

Не се согласувам баш дека се асимилираат и дека незнаат да направат баланс. Знаат и тоа како знаат. Но, проблемот е во тоа што ваквите секогаш знаат што сакаат и како да го добијат тоа што го сакаат, а машките можеби на некој прикриен начин се плашат од ваквите девојки и затоа обично за партнерка бираат од топлокрвните девојки кај кои на овој или оној начин, помалку или пак повеќе ќе доминираат над жената.

Не секој маж може да поднесе ладнокрвна девојка, но тие кои можат навистина вредат (тоа е мој став што не значи и дека е така :back: )
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Оваа популација на жени кои ги наведе сатори во кои и себе си се гледа во иднина укажуваат на еден многу интересен психолошки момент. Имено заслепени од амбицијата и уште поважно како резултат на фрустрација најверојатно од детството дека жените се обесправени па сакаат да докажат дека се еднакви со мажите нејќат да ја признаат фактичката состојба односно физичките разлики кои и да сакаат никаок неможат да ги променат, а тоа е дека тие се тие кои раѓаат деца. Освен тоа тие кои уште немале дете не се свесни за целата психологија на тоа да се има свое дете и инстинктивната жубов кон детето која се раѓа која е во основа главната причина зошто воглавно жените седат дома со децата за цена на кариерата, додека мажите успеваат да постигнат баланс помеѓу љубовта кон децата и кариерата бидејќи тие ја гледаат делумно кариерата како и извор на средства за подобар развој и образование на своето дете за кое се грижат и го сакаат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom