Тикви4ка
Нарцис со сина крв
- Член од
- 1 март 2007
- Мислења
- 3.134
- Поени од реакции
- 273
Црвенковски: Има црвeната линија за името, но има и реалност
понеделник, 16 јуни 2008
Новата реалност значи потреба и Македонија да направи отстапка од таканаречената двојна формула во преговорите ако сака да продолжи со процесот на евроатлантските интеграции. Колкави и какви треба да бидат отстапките можат да решат само легитимните претставници на двете држави, вели Црвенковски
За црвените линии што Македонија не може да ги мине во преговорите со Грција претседателот вели:
- Чувството за етничко припаѓање и лингвистичка посебност се две фундаментални одредници врз кои почива една нација, и компромис околу тие две категории едноставно не е можен, бидејќи никој не е овластен ниту може да преговара за тоа кои сме и на каков јазик говориме, вели претседателотБранко Црвенковски во интервјуто за БИРН.
Тој воедно посочува во интервјуто дека Македонија е подготвена на договор со Грција и притоа ќе мора да ја адаптира својата стратегија на новонастанатите услови.
- Новата реалност значи потреба и Македонија да направи отстапка од т.н. двојна формула во преговорите ако сака да продолжи со процесот на евроатлантските интеграции. Колкави и какви треба да бидат отстапките од двете страни во преговорите можат да решат само легитимните претставници на двете држави, вели Црвенковски.
Во врска со изборниот процес претседателот смета дека со изборите бил изгубен драгоцен период важен за македонските евро и евроатлантски перспективи, а особено за ефективно искористување на американската подготовеност за вклучување во процесот за изнаоѓање фер и разумно решение на спорот.
ИЗВОР