Кире Лазаров

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
цар си е чоекот, ама што го форсираа, го форсираа...стварно...одкако се виде дека ептен забегавме со губење (против србија и ј.кореја) изглеа си рекоа, барем кире да го направиме првенец...пошто се на него му подаваа...
како и да е...КИРЕ ЛАЗАРОВ!! ТА ТАМ ТАМ ТА ТАМ!!! :):) :bravo:
Поглупо нешто неам прочитано ама ајде, извини едно прашање само може?

Кој е најдобар асистент на првенството?
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Поглупо нешто неам прочитано ама ајде, извини едно прашање само може?

Кој е најдобар асистент на првенството?
незнам кој е најдобар асистент, сами викам дека добив впечаток дека кире на последниве две утакмици изгуби душа и имаше малце погодоци, од многу удари кон голот...иначе, што ми е глупо во постот?? језда сум малце контрадикторен ама??
 
^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
незнам кој е најдобар асистент, сами викам дека добив впечаток дека кире на последниве две утакмици изгуби душа и имаше малце погодоци, од многу удари кон голот...иначе, што ми е глупо во постот?? језда сум малце контрадикторен ама??
Не е битен процентот воопште битно е дали влегол или не:)
Ако Кире има 100 гола од 700 обиди никој нема да гледа колку обиди имал туку ке се гледа дали победила Македонија и головите на Кире.

Сеа ке ти одговорам, Кире што е освен најдобар стрелец он е и најдобар асистент со 39 асистенции oдносно 6 повеќе од Карабатич.
Теоретски Карабатич има шанси да го стигне има уште една утакмица ама не верувам дека ке се случи тоа.

Кире на последната утакмица имаше 15 гола мислам, тоа не е воопште малце:)
 
Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Секоја чест за Кире Лазаров најдобар стрелец на сите првенства досега со 92 гола БРАВО МАЈСТОРЕ
 
H

HITCH

Гостин
Секоја чест за Кире важно тој има најмногу голови има рекорд дома ни е ѕвезда а овие глупациве од ЕХФ нека си прават што сакаат КИРЕ ТЕ САКАМЕ!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Штета што не е во ол стар тимот, се надевам ке биде наредното светско...
 
Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
..Олее Олеее!! Го обожавам!! Јаооо најбољи је!! Па наравно,македонче =)
А многу сакам кога ќе дава интервју,како ш'шка!! Преслатко.
Како и да е,Секоја чест Кире!!!!!!!
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Портрет

Кирил Лазаров го покори светот

Со 92 гола во Хрватска Лазаров е новиот рекордер на сите мундијали
Роберт Димитриевски

Струмица, 3 јануари 2003. Сите известувачи од квалификацискиот натпревар со Бугарија за Европското првенство 2004 во Словенија, премрзнати од незагреаната сала „Парк“, се топлеа залепени до радијаторите во хотелот „Илинден“, кога во фоајето влезе тој за да им каже нешто што му лежеше на душата.

„Видовте ли во какви услови игравме? Нема врска. Напишете дека ќе играм само за Македонија и за никој друг. Имам понуди од Унгарија и од Хрватска, но не ме интересираат. Ме интересира само успехот на мојата татковина. Јас сум Македонец и нема да се смирам додека не ја одведам мојата земја на некое големо натпреварување. Без тоа ништо не ми вредат клупските и лични успеси“, изрецитира тогаш Кирил Лазаров, длабоко се издиши како да му падна камен од грбот и продолжи смирено да одговара на прашањата на новинарите.

Цели шест години подоцна му се оствари сонот. Го исполни ветувањето и немаше посреќен човек на светот од него. Со капитенската лента на раката во незаборавниот јануари за македонскиот машки ракомет ги предводеше соиграчите од националниот тим до 11. место во светот, а самиот влезе во историјата на ракометните мундијали како рекордер по бројот на голови на едно првенство. На девет натпревари вкупно 92 пати се запиша во листата на стрелците и за шест погодока го надмина дотогашното најдобро постигнување на Кореецот Кјунг-шин Јун од Исланд 1995. Токму против Јужна Кореја во мечот за конечен пласман бркаше десет гола, кои ги имаше постигнато веќе во 41. минута, за на крајот да застане на 15! Тринаесет „лесни парчиња“, пак, им подели на досегашниот светски вицешампион Полска и на шестопласираната од Олимпијадата во Пекинг, Русија, во групата од првиот круг во Вараждин, каде што до црвениот картон во 47 минута против бранителот на титулата Германија веќе имаше девет гола зад своето име. До синоќешната разврска во борбата за медалите, го делеше и првото место кај асистентите со 39 додавања, колку што забележа и тунискиот капитен Хајкел Мганем.

„Се разбира дека сум среќен и горд на своите игри на ова СП, како и на рекордот, кои немаше да ги остварам ако не беше поддршката од моите колеги од репрезентацијата, но најважно е дека ја претставивме Македонија во едно многу убаво светло. Срцето ми е полно и поради навивачите, кои беа фантастични, покажувајќи и во Вараждин и во Задар како се сака и бодри својата земја. Мило ми е и за еуфоријата што се создаде во Македонија, на која и' донесовме малку радост во овие тешки времиња“, не заборави никого од списокот за комплименти човекот кого хрватските медиуми го нарекоа „ракометниот Александар Македонски“. Репортерот на „Вечерњи лист“, на пример, просто е заљубен во неговите играчки и човечки квалитети, постојано тврдејќи дека со Кире во тимот Хрватска не би можел никој да ја победи.

А колку само нерви истенчи Лазаров за да се избори за соодветен статус за репрезентацијата во целина, но и за личните потреби на соиграчите. Како врвен професионалец упорно бара(ше) адекватни услови за подготовки, силни контролни натпревари, квалитетна опрема и соодветна награда за евентуален успех. Инсистирајќи на ваквите предуслови за големи резултати, во неколку наврати се жртвуваше и себеси. Малку недостигаше да крене раце од се' уште кога преминуваше од битолски Пелистер во Загреб во 2000 година, кога битолчани побараа за тоа време астрономска отштета од 150.000 германски марки, која со посредство на Ракометната федерација на Македонија беше преполовена и во голем дел компензирана со спортска опрема!? Му се налути на тогашното раководство на РФМ во баражот за ЕП 2002 против Израел, кога не отпатува на првиот меч на гости во кој загубивме со 29:19, што се покажа недостижно за реваншот. Беше бесен и на актуелниот естаблишмент во Федерацијата пред ланските јануарски квалификации за СП во Хрватска, кога непотребно се измалтретира возејќи од Загреб до Скопје за да стигне на предновогодишниот собир на репрезентацијата, не знаејќи дека тој е одложен за по Нова година!? Во знак на протест, го пропушти стартниот двомеч со Бугарија, но кој знае по кој пат му подлегна на патриотското чувство и се врати за клучните дуели со Португалија.

„Организацијата отсекогаш ни била слаба страна. Со импровизации не се стигнува далеку во врвниот спорт. Затоа е и подобро што не се пласиравме во полуфиналето, бидејќи ќе беше необјективно и контрапродуктивно да се прескокнат неколку фази. Секој добар резултат и пласман мора да се гради чекор по чекор, па за нас е од суштинска важност да играме на ЕП во Австрија в година. Поради континуитетот на настапи на големите натпреварувања, меѓу пласман во првите шест на ова СП и учество на ЕП без двоумење го избирам второто“, резонира најдобриот десен бек во светот.

Кирил Лазаров пред мундијалот во Хрватска можеше да се пофали само со клупски успеси. Минатата сезона во Лигата на шампионите го подели првото место меѓу стрелците заедно со Исланѓанецот Олафур Стефансон, обајцата со по 96 гола, а сам го оствари тој подвиг во 2006, кога во дресот на унгарски Веспрем постигна 85. Пред стартот на четврт-финалните групи во ЛШ заостанува само еден гол зад водечкото трио Кристијансен, Шмид и Вуин, кои имаат по 49.

Најуспешниот македонски ракометар на сите времиња роден е на 10 мај 1980 во Велес. И татко му Благоја играл ракомет, а кратко време беше и селектор на македонската кадетска репрезентација. Со брат му Филип, пак, беа дел од македонската бековска линија на СП во Хрватска. Оженет е со Љубица, со која е во брак од 2007 и со која ги имаат тригодишниот син Благојче и ќерката Лана стара една година.

Линк
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Кире без опрема

Првиот топчија на завршениот ракометен мундијал, Кире Лазаров, на свеченоста во Арената во Загреб, за време на примањето на признанието се појави елегантно облечен, во младалашки стил, со кошула. Но, заборави на еден навидум ситен детал, но исклучително значаен за уште поголема афирмација на својата сакана земја Македонија. На неговите гради го немаше дресот или тренерката со името на Македонија (нели ова е спортска манифестација). Во првичниот телефонски разговор вети дека ќе го објасни овој гаф по пристигнувањето од Загреб во Скопје (вчера присуствуваше во Свети Николе на приемот организиран во негова чест и репрезентацијата), но до затворање на весникот останавме покуси за неговата изјава. Беше недостапен.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=603183A73B5F524A8AA90D413216AD5A

Ете ви го лажниот патриот си го покажува своето право лице дека повеќе го боли зашто изгуби хрватска отколку што макеоднија не играше полуфинале.
 
Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Што се пуваш одма.

Да го следеше Кире во деновите откако се врати во Скопје ке ти станеше јасно. За еден ден ипол ден беше гостин во пет емисии, башка бил и во Свети Николе. На сите настани Кире беше со таа колуша, што укажува на фактот дека од премногу стиснато време неможел дури ни да се пресоблече.
Кузнае дали го следел од почеток и финалето, или дошол на полувреме како што чув.

Незнам само како имаш лица да го оцрнуваш ликот на Лазаров. И ти и тој новинарот што го напишал тоа.
 
Вистината боли знам ама зилегува на виделина порано или покасно. Ако он беше патртиота и ја сакаше репрезентацијата немаше да го форсира своето братче заради кое не играме полуфинале. Исто така немаше да дава изјави дека подобро што не сме влегле во полуфинале така ќе сме зезенеле некој што повеќе вложувал во репрезнтацијата. Се ова докажува само едн одека е предавник и си гледа свој интерес а не национален.
 
Член од
16 ноември 2005
Мислења
46
Поени од реакции
1

tesko gubre si ti se gleda od daleku
 
Go2bed

Vasilij Zajcev
Член од
2 март 2005
Мислења
972
Поени од реакции
13
Вистината боли знам ама зилегува на виделина порано или покасно. Ако он беше патртиота и ја сакаше репрезентацијата немаше да го форсира своето братче заради кое не играме полуфинале. Исто така немаше да дава изјави дека подобро што не сме влегле во полуфинале така ќе сме зезенеле некој што повеќе вложувал во репрезнтацијата. Се ова докажува само едн одека е предавник и си гледа свој интерес а не национален.
дај нека го прати некој модератор на одмор пак.изгледа се умори од плукање.толку негативен лик , толку негативно настроен човек кон својата држава немам сретнато.тргни го тоа аватерот го срамиш знамето.
Ова се зборови на исфрустрирана личност која подалеку од својот нос нема видено ништо во животот.Кога ќе направиш барем 0,5 % од она што има направен Кире , можеш да збориш , а до тогаш срамно е само што го изговараш неговото име.

Кире без опрема

Првиот топчија на завршениот ракометен мундијал, Кире Лазаров, на свеченоста во Арената во Загреб, за време на примањето на признанието се појави елегантно облечен, во младалашки стил, со кошула. Но, заборави на еден навидум ситен детал, но исклучително значаен за уште поголема афирмација на својата сакана земја Македонија. На неговите гради го немаше дресот или тренерката со името на Македонија (нели ова е спортска манифестација). Во првичниот телефонски разговор вети дека ќе го објасни овој гаф по пристигнувањето од Загреб во Скопје (вчера присуствуваше во Свети Николе на приемот организиран во негова чест и репрезентацијата), но до затворање на весникот останавме покуси за неговата изјава. Беше недостапен.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=603183A73B5F524A8AA90D413216AD5A

Ете ви го лажниот патриот си го покажува своето право лице дека повеќе го боли зашто изгуби хрватска отколку што макеоднија не играше полуфинале.
Латас најде да збори за патриотизам, најголемиот србоман во државава.оф мори мајко.тешко на нас.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
дај нека го прати некој модератор на одмор пак.изгледа се умори од плукање.толку негативен лик , толку негативно настроен човек кон својата држава немам сретнато.тргни го тоа аватерот го срамиш знамето.
Ова се зборови на исфрустрирана личност која подалеку од својот нос нема видено ништо во животот.Кога ќе направиш барем 0,5 % од она што има направен Кире , можеш да збориш , а до тогаш срамно е само што го изговараш неговото име.

Латас најде да збори за патриотизам, најголемиот србоман во државава.оф мори мајко.тешко на нас.

Од каде знаеш ти се што имам јас направено за Македонија? како пишува во библијата, тој што прави јавно веќе ја добил својата награда, н отој што прави тајно кога ќе дојде господ бог ќе го награди јавно и ќе се видат неговите добри дела.

Јас не сум негативен само ги расветлувам мистериите и лукавите луѓе како Кире кој го лаже ово јнарод дека бил патриот. Ако тоа било вистина тој кога му ја доделија наградата за најдобар стрелец можеше барем да има едно шалче со црвена жолта боја и со мкд ознаки колку да се знае дека е од Македонија. Но бидејќи нема национално чуство и затоа тоа не го направи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom