Фан клуб: Рафаел Надал

  • Креатор на темата Креатор на темата bobi2008
  • Време на започнување Време на започнување
Добро е после тешкиот меч вчера, добро помина денес, формата е малце во надолна линија, се надевам ќе се опорави.
VAMOS RAFA !
 
Нормално е што вчера се мачеше денеска покажа многу подобра игра од вчера за утре уште подобро
VAMOS RAFA!
 
Мислам дека овие два Мастерси на Рафа му дојдоа доста добро, како подготовка пред Роланд... Иако изгуби од Новак, не верувам дека повторно би изгубил на земја оваа сезона, од никој... Уште помалку да изгуби на негов терен, на Роланд Гарос
 
Го даваат турниров на МТВ?
 
За малце ќе го запамтев овој Лоренци, лејј.
Кога видов дека првиот сет го загуби, одма си помислив дека ќе отпадне па ке се фокусира за Роланд Гарос, но не беше така играше слабо но сепак се бореше и победи, со Лопез играше подобро, а се надевам секој натпревар се подобро и подобро, нека не се замара сега со овие полесните, нека не трча ко луд на некој топки нека ги остава, нека ги чува нозите за со Џоковиќ, доволно ми е да победи со 6-4, нека зима по 1 брејк, да смени нешто, едвај чекам финале а и се надевам дека ке биде. =)

vamos !!
 
Добро беше денес против Чилич.Изигра некои одлични поени, изгледаше доста стабилно и игра по самоуверено од првите 2 меча.Денес Чилич не беше некој којзнае колку добар противник и може затоа така резултатски убедливо тепаше.Вистинскиот противник на земја сега е само Ноле, се надевам на уште едно финале против него ама овој пат очекувам подобра игра.
 
Следен противник Гаске/Бердих и потоа пак со Ноле во Финале:toe:

Почекај за до финалето... на почетокот на хартија Надал имаше потежок распоред, ама полека се истребија "јаките"... Ноле до финале ќе треба да ги елиминира најпрво Содерлинг кој е одличен на земја, и потоа Мареј, и двајцата од Топ 10... Дај Боже пак да гледаме финале Ноле - Надал, ама нема да биде лесен патот на Ноле до финале :)
 
Да се надеваме дека ќе стаса до финале Џокович да види кој е кралот на земја!
Денеска газење супер игра од следните кој и да е ќе биде слично на ова!

VAMOS RAFA!
 
Почекај за до финалето... на почетокот на хартија Надал имаше потежок распоред, ама полека се истребија "јаките"... Ноле до финале ќе треба да ги елиминира најпрво Содерлинг кој е одличен на земја, и потоа Мареј, и двајцата од Топ 10... Дај Боже пак да гледаме финале Ноле - Надал, ама нема да биде лесен патот на Ноле до финале :)

Така викавте и за во Мадрид дај боже да не изгуби многу па на крај тепаше, заеби ти тоа на Ноле не му бега пак финале:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom