Медиуми, пишани и електронски и нивната објективност?

Кои според вас се најобјективни медиуми во Република Македонија:

  • A1

    Гласови: 21 21,9%
  • Канал 5

    Гласови: 7 7,3%
  • Сител

    Гласови: 5 5,2%
  • Телма

    Гласови: 4 4,2%
  • МТВ 1 и 2

    Гласови: 1 1,0%
  • Алсат

    Гласови: 2 2,1%
  • Вечер

    Гласови: 1 1,0%
  • Дневник

    Гласови: 5 5,2%
  • Утрински Весник

    Гласови: 5 5,2%
  • Канал 77

    Гласови: 3 3,1%
  • Ниеден

    Гласови: 42 43,8%

  • Вкупно гласачи
    96
L

Lezbiangirl

Гостин
Каде беше реален-07 сиве 17 години да ги критикуваш “независните“ ни медиуми????

Дај не се фолирај, нема потреба. Се душиме во твојата објективност и критичност.

Мислам дека треба реално да се додадат и Телма, Алсат и Нова тв како политички мегафони на одредени партии.

А за весниците, освен Вечер и Утрински, другите би ги ставил како двојни играчи за двете страни соодветно.

Радио слушам само добра музика, две три станици а и незнам врз која основа ја делиш нивната политичка страна.
Би ти ги наброил сите станици, баш ме интересира дали барем 10% од нив можат воопшто да бидат користени во политичко агитирање.

Во Македонија нема независни медиуми, а богами ни надвор од неа.
добро бе брату во моментот се актуелни а1 и сител и нивната битка реален е прилично објективен реален сака да ја подигне свеста на граѓаните за корумпираноста на медиумите реален за ова респекат имаш идеа како да ги натераме медиумите да бидат објективни
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Nova ???? Uste ne sum ja memoriral, a cija e ?

Пардон муа, АЛФА тв или тв СКОПЈЕ старата:

Менаџерскиот тим на Алфа го предводат Љупчо Зиков(“КАПИТАЛ“) како директор и главен и одговорен уредник и Љубомир Николовски како програмски директор.

Зиков беше и во МТВ и поднесе отставка кога се смени власта, т.е. кога дојдоа портокаловите.
http://alfatv.com.mk/

Телевизијата од своето основање во 90 години беше локална скопска телевизија која го носеше името ТВ Скопје. Потоа беше купена од страна на познатиот грчки медиумски магнат Димистрис Кондоминас. Поради тоа што телевизијата не доби национална концесија, грците набрзо ја продадоа телевизијата, со што нов сопственик постана познатиот македонски бизнисмен Штерјо Наков. Зделкада беше половина милион евра.

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=13257&mid=1500&tabId=1&tabindex=0

респекат имаш идеа како да ги натераме медиумите да бидат објективни
Лезбијан не ме разочарувај, сигурно не си толку наивна. Се надевам. :)

А впрочем Реален-07 не поентира во името на објективноста туку во името на СДСМ. Прави разлика.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Гласав за Телма, некако најобејективна ми стои во однос на преносот на информации. Некако останува во сенка на повеќеполитизираните медиуми, а сепак не е голем приврзаник кон некоја политичка партија.
Барем мене така ми се чини.
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
mediumite vo posledno vreme ponaglaseno stanuvaat dobro orudie za politicki i finansiski reket. pred se ova mi pagja vo oci so a1 i mediumive na ramkovski a nisto podobar ne e nit sitel i vecer. najuvreduvacki e spored mene sto toa veke go pravat nagonski i vo najdirektna forma.
 
L

Lezbiangirl

Гостин
Лезбијан не ме разочарувај, сигурно не си толку наивна. Се надевам. :)

А впрочем Реален-07 не поентира во името на објективноста туку во името на СДСМ. Прави разлика.
малце сум збунета сеа брату во последниот пост на реален пишуваше за битката меѓу а1 и сител таму тоа што го прочитав беше објективно прикажано за другите постови не знам
 
delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
mediumite vo posledno vreme ponaglaseno stanuvaat dobro orudie za politicki i finansiski reket. pred se ova mi pagja vo oci so a1 i mediumive na ramkovski a nisto podobar ne e nit sitel i vecer. najuvreduvacki e spored mene sto toa veke go pravat nagonski i vo najdirektna forma.

Медиумите во последно време ептен стануваат добро и единствено орудие за политичко поентирање, второ перење со центрифуга и финансиски рекет.
Пред се во очи ми паѓаат МТВ,СИТЕЛ,ВЕЧЕР а ништо подобри не се и останатите.:salut:
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
mediumite vo posledno vreme ponaglaseno stanuvaat dobro orudie za politicki i finansiski reket. pred se ova mi pagja vo oci so a1 i mediumive na ramkovski a nisto podobar ne e nit sitel i vecer. najuvreduvacki e spored mene sto toa veke go pravat nagonski i vo najdirektna forma.

Па не се само политичките карактеристики на овие медиуми, туку и ривалството за влијание врз гледачите,читателите.

Значи да напоменеме дека А1 има предност пред Сител.

Но филозофијата им е иста, преку ТВ станиците и преку нивните дневни весници , А1 со ВРЕМЕ и ШПИЦ, Сител со ВЕЧЕР.

Оној што подобро ќе котира нормално ќе биде предмет на интерес и на политичките субјекти бидејќи преку него ќе можат подобро да го покријат интересот.
А медиумите ќе имаат финансиски бенефиции нормално.
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
малце сум збунета сеа брату во последниот пост на реален пишуваше за битката меѓу а1 и сител таму тоа што го прочитав беше објективно прикажано за другите постови не знам
Абе остај го ти братот.
Чудни се неговите критериуми за објективност.
Или поточно, вмровски се неговите критериуми за објективност.
Секој кој основано ќе ја искритикува власта, секој кој основано ќе го нападне Грујо, секој кој ќе ги стави под знак прашалник демократските принципи во државава.....него по автоматизам му е непријател, комуњар, кочничар, сдсмовец.....што не е ништо поразлично од политиката во државава која ја води нему омилената партија, ВМРО ДПМНЕ.

Ете сама може да се увериш во неговата објективност на темава, во која упорно се труди да ги испере неговите "миленици" со универзални реплики од типот: и СДСМ правеа така.

Е сеа братот мисли дека сите се слепи, па не може да го видат зауздувањето на сите национални медиуми од страна на ДПМНЕ, и нивната валкана игра за сатанизирање на сите новинари кои не се истомисленици на власта.
Па ќе ти каже дека некоја си АЛФА или некоја локална телевизија од свирепичино, биле под команда на СДСМ....а ќе избегне да каже дека 95% од покриеноста и гледаноста на национално ниво, припаѓа токму на телевизиите кои се под директна команда на ДПМНЕ.
 
Како можеш да знаеш што јас мислам?

Пази бога ти, видовид си а? :icon_lol:

Кажи каде сум негирал политичко влијание низ медиумите?

Ти резонираш по двојни стандарди.
А доколку јас ти противречам и ти забележам дека си пристрасен само кон едната страна ти ме врзуваш со ВМРО. Класика.

Ако целиш да бидеш објективен или реален, ќе ги спомнеш СИТЕ играчи.

Како што знаеме до пред пола година Канал5 беше најголемиот опозиционен мегафон.

И а1 пред се', се води од интересите на Рамовски, а потоа соодветно додај партија со која Рамковски има интерес.
Тие се менувале во зависност од интересот.

Сител и Канал5 се коалициони партнери на ВМРО и се во владата, МТВ е Државен сервис.

И тоа е тоа, нема многу филозофија.

Телма е на Макпетрол, доколку Владата оди против интересите на компанијата они ќе одат против нив, значи пак постојат интереси.

Алфа сега е далеку од локална телевизија, Зиков кој беше ставен од СДСМ како главен уредник на МТВ1 во времето на СДС на власт, сега е уредник на АЛФА, додека сопственик е Штерјо Наков, олигархот над олигарсите кој најмногу им должи токму на СДС.

Ордановски е исто така СДСовски играч, тоа не е тајна, сега е уредник во АЛСАТ.

За печатот, освен Вечер и Утрински, другите весници се релативно по средината, зависно од сопственичките интереси.

И за крај, ставот мој, за да нема дилеми неговото велможтво Реален-07, е дека СИТЕ медиуми се политичко-интерсно контролирани.

Сепак продолжи си, некој што не те чита редовно и нема искуство со тебе, може и ќе го залажеш. Ама и тоа нема да трае долго.
 
Точно, и тоа најголем дел од страна на власта :)
И да бидам уште попрецизен.
Тоа го правеа и СДСМ, па меѓудругото токму и поради ова имаат 18 пратеници во парламент.
Сепак продолжи си, некој што не те чита редовно и нема искуство со тебе, може и ќе го залажеш. Ама и тоа нема да трае долго.
Сепак, немој да мислиш дека со твојата привидна објективност ќе заслепиш некој. :icon_lol:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Аиии, Сител има 5 гласа... Гарант Грујо со својата фамилија гласал. Он топик: Имам искуство во печатен медиум, и иако не би сакала да навредам никого, веројатно ќе морам. Денес секој кој нема работа, или е проститутка, или е новинар. А може и двете, кога се комбинираат овие 2 својства во "проституиран новинар". Би почнала од електронските медиуми. По дефиниција, за да си новинар, треба да имаш факултет, талент, комуникативни способности и флексибилност. Арно ама, за да бидеш новинар кај нас во Македонија, прв и основен предуслов е како што кажав да си невработен, да имаш говорна мана и да си припадник на политичка партија, за да така совршено "објективно" и "во склад" со новинарската етика, ги пренесуваш информациите. Латас, Миленко, Јанко...:uvo: Кои се овие луѓе? Зошто ги знаеме? :nesum: Нема квалитет. Нема иновативност. Објективноста умре, кога нашиве новинари видоа дека е поарно да станат портпароли, отколку да млатат вистинита но и празна(на банковно конто) слама.Сепаратистичка политика се пласира насекаде. Додека моментално седам на компјутер, во соседната соба одат вестите. И без да погледнам во екранот, знам на која телевизија се, заради начинот на пласман на информациите. Во жолтиот печат, луѓето себеси се нарекуваат новинари. :uvo::icon_lol:. Спортските новинари->:nesvest: "Ајде сега да те видам, Колина, пожолти го и него!"...
Ако пишуваш во весник, имаш рок на предавање на статија, број на карактери кои истата треба да ги содржи, однапред издиктирана тема (освен ако не си колумнист, а и тогаш се случува да ти наредат што да пишеш), И ПЛАТА ОД 6 000 ДЕНАРИ... Од ова да резимирам, дека објективноста и платата кој новинарите го земаат, се обратнопропорционални. :smir:
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
цензура има во сите наши медиуми само таа сега се вика ``уредувачка политика``
 
Член од
9 јуни 2005
Мислења
211
Поени од реакции
23
SE vide se deneska so traktorcinjata na sitel , da bese ova pred nekoj den ke glasav za kanal 5 no otkako procitav deka glavniot urednik i zamenikot urednik podnesuvaat ostavka poradi politicki pritisoci mislam deka nema veke medium vo makedonija , ke si gledam k15 tv so blender bakalnica i company
 
CharlesBukowski

coito ergo sum
Член од
5 декември 2008
Мислења
107
Поени од реакции
2
Аиии, Сител има 5 гласа... Гарант Грујо со својата фамилија гласал. Он топик: Имам искуство во печатен медиум, и иако не би сакала да навредам никого, веројатно ќе морам. Денес секој кој нема работа, или е проститутка, или е новинар. А може и двете, кога се комбинираат овие 2 својства во "проституиран новинар". Би почнала од електронските медиуми. По дефиниција, за да си новинар, треба да имаш факултет, талент, комуникативни способности и флексибилност. Арно ама, за да бидеш новинар кај нас во Македонија, прв и основен предуслов е како што кажав да си невработен, да имаш говорна мана и да си припадник на политичка партија, за да така совршено "објективно" и "во склад" со новинарската етика, ги пренесуваш информациите. Латас, Миленко, Јанко...:uvo: Кои се овие луѓе? Зошто ги знаеме? :nesum: Нема квалитет. Нема иновативност. Објективноста умре, кога нашиве новинари видоа дека е поарно да станат портпароли, отколку да млатат вистинита но и празна(на банковно конто) слама.Сепаратистичка политика се пласира насекаде. Додека моментално седам на компјутер, во соседната соба одат вестите. И без да погледнам во екранот, знам на која телевизија се, заради начинот на пласман на информациите. Во жолтиот печат, луѓето себеси се нарекуваат новинари. :uvo::icon_lol:. Спортските новинари->:nesvest: "Ајде сега да те видам, Колина, пожолти го и него!"...
Ако пишуваш во весник, имаш рок на предавање на статија, број на карактери кои истата треба да ги содржи, однапред издиктирана тема (освен ако не си колумнист, а и тогаш се случува да ти наредат што да пишеш), И ПЛАТА ОД 6 000 ДЕНАРИ... Од ова да резимирам, дека објективноста и платата кој новинарите го земаат, се обратнопропорционални. :smir:
Многу точно..., а за говорните маани и јас сум приметил, многу имаат бе:tapp:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom