Хаха, кога ви одговара Павле го цитирате, а кога не ви одговара плукате по него
А што сте вие со два аршини... нејсе, ајде да видиме што точно вели таму Павле...
"
Покорувајте се еден на друг во страв од Христа! Жените да им се покоруваат на своите мажи, како на Господа, зашто
мажот е глава на жената, како што е и Христос Глава на Црквата, и Тој е Спасител на Телото! И како што Црквата Му се покорува на Христа, така да им бидат и жените покорни во сè на своите мажи.
Мажи, љубете ги своите жени, како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа"
(
Ефешаните 5:21-25)
Муслиманите, кога се предизвикани да зборуваат за крајно понижувачкото третирање на жената во исламот, немајќи одговор, најчесто посегнуваат по тезата: "нападот е најдобра одбрана" притоа злоупотребувајќи го стихот погоре надвор од неговиот контекст.
Би сакал да го искоментирам болдуваното погоре.
Прво сакам да потенцирам дека Библијата не повикува сите ние да си се покоруваме едни на други и да си служиме (како што вели почетокот на горниот стих)
Второ, Исус на едно место вели: "А кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга на сите" (
Марко 10:44) Ова се однесува и за бракот. Доколку сака мажот да биде водач на бракот, тој треба да им служи на сите во семејството, и на жената, и на децата, а тие за возврат треба да го почитуваат неговото водство со христијанска покорност, која што, како што ќе видиме подоле, дијаметрално се разликува од "робовладетелската" покорност која што муслиманите сакаат да ја интерпретираат во горенаведениот стих.
Точно е тоа дека во Библијата пишува "мажот е глава на жената", но треба да се види во кој контекст е кажано тоа и на каква "глава" се работи.
Денес мнозинството ја толкуваат оваа "глава" како: Маж кој седнал на фотељата со пиво во едната рака и даљинското во друга, гледа фубдал и без да го мрдне погледот од телевизорот и дава команди на жената: "Жено донеси ова, донеси она, направи ова, она..."
Дали за таква "глава" зборува погоре апостолот? Дали за таква покорност се мисли? Ајде да го разгледаме контекстот...
"мажот е глава на жената,
како што е и Христос Глава на Црквата"
Ете го клучниот момент. Ете го моделот како треба мажот да "главува" со жената.
Дали Христос ја понижуваше Црквата? Дали Христос ја малтретираше, запоставуваше, искористуваше Црквата? Дали Христос го имаше горенаведениот ироничен третман кон Црквата?
Или пак Христос и ги миеше нозете на Црквата/апостолите?
"Потоа налеа вода во садот за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата, со која беше препашан. "
(Јован 13:5)
Христос "главуваше" со тоа што и служеше на Црквата, со тоа што се грижеше за неа, се жртвуваше за неа, се застапуваше за неа и на крајот дури и го даде Својот живот за неа.
Подоле дури и дирекно им се обраќа апостолот на мажите велејќи им: "Мажи, љубете ги своите жени,
како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа"
Значи повторно е повторен моделот на главување: мажот-жената = Христос-Црквата, и повторно е повторено дека мажот треба да има пожртвовна љубов кон својата жена што ќе биде спремен дури и животот да го даде за неа доколку тоа биде потребно!
Епа драги мои ете така треба и мажот да е "глава" на жената. Секое друго "главување" е надвор од контекстот за кој збори Библијата.
П.С. Не ме терајте да отворам тема: "Статусот на жената во Кyранот", тек тогаш ќе почнат да летаат пердуви на форумов