Места за јадење што работат до подоцна и сервиси за достава на храна

  • Креатор на темата Креатор на темата Raul Duke
  • Време на започнување Време на започнување

Raul Duke

*Mostly Harmless*
Член од
5 април 2008
Мислења
50
Поени од реакции
2
Саатот е 12 и кусур, пред мене стои цела вечер учење , а ко за беља ми се јави ненормална желба за пица.

Прашањето е : Дали знаете пицерија која работи 24 часа во Скопјево и која доставува до дома, или друго чаре како да се дограбам до пица во ситниве сати без да морам да пешачам до најблиската пицерија.

Веќе барав на интернет, па ми текна дека живејам во Македонија, па ми текна на Кајгана и ако некој може да поможи....

:wink:
 
јас се израдував, реков ти ќе дадеш линкче или штобило.
јас знам само www.telepica.com.mk ама мислам дека до кај 22 или 24 достава прават. не сум сигурен. провери си =)
 
Не верувам да постои после 23:00 часот. Инаку ме интересира некој што веќе нарачувал преку интернет или телефон пица да му донесат до дома, на која основа ти пресметуваат доплата кон цената на пицата? Километри? :)
 
Мислам дека не идат од другата страна на Вардарот. педери
 
од телепица не наплатија(можда затоа што беа близу од кај што нарачувавме(во близина на апче)). а можда цената им е пресметана од прилика во храната =))
иначе хинт - купи си од оние готовите пици, од немачките. бап у рерна/микробранова и воала. фини се.
 
Не верувам да постои после 23:00 часот. Инаку ме интересира некој што веќе нарачувал преку интернет или телефон пица да му донесат до дома, на која основа ти пресметуваат доплата кон цената на пицата? Километри? :)
Costarica има бесплатна достава. А и пиците им се преубави. Само незнам дали после 12 работат.
 
А вие што би сакале?Да воведат трета смена за вас?Или да работат цела ноќ за една пица-две?Убаво ти кажа човекот,накалапи си во замрзнувач од тие готовите и бркај работа кога ќе дојде зорт!:jaj:А тек кога ќе дојде некој :drk: у 23 и 29 да порача ,а ти почнуваш да ја чистиш кујната во 23 30 абе ми иде тоа пицата у глава:angry3:!Размислувајте малку на вакви работи!
 
А вие што би сакале?Да воведат трета смена за вас?

Да, баш тоа сакам. Ќе си вработат уште еден пица-мајстор и еден-двајца доставувачи, и ќе работат и трета смена. Знаеш колку луѓе работат/остануваат будни до сабајле, па им се пријадува, а немаат од кај да земат нешто? Далеку од тоа дека би имало само една-две нарачки..
 
А вие што би сакале?Да воведат трета смена за вас?Или да работат цела ноќ за една пица-две?Убаво ти кажа човекот,накалапи си во замрзнувач од тие готовите и бркај работа кога ќе дојде зорт!:jaj:А тек кога ќе дојде некој :drk: у 23 и 29 да порача ,а ти почнуваш да ја чистиш кујната во 23 30 абе ми иде тоа пицата у глава:angry3:!Размислувајте малку на вакви работи!

Има доста невработени во државава, а со малку добра реклама, ќе се изненадиш како профитабилно може да биде 24 часа пица достава, а за да не биде еднолично може уз тоа малку и да се напраи можност и да има покрај тоа и 24 часа достава на бурек и други печива.
 
Па нели имаше едно време како се викаше до зоил па нешто го нема гледам...Вие само мислите дека е така а у ствари и не е баш!
 
јас се израдував, реков ти ќе дадеш линкче или штобило.
јас знам само www.telepica.com.mk ама мислам дека до кај 22 или 24 достава прават. не сум сигурен. провери си =)

Фала ти за линков, иако работат до 24 мислам дека ќе се најде.

Иначе пролистав низ онлајн верзијата на Yellow Pages , зирнав и на гугл, ваму таму не постои ваков сервис сеуште. Или барем немаат реклама на нет.

Потрагата по пица за нас вампирите продолжува.
 
Апдејт, денес порачав првпат пица од Телепица што ми ја препорача кпбКенгур, и сум доста задоволен во секој поглед, и од брзина на достава и од реалност на цена и квалитетот на пицата.

Хинт, ако нарачувате двајца или повеќе подобро земете си Џамбо верзија, дефинитивно се исплати.

Сеа уште да можев некако во 1 и кусур да порачувам, тамам би ми дошла за кога се врткам на форумов.

Ах, бајдавеј доставата до Маџир Маало беше вклучена во цената така да тоа е едно гајле помалку.
 
Да, баш тоа сакам. Ќе си вработат уште еден пица-мајстор и еден-двајца доставувачи, и ќе работат и трета смена. Знаеш колку луѓе работат/остануваат будни до сабајле, па им се пријадува, а немаат од кај да земат нешто? Далеку од тоа дека би имало само една-две нарачки.. Не се јаде после 22 часот!Не е здраво!Не чини за организмот!:vozbud:
 
Не верувам дека има во Скопје 24 часовна достава на пица.
 
Не се јаде после 22 часот!Не е здраво!Не чини за организмот!:vozbud:

Партибрејкер достава на пица не е здравствена организација, туку тие бизнис, едноставно кога има побарувачка има и бизнис за тоа што ќе понуди, само добар маркетинг е потребен.
Инаку да не е здраво да се јаде навечер многу ама еднаш двапати во 2-3 месеци нема гајле, а скопје е голем град со многу жители. Па во градов јас кај што сум има две пицерии за нарачка и достава 24 часа а градов е трипати помал од скопје.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom