:uvo: Не се разбирам ја у физика и закониве ваши ама едно нешто ме интересира...
Што ке се случи кога би достигнале некоја брзина поголема од светлината и ги уклучите светлата(дугачки
)....??
:nesum:
Ова е прашање на кое не може да се даде точен одговор, може само да се направи претпоставка.
Ниедно тело не може да се движи со ц, бидејќи масата станува бескрајна и енергијата потребна за придвижување исто. Може да шпекулираме например ако се движи со брзина приближна на светлината.
Брзината на светлината е константа.Движењето на истата низ некој материјал, различен од вакуум, може да се намали, зависно од кофициентот на прекршување. Но брзината останува иста, движењето низ материјалот е побавно.
Ако пуштиш долги светла од тело кое ќе се движи со брзина приближна на брзината на светлината, светлината од светлата пак ќе се движи со 300000км/с.
За да се движиш и да мериш брзина, треба да имаш некоја референтна точка во однос на која ќе биде мерењето.
Поентата е дека ако се движиш со таа брзина, тоа ти е еднакво ко да се движиш во универзум каде нема некоја референтна точка.
Али за атер на прашањево, да шпекулираме.
На пример имаме две коли кои се движат една позади друга и двете со еднаква брзина, на некое растојание.
Движејќи се со брзина приближна на брзината на светлината, ако задната кола пушти светла, нормално ќе ја осветли предната, од аспект на возачот. Но одбиената светлина ќе биде поместена во спектрумот, накај виолетово, поради доплеровиот ефект.
За некој кој од страна гледа, како прво, како забрзуваат колите така се намалува растојанието меѓу нив, поради лоренцовата контракција.
Како се движат побргу, на набљудувачот од страна ќе му се чини дека на светлината од задната кола и треба повеќе време да стигне до предната.
Кога ќе се блиску до ц, на тој од страна ќе му се чини дека се една до друга, а светлината од задната кола не може никако да стигне до предната.
Додека за возачите, се ќе си биде горе долу нормално.
п.с.неомастер особено, а и останатите... ако продолжиш да тропаш глупости, ќе барам да те банираат од тема.
Зошто бе мора да пишувате колку да се напише нешто?