izvor `dnevnik``
ОДГОВОРНОСТ
``Во партијата велат дека овој резултат не може да се спореди со минатите избори, бидејќи во новиот парламентарен состав, ако се исклучат пратениците од коалициските партии, СДСМ ќе има само 18 пратеници, што повторно е помалку од 2006 година. Оваа бројка, според нив е поразителна за најголемата опозициска партија и укажува на лошата стратегија. Поранешниот претседател на партијата Владо Бучковски се согласува дека ова е голем пораз за СДСМ, но не сака да ги коментира состојбите во партијата. Ќе се воздржам од коментар се' додека не почне процедурата во партијата за оценка на изборниот резултат - изјави Бучковски. Кога тој во 2006 година како лидер ги загуби изборите, на Конвенцијата за доверба на раководството, која се одржа во октомври истата година, не доби поддршка од партијата, по што за претседател беше избрана Шекеринска. Вчера никој од актуелното раководство не сакаше да го коментира изборниот резултат, ниту пак да најави дали Шекеринска ќе понесе одговорност. Иако таа прексиноќа изјави дека како претседател на најголемата партија во коалицијата „Сонце“, таа ја презема одговорноста за изборниот резултат, никој не сакаше да каже дали тоа значи дека најавува повлекување од функцијата. Потпретседателот Игор Ивановски, уште пред изборите најави дека е заинтересиран да биде кандидат за претседател, доколку СДСМ постигне лош резултат.``
ovoj sema garant konel sdsm da izvleci los rezultat ))))))0